Петок, 8 ноември 2013 година

Три кандидати за филмската награда „ЛУКС“

Филмовите „The Broken Circle Breakdown“ на Феликс ван Гронинген (Белгија), „The Selfish Giant“ од Клио Бернард (Велика Британија) и „Miele“ на Валерија Џолино (Италија,Франција), се кандидати за овогодинешната филмска награда „ЛУКС“, која ја доделува Европскиот парламент.

Овие филмови ќе бидат прикажани во текот на „ЛУКС филмските денови“ од 7 до 13 ноември, а потоа во периодот 25 ноември - 6 декември ќе имаат своја промоција и во Европскиот парламент.

Европратениците ќе гласаат за својот омилен филм помеѓу 4 ноември и 10 декември, а победникот ќе го објави претседателот на Европарламентот, г. Мартин Шулц, на свечена церемонија на 11 декември во Стразбур.

Европскиот парламент финансира есенско прикажување на овие три филмови во сите 28 земји-членки на Европската унија, со титл на 24-те официјални ЕУ јазици.

Наградата „ЛУКС“, чие име на латински значи „светлина“, Европарламентот ја доделува од 2007 година, со цел да се сподели разновидноста и богатството на европската кинематографија и да се поттикне јавна дебата за тематиката од номинираните филмови.

 



Понеделник, 14 октомври 2013 година

„Сахаров“ награда за 16-годишната Малала Јусафа

Шеснаесет годишната Малала Јусафа, пакестински борец за образование на жените, е годинешниот добитник на наградата „Сахаров“ за слобода на мислата, која ја доделува Европскиот парламент



Понеделник, 7 октомври 2013 година

Тим на Литванското претседателство со ЕУ на Бриселскиот маратон

Вчера се одржа 10. Бриселски маратон, на кој учествуваше и тим од 135 Литванци и поддржувачи на Литванското претседателство со Советот на Европската унија



Понеделник, 7 октомври 2013 година

Тројца финалисти за наградата „Сахаров“

Во потесниот избор за наградата „Сахаров“ за слобода на мислата, која ја доделува Европскиот парламент, влегоа: белоруските политички затвореници Алеш Бјалацки, Едвард Лобу и Микола Статкевич, потоа Американецот Едвард Сноуден и пакистанскиот борец за образование на жените, Малала Јусафа.



Вторник, 1 октомври 2013 година

Доделена првата награда „Вацлав Хавел“ за човекови права

Белорускиот активист Алеш Бјаљацки е првиот добитник на наградата „Вацлав Хавел“ за човекови права, која ја доделува Парламентарното собрание на Советот на Европа. Бидејќи тој се наоѓа во затвор, наградата вредна 60.000 евра ја прими неговата сопруга Наталија Пинчук, во рамките на вчерашната специјална церемонија во „Палатата на Европа“ во Стразбур, на денот на отворањето на есенската пленарна сесија на ПССЕ



Среда, 18 септември 2013 година

Седум номинирани за наградата „Сахаров“

Малала Јусафа (Пакистан); Едвард Сноуден (САД); Рејот Алеми и Ескиндер Нега (Етиопија ); Алеш Бјалатцки, Едуард Лобу и Микола Статкевич (Белорусија); Михаил Ходорковски (Русија); демонстрантите „Постојан човек" (Турција); како и Проектот за слобода на Си-Ен-Ен: „Стоп на модерното ропство“ (САД), се седумте номинирани за наградата „Сахаров“, која ја доделува Европскиот парламент за слобода на мислата.



Среда, 27 август 2013 година

Тројца кандидати за наградата „Вацлав Хавел“

Алеш Бјаљацки од Белорусија, Грузиското здружение на млади правници и Мрежата за одбрана на правата од Кина, се кандидати за наградата за човекови права „Вацлав Хавел“, која ја доделува Парламентарното собрание на Советот на Европа, во соработка со Библиотеката „Вацлав Хавел“ и Фондацијата „Повелба 77“



Среда, 7 август 2013 година

Огромна разлика во телефонските услуги во ЕУ

Корисниците на мобилни телефони во Европската унија се соочуваат со огромни разлики во цените за исти услуги. Најголемата разлика во цената е во домашните мобилни повици, дури 774% разлика помеѓу Литванија, која е најевтината земја и Холандија - најскапата



Понеделник, 5 август 2013 година

Кипар и Луксембург – најдобри европски земји за капење

Кипар и Луксембург се најдобрите, а Белгија, Холандија и Обединетото Кралство – најлошите земји за капење во Европа, покажаа годишните истражувања на Европската агенција за животна средина.

Веднаш зад водечките Кипар и Луксембург, кои се оценети како извонредни, со својот квалитет се издвојуваат Малта, Хрватска и Грција, кои пак го добија епитетот „одлични“.

Извештајот е направен врз основа на земени примероци од над 22.000 места за капење низ Стариот континент.

Резултатите говорат дека квалитетот на водата е подобрен во целост, со оглед на тоа што водата на 95% од плажите е доволно чиста за да се исполнат минимум стандардите на ЕУ.



Петок, 12 април 2013 година

Зголемено високото образование во ЕУ

Бројот на граѓани кои имаат завршено високо образование во сите земји-членки на ЕУ во 2012 година се зголемил и изнесува 36%, велат податоците на Европската комисија, според Европската статистичка канцеларија Еуростат



Вторник, 5 март 2013 година

Разликата во платите меѓу жените и мажите сè уште постои

Просечната разлика во платите меѓу жените и мажите во земјите-членки на Европската унија е 16,2 %, велат најновите податоци од Европската комисија. Ваквата статистика значи дека жените треба да работат дополнителни 59 дена во годината за да ја достигнат платата на мажите

Click