Учество на Александар Николоски во работата на седница на М...



Петок, 24 мај 2013 година, Талин, Естонија

Учество на Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на СЕ, г. Александар Николоски, во работата на седница на Мониторинг комисијата

„ПССЕ жали што прашањето за името продолжува да го одложува отворањето на преговори за членство со ЕУ, иако за тоа има препораки секоја година од 2009  досега од страна на Европската комисија, како и обидот на Македонија за членство во НАТО, притоа без да се почитува од страна на Грција одлуката на Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) од 5 декември 2011 година. ПССЕ се надева дека Грција ќе примени и прифати пофлексибилен приод кон решавање на ова прашање. ПССЕ ја поканува Македонија да го продолжи дијалогот под покровителство на Обединетите нации за решавање на прашањето на името, како и да развива конструктивни односи со соседите, со тоа придонесувајќи за целокупната стабилност на регионот."

Прочитај повеќе

Косово, 23.5.2013...



Четврток, 23 мај 2013 година

Евроинтеграцијата - единствена алтернатива и за Македонија и за Косово

Делегацијата од Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Хајрула Мисини, претседател на Комисијата за европски прашања; г. Јани Макрадули, потпретседател на Собранието на Република Македонија; г. Миле Пачемски и г. Орхан Ибраими, членови на Комисијата за европски прашања, денеска, за време на билатералната посета на Република Косово, остварија работни состаноци со претседателот на Парламентот на Република Косово, г. Јакуп Красниќи; со Комисијата за европски прашања на Косовскиот парламент; со министерот за евроинтеграции, г-ѓа Влора Читаку и со претседателот на Република Косово, г-ѓа Атифете Јахјага

Прочитај повеќе

Надзорна расправа на тема: „Имплементација на процесот на д...



Четврток, 23 мај 2013 година

Надзорна расправа на тема: „Имплементација на процесот на децентрализација“

Комисијата за локална самоуправа на Собранието на Република Македонија, на денешната 4. седница, како матично работно тело, ја разгледа Иницијативата за одржување на надзорна расправа на тема: „Имплементација на процесот на децентрализација“.

Прочитај повеќе

Европарламентот го усвои Извештајот за Македонија 23,5,13...



Четврток, 23 мај 2013 година

Европарламентот го усвои Извештајот за Македонија

Со 505 гласа „за“, 61 „против“ и 31 „воздржани“, Европскиот парламент го усвои Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2012 година. При гласањето се усвоени само дел од предложените амандмани поднесени по Резолуцијата

Прочитај повеќе

11,состанок на МПК нов 23,5,13...

Четврток, 23 мај 2013 година, Стразбур

Единаесетти состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ

Единаесеттиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија, кој се одржа на 22 и 23 мај 2013 година во Европскиот парламент во Стразбур, Француската Република, каде учествуваше делегација на Собранието на Република Македонија во Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија, предводена од г. Кенан Хасипи, претседател на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (копретседавач на овој комитет), г-ѓа Ермира Мехмети-Деваја и г. Андреј Петров, потпретседатели на делегацијата, г-ѓа Силвана Бонева, г. Антонио Милошоски, членови на делегацијата и г. Беким Фазлиу, заменик-член на делегацијата

Прочитај повеќе

Завршни препораки, 23.5.2013...

Четврток, 23 мај 2013 година, Стразбур

Завршни препораки на 11. состанок на МПК РМ-ЕУ

Дебатата резултираше со усвојување на Завршни препораки, каде парламентарците побараа од Советот на ЕУ да и определи на земјата датум за пристапни преговори со Европската унија, имајќи го предвид барањето на Советот до Европската комисија од декември 2012 година, како и минатите резолуции на Европскиот парламент за Извештајот за напредокот на земјата. Парламентарците го поздравија Претпристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), кој обезбеди добра платформа за враќање на реформите и на ЕУ агендата во фокусот на јавните дискусии и претставуваше значаен катализатор за спроведување на реформи помеѓу Република Македонија и Европската комисија и заедничките заложби кои обезбедија вредна поддршка на процесот на пристапување на земјата, со фокусирање на клучните реформски приоритети

Прочитај повеќе

Европратениците дебатираа за Извештајот за Македонија 23.5....



Четврток, 23 мај 2013 година

Европратениците дебатираа за Извештајот за Македонија

Вчера, во Европскиот парламент, се дебатираше за Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2012 година, а денеска ќе се гласа по истиот. Во својот говор, речиси сите европратеници побараа нашата земја веднаш да добие датум за преговори.

Прочитај повеќе

Извештајот за Македонија пред европратениците 22.5.13...



Среда, 22 мај 2013 година

Извештајот за Македонија пред европратениците

Денеска попладне, Европскиот парламент, во рамките на својата пленарна седница во Стразбур, ќе дебатира по Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2012 година, а утре ќе се гласа по истиот

Прочитај повеќе

28, седница на Комисијата за економски прашања 21,5,13...



Вторник, 21 мај 2013 година

Дваесет и осма седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната Дваесет и осма седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа

Прочитај повеќе

63, седница на Комисијата за финансирање и буџет 21,5,13...



Вторник, 21 мај 2013 година

Шеесет и трета седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Шеесет и трета седница, како матично работно тело, ги разгледа

Прочитај повеќе
1...181920...30                               
Click