Состанок на Советот за општи работи на ЕУ 21.5.13...



Вторник, 21 мај 2013 година

Состанок на Советот за општи работи на ЕУ

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, денеска во Брисел, ќе одржат состанок на Советот за општи работи на Унијата (ГАК), каде на дневен ред е и прашањето дали да испратат покана до Европскиот совет на Самитот на 27 и 28 јуни.

Прочитај повеќе

30, седница на Комисијата за земјоделство 20,5,13...



Понеделник, 20 мај 2013 година

Триесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 30. седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумите.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Комисијата, г-ѓа Ленче Николовска, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, нема поднесено амандмани по Предлог-законите.

По расправата, Комисијата заклучи Предлог-законите да се проследат на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европскиот парламент 20.5.13...



Понеделник, 20 мај 2013 година

Пленарна седница на Европскиот парламент

Од 20 до 23 мај, Европскиот парламент одржува пленарна седница во Стразбур, за време на која, ќе се дебатира (22 мај) и гласа (23 мај) по Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2012 година, изготвен од известителот за нашата земја, европратеникот Ричард Ховит.

Прочитај повеќе

Посета на заедничка делегација на Венецијанската Комисија и...

Четврток, 16 мај 2013 година

Посета на заедничка делегација на Венецијанската Комисија и ОДИХР

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, г-ѓа Силвана Бонева, оствари средба со заедничката делегација на Венецијанската комисија и ОДИХР, составена од Оливер Каск, Амаја Убеда де Торес и Тамара Оташавили.

На средбата беше разговарано за последните измени на Изборниот законик  во Собранието на Република Македонија и имплементирање на препораките на ОБСЕ и ОДИХР во него.

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја истакна силната волја за соработка со ОБСЕ, ОДИХР и Венецијанската комисија во насока на понатамошно унапредување на Изборниот законик и изборните процеси во Република Македонија.
Прочитај повеќе

Учество на Владанка Авировиќ на Конференција во Загреб 15,...



Среда, 15 мај 2013 година

Учество на пратеникот Владанка Авировиќ на Конференција во Загреб

Претседателот на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Владанка Авировиќ, учествуваше на Конференцијата на тема: Енергија.Развој. Демократија. Успешни пристапи за нова енергетска иднина во Југоисточна Европа, која се одржа на 13 мај 2013 година во Загреб, Република Хрватска

Прочитај повеќе

27. седница на Комисија за економски прашања 14.5.13...



Вторник, 14 мај 2013 година

Дваесет и седма седница на Комисија за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната Дваесет и седма седница, како матично работно тело, по скратена постапка, ги разгледа

Прочитај повеќе

62. седница на Комисијата за финансирање и буџет 14.5.13...



Вторник, 14 мај 2013 година

Шеесет и втора седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Шеесет и втората седница, одржана денеска, како матично работно тело, по скратена постапка, ги разгледа

Прочитај повеќе

61. седница на Комисијата за финансирање и буџет 13.5.13...



Понеделник, 13 мај 2013 година

Шеесет и прва седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Шеесет и првата седница, одржана на 10 мај 2013 година, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања и Предлогот на закон за дополнување на Законот за данокот на добивка. Образложение на Предлог-законите даде заменик-министерот за финансии, г. Ардиан Џеладини

Прочитај повеќе

26. седница на Комисијата за економски прашања 10.5.13...



Петок, 10 мај 2013 година

Дваесет и шеста седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната Дваесет и шеста седница, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа: Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за стечај.

Прочитај повеќе

60. седница на Комисијата за финансирање и буџет 10.5.13...



Петок, 10 мај 2013 година

Шеесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Шеесетта седница, како матично работно тело го разгледа Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2012 година. Воведно образложение по Годишниот извештај даде г-ѓа Маја Малахова, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки

Прочитај повеќе
1...192021...30                               
Click