Обраќање на претседателот Вељаноски на тема: Основни уставн...

Четврток, 11 септември 2014 година, Осло

Обраќање на претседателот Вељаноски на тема: Основни уставни права и слободи – учество, доверба и јавна дебата како услови за демократија

Ме радува фактот што токму оваа тема е дел од оваа Европска конференција, особено имајќи ги предвид предизвиците пред кои се наоѓа модерното демократско општество, економската криза и социјалните превирања, актуелни последните неколку години.  

Дозволете да потенцирам дека една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија, се токму основните слободи и права на човекот и граѓанинот утврдени во Уставот, не само декларативно наброени, туку и уставно гарантирани и заштитени.  

Прочитај повеќе

Вељаноски на Европска конференција на претседатели на парла...

Четврток, 11 септември 2014 година, Осло

Вељаноски на Европска конференција на претседатели на парламенти 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска присуствуваше на отворањето на Европската конференцијата на претседатели на парламенти во Осло, Норвешка. Конференцијата ја отворија претседателот на норвешкиот Стортинг, г. Олемик Томесен и претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г-ѓа Ан Брасер. Воведно обраќање имаа и генералниот секретар на Советот на Европа, г. Торбјорн Јагланд и министерот за прашања од ЕУ, г. Видар Хелегесен.

Прочитај повеќе

Работна посета на Комисијата за култура на Кратово ...

Четврток, 11 септември 2014 година

Работна посета на Комисијата за култура на Кратово

Собраниската Комисија за култура на 9 септември во состав Силвана Бонева - претседател, Ане Лашкоска - заменик-претседател, Момчило Аврамоски - член, Весна Дамчевска Илиевска - член, Љубица Буралиева - член, Лилјана Затуроска - заменик-член и Нола Исмајлоска - заменик-член, оствари работна посета и средба со надлежните органи на Општина Кратово, а во насока на донесувањето на новиот Предлог-закон за прогласување на Старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење.

Прочитај повеќе

Дванаесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет...

Четврток, 11 септември 2014

Дванаесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 12. Седница,  како матично работно тело ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за ревизија (второ читање).
  2. Предлогот на закон за задолжителни нафтени резерви (прво читање).
Прочитај повеќе

Учество на собраниска делегација на регионална парламентарн...

Вторник, 9 септември 2014 година,

Учество на собраниска делегација на регионална парламентарна конференција во Бечиќи, Црна Гора

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Владанка Авировиќ, заменик-претседател на Комисијата за економски прашања, г-ѓа Нора Алити, заменик-претседател на Комисијата за европски прашања; г. Драган Цуклев, член на Комисијата за економски прашања и г. Никола Мицевски, член на Комисијата за европски прашања, учествуваше на Регионалната парламентарна конференција за надзор на енергетските политики и енергетските инвестиции на тема „Парламентарен надзор на енергетските политики и енергетските инвестиции во земјите од Западен Балкан“, која се одржа на 6 и 7 септември 2014 година во Бечиќи, Црна Гора.

Прочитај повеќе

Петта седница на Комисијата за економски прашања ...

Вторник, 9 септември 2014 година 

Петта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на  денешната Петтата седница, како матично работно тело, во второ читање ги разгледа:

Прочитај повеќе

Вељаноски: 8 Септември, денот кога треба да си подадеме рак...

Недела, 7 септември 2014 година

Вељаноски: 8 Септември, денот кога треба да си подадеме рака помеѓу себе, со нашите соседи и со нашите сојузници

Нека ни е вечен и вековит денот на македонската независнот!
Огромен поздрав и благодарност до сите вас што сте дел од оваа Свечена академија на која одбележуваме 23 години македонска државност и самобитност.
Огромен поздрав и благодарност до сите други граѓани на Република Македонија кои искрено му се радуваат и го прославуваат овој голем ден од нашата најнова историја!

Прочитај повеќе

Петта седница на Комисијата европски прашања...

Четврток, 4 септември 2014 година

Петта седница на Комисијата европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, денеска ја одржа својата Петта седница, со која претседаваше заменик-претседателот на Комисијата, пратеникот Нора Алити. 

Прочитај повеќе

Четврта седница на Комисијата за економски прашања ...

Среда, 3 септември 2014 година

Четврта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на 4. Седница, одржана на 26 август и 2 септември 2014 година (прво продолжение) како матично работно тело во прво читање ги разгледа:

Прочитај повеќе

Средба на пратеничката Силвана Бонева со г. Торстен Фрај ...

Вторник, 2 септември 2014 година

Средба на пратеничката Силвана Бонева со г. Торстен Фрај

Во поздравното обраќање, г-ѓа Бонева ја поздрави посетата на г. Фрај како претставник на германскиот Бундестаг, којашто следува непосредно по завршувањето на Првата конференција со лидерите на земјите од Западен Балкан која се одржа во Берлин под заткрила на германската канцеларка Меркел.
Прочитај повеќе
1...474849...58                                                           
Click