Обраќање на претседателот Вељаноски по повод 2 Август - Или...

Сабота, 2 август 2014 година, Крушево

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод 2 Август - Илинден

Голема благодарност и неизмерна почит до сите вас кои денес сте тука на ова историско место заедно да го обележиме денот на сите денови, празникот на сите државни празници – вечниот Илинден.
Одбележуваме 111 години борба.
111 години саможртва.
111 години верба!
Илинден е другото име за Македонија!
Македонија не е целосна без Илинден!

Прочитај повеќе

Петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија...

Среда, 30 јули 2014 година

Петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Петтата седница, одржана денеска, како матично работно тело, во второ читање ги разгледа: Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем и Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај.

Прочитај повеќе

Tрета седница на Комисијата за економски прашања...

Вторник, 29 јули 2014 година

Tрета седница на Комисијата за економски прашања          

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната Tрета седница, како матично работно тело, во второ читање го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица.

Прочитај повеќе

Втора седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и во...

Вторник, 29 јули 2014 година

Втора седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на Втората седница, одржана денеска, како матично работно тело, во второ читање го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште.

Прочитај повеќе

Четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологи...

Среда, 23 јули 2014 година

Четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Четвртата седница, одржана на 21 јули 2014 година, како матично работно тело разгледа пет Предлог-закони

Прочитај повеќе

Петта седница на Комисијата за финансирање и буџет...

Среда, 23 јули 2014 година

Петта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 5. седница, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки (во прво читање).

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на Петтата годишна конф...

Среда, 23 јули 2014 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на Петтата годишна конференција на иселеничките организации

Грижата за македонската дијаспора претставува константа во определбите на Собранието и Владата на Република Македонија. Таа определба и политиките кои се креираат во последниве години, постојно се надоградуваат и прошируваат. Во суштина, грижата за сопственото иселеништво денеска е европска и цивилизациска вредност, а во многу држави-членки на ЕУ таа грижа е поставена и како уставна категорија.

Прочитај повеќе

Втора седница на Комисија за економски прашања ...

Вторник, 22 јули 2014 година

Втора седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на 2. Седница, одржана на 22 јули 2014 година, како матично работно тело, во прво читање го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица.

Прочитај повеќе

Прва седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и вод...

Вторник, 22 јули 2014 година

Прва седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на Првата седница одржана денеска, како матично работно тело, во прво читање, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште.

Прочитај повеќе

Втора седница на Комисијата за европски прашања...

Понеделник, 21 јули 2014 година

Втора седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Втората седница, што се одржа денеска, расправаше по Извештајот за реализираните активности од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ, ревизија 2014 година за периодот од јануари до март  2014 година, како и за Предлогот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во прво читање. 

Прочитај повеќе
1...495051...58                                                           
Click