Соопштенија

Вторник, 24 декември 2019 година            

Иницијатива за промена на изборниот модел

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во соработка со  Иницијативата за една изборна единица ќе одржи отворена дебата по Предлог законот за изменување на Изборниот законик и Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик кои се однесуваат на воведување една изборна единица за парламентарни избори, отворени листи за локални избори и еднаква родова застапеост на листите за пратеници и советници.

повеќе...

Петок, 20 декември 2019 година

Јавна расправа по Предлог-законот за младинско учество и младински политики

Комисијата за образование, наука и спорт, на 41. седница на 23 декември 2019 година (понеделник), во 10:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе одржи Јавна расправа по Предлогот на законот за младинско учество и младински политики.  

повеќе...

Вторник, 17 декември 2019 година

Учество на собраниска делегација на 17. Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РСМ-ЕУ

Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Мешовитиот парламентарен Комитет – Република Северна Македонија и ЕУ учествува на 17. Состанок на комитетот, кој ќе се одржи на 18 и 19 декември 2019 година во Европскиот парламент во Стразбур.

повеќе...

Вторник, 10 декември 2019 година

Работна посета на собраниска делегација во Молдавија за енергетска ефикасност

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Агим Шаќири, заменик-претседател и Зоран Илиоски, заменик-член на Комисијата за економски прашања, ќе учествуваат на состаноци посветени на енергетската ефикасност, во организација на Енергетската заедница и на Парламентарниот форум за Југоисточна Европа за енергетска ефикасност и клима, како и на Германското здружение за соработка, кои ќе се одржат во Кишињев, Република Молдавија, на 11 и 12 декември 2019 година.

повеќе...

Петок, 6 декември 2019 година

Собраниска делегација на Трансатлантски парламентарен форум во Вашингтон

Во рамките на редовните заседанија на Парламентарното Собрание на НАТО, на годишниот 19.Трансатлантски парламентарен форум, што во заедничка организација на ПС на НАТО и Атлантскиот совет ќе се одржи од 9 до 11 декември 2019 година во Вашингтон, САД, ќе учествува Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија предводена од пратеникот Илија Димовски, шеф на Делегацијата и заменик-членот на Делегацијата, Африм Гаши. 

повеќе...

Петок, 6 декември 2019 година

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

На 8 декември 2019 година (недела), во Кристалната сала на Собранието, во 12:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2019 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, ументоста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.

повеќе...

Четврток, 5 декември 2019 година

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЕЦ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод празникот 8 Декември - „Св. Климент Охридски“, делегација на Собранието, во состав: Александар Филиповски, Александра Цветкоска и Весна Дамчевска-Илиевска, на 6 декември 2018 година (петок), во 11:00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски“.

повеќе...

Петок, 29 ноември 2019 година

Собраниска делегација на Тркалезна маса во Брисел

На 3 декември 2019 година, Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Сашо Василевски, Бетиане Китев, Реџаиљ Исмаили и Драган Данев, ќе учествуваат на „Тркалезна маса на високо ниво за процесот на евроинтеграции на Западен Балкан“ во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија. 

повеќе...

Понеделник, 25 ноември 2019 година

Јавна расправа на тема: Говорот на омраза насочен кон жените во политиката

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Северна Македонија на 27 ноември 2019 година, со почеток во 12.00 часот, во Сала на Уставна Комисија, ќе одржи Јавна расправа на тема: Говорот на омраза насочен кон жените во политиката, во соработка со Клубот на пратенички. 

повеќе...

Вторник, 19 ноември 2019 година

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „22 НОЕМВРИ“

На 22 ноември 2019 година (петок), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 13:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ќе ја додели државната награда „22 Ноември“ за 2019 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свои придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 21
  •