Собраниска делегација на Тркалезна маса во Брисел...

Петок, 29 ноември 2019 година

Собраниска делегација на Тркалезна маса во Брисел

На 3 декември 2019 година, Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Сашо Василевски, Бетиане Китев, Реџаиљ Исмаили и Драган Данев, ќе учествуваат на „Тркалезна маса на високо ниво за процесот на евроинтеграции на Западен Балкан“ во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија. 

Прочитај повеќе

Јавна расправа на тема: Говорот на омраза насочен кон женит...

Понеделник, 25 ноември 2019 година

Јавна расправа на тема: Говорот на омраза насочен кон жените во политиката

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Северна Македонија на 27 ноември 2019 година, со почеток во 12.00 часот, во Сала на Уставна Комисија, ќе одржи Јавна расправа на тема: Говорот на омраза насочен кон жените во политиката, во соработка со Клубот на пратенички. 

Прочитај повеќе

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „22 НОЕМВРИ“ 2019...

Вторник, 19 ноември 2019 година

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „22 НОЕМВРИ“

На 22 ноември 2019 година (петок), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 13:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ќе ја додели државната награда „22 Ноември“ за 2019 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свои придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

Регионално собрание Европа на Парламентарното собрание на Ф...

Четврток, 14 ноември 2019 година

Регионално собрание Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата

Од 14 до 15 ноември 2019 година во Делемон, Швајцарија, ќе се одржи Регионалното собрание Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ) на која ќе учествува г. Џеват Адеми, претседател и г-ѓа Весна Дамчевска-Илиевска, прв потпретседател на Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ).

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на семинар за социјални медиуми во Ев...

Вторник, 12 ноември 2019 година

Собраниска делегација на семинар за социјални медиуми во Европскиот парламент

Во рамките на Програмата за поддршка на Парламентите од земјите на Западен Балкан и Турција, во организација на Европскиот парламент, на 13 и 14 ноември 2019 година, во Брисел, Кралството Белгија, ќе се реализира семинар за социјални медиуми за пратенички од Собранието на Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЦИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 13 НОЕМВРИ - 2019...

Петок, 8 ноември 2019 година

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЦИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 13 НОЕМВРИ

По повод 13 Ноември - Денот на ослободување на Градот Скопје, собраниска делегација предводена од попретседателот Горан Мисовски, а во состав: Илија Николовски и Жаклина Пешевска, на 13 ноември 2019 година (среда), ќе положи венци свежо цвеќе, и тоа:

Прочитај повеќе

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ 11.11.19...

Петок, 8 ноември 2019 година

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод Денот на народната жалост и одбележување на Примирјето од 1918 година и сеќавање во спомен на загинатите, повредените, исчезнатите и раселените лица од сите војни и од сите народи, собраниска делегација, во состав: Панче Иванов, Александра Цветковска, Хари Локвенец, Бетиан Китев и Жаклина Пешевска, на 11 ноември 2019 година (понеделник), во 11:00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на Француските воени гробишта во Скопје.

Прочитај повеќе

Тркалезна маса на ИППГ за јакнење на интерсекторската сораб...

Среда, 6 ноември 2019 година

Тркалезна маса на ИППГ за јакнење на интерсекторската соработка за унапредување на изборните права на лицата со попреченост

Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со посебни способности (ИППГ), ВО СОРАБОТКА СО Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Полио Плус – движење против хендикеп кое делува како технички комитет на ИППГ, на 8 ноември 2019 година (петок), во Хотелот „Холидеј Ин“, Скопје, ќе одржи Тркалезна маса на тема: „Јакнење на интерсекторската соработка за унапредување на изборните права на лицата со попреченост“.

Прочитај повеќе

Јавна расправа за Предлог-законските измени за воведување н...

Вторник, 5 ноември 2019 година

Јавна расправа за Предлог-законските измени за воведување на заедничко родителство по развод

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Северна Македонија ќе одржи Јавна расправа на 6.11.2019 година (среда), со почеток во 11:30 часот, во Сала „Борис Трајковски“ во зградата на Собранието, на тема: „Предлог-законски измени за воведување на заедничко родителство по развод". 

Прочитај повеќе

Собраниска делегација како дел од Комитетот за цивилна диме...

Понеделник, 4 ноември 2019 година

Собраниска делегација како дел од Комитетот за цивилна димензија на безбедноста на ПС на НАТО на средби во Француската Република

Во рамките на редовните активности на ПС на НАТО, Делегација од Комитетот за цивилна димензија на безбедноста, ќе оствари средби со високи претставници на Француската Република и Советот на Европа. Од Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПС на НАТО, учество ќе земат Илија Димовски, шеф на Делегацијата и Катерина Кузмановска, член на Делегацијата.

Прочитај повеќе
1234...21                      
Click