Пратеничката Шахпаска на меѓународна конференција во Баку...

Понеделник, 12 март 2018 година

Пратеничката Шахпаска на меѓународна конференција во Баку

Пратеничката Јагода Шахпаска, членка на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), ќе учествува на меѓународната конференција на тема: „Улогата на парламентарците во поттикнувањето на економската соработка и културните врски долж Патот на свилата“, што во организација на „Групата за поддршка на Патот на свилата“ на ПС на ОБСЕ ќе се одржи на 13 и 14 март 2018 година во Баку, Република Азербејџан.

Прочитај повеќе

Положување свежо цвеќе, 11.3.2018 ...

Петок, 9 март 2018 година

Положување свежо цвеќе

Собраниски делегации, по повод 75 години од Холокаустот на македонски Евреи - депортација на 7.144 Евреи во логорот на смртта - Треблинка, ќе положат свежо цвеќе: 

Прочитај повеќе

Презентација на стандардизирана форма на годишни извештаи н...

Четврток, 1 март 2018 година

Презентација на стандардизирана форма на годишни извештаи на независните институции во насока на унапредување на надзорната функција на Собранието

Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците,  на 2 март 2018 година (петок) во 12 часот во Собранието на Република Македонија - Сала „Борис Трајковски“, ќе ја презентира новата усогласена форма според која институциите и независните органи ќе ги доставуваат годишните извештаи до Собранието на Република Македонија.   

Прочитај повеќе

Положување свежо цвеќе, 26.2.2018...

Петок, 23 февруари 2018 година

Положување свежо цвеќе

По повод одбележувањето на 14-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Илија Николовски, г. Павле Богоевски, г. Далибор Богдановски, г. Драган Данев, Бранко Маноиловски и г. Горан Манојловски, на 26 февруари 2018 година, (понеделник) во 11.00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на Алејата на великани, гробишта Бутел.

Прочитај повеќе

Конститутивна средба на Интерпартиската парламентарна група...

Четврток,  22 февруари 2018 година

Конститутивна средба на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата

На 23 февруари 2018 година, во Сала 4, во Собранието на Република Македонија, од 13.00-14.00 часот, ќе биде основана и промовирана Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата на Собранието на Република Македонија, во која ќе членуваат пратеници од постоечкиот собраниски состав од различни политички партии.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Зимската сесија на ПС ОБСЕ ...

Четврток,  22 февруари 2018 година

Собраниска делегација на Зимската сесија на ПС ОБСЕ 

Од 22 до 23 февруари 2018 година во Виена, Австрија, ќе се одржи Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ на кое ќе учествуваат  пратениците: г. Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата, г-ѓа Јагода Шахпаска, член и г. Фадил Зендели, заменик- член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Прочитај повеќе

Отворен парламент, 16.2.2018...

Петок, 16 февруари 2018 година

Отворен парламент

Ве информираме дека на 23 февруари 2018 година (петок), Собранието на Република Македонија ќе бидe отворенo за посета од страна на граѓаните.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Парламентарно собрание на Медитера...

Вторник, 13 февруари 2018 година

Собраниска делегација на Парламентарно собрание на Медитеранот

Членовите на Делегацијата од Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот, г-ѓа Теута Билали и г. Енес Ибрахим, ќе учествуваат на  12. Сесија на Парламентарното собрание на Медитеранот, која ќе се одржи од 14 до 17 февруари 2018 година во Букурешт, Романија. 

Прочитај повеќе

Претседателот Џафери со собраниска делегација на Конференци...

Вторник, 13 февруари 2018 година

Претседателот Џафери со собраниска делегација на Конференција во Вилтон Парк

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери и околу 30 претставници од сите политички партии застапени во Собранието, службите во Собранието, Парламентарниот институт и претставници на граѓанското општество, од 14 до 16 февруари 2018 година, ќе учествуваат на конференција што ќе се одржи во Вилтон Парк, Велика Британија.

Прочитај повеќе

Положување свежо цвеќе по повод професионалниот празник на ...

Петок, 9 февруари 2018 година

Положување свежо цвеќе по повод професионалниот празник на руските дипломати „Денот на руската дипломатија“ 

По повод професионалниот празник на руските дипломати „Денот на руската дипломатија“ собраниска делегација во состав: Вјекослав Анѓелковски, Марија Алексовска и Ѓулсер Клинче ќе положи свежо цвеже пред споменикот „Руски Крст“.

Настанот ќе се одржи денеска, во 11.00 часот, во Градскиот парк во Битола.

Прочитај повеќе
1...151617...21                      
Click