Учество на пратеникот Мемеди на Меѓупарламентарна конференц...

Петок, 1 декември 2017 година

Учество на пратеникот Мемеди на Меѓупарламентарна конференција

Заменик-претседателот на Комисијата за европски прашања г. Весел Мемеди, од 3 до 6 декември 2017 година, ќе учествува на  Меѓупарламентарна конференција на тема: „ЕУ и партнерите - Прифаќање на разновидноста за посилно заедништво", која ќе се одржи во Тбилиси, Република Грузија.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на работилница во Братислава...

Сабота, 25 ноември 2017 година

Собраниска делегација на работилница во Братислава

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: Ане Лашковска и Ивана Туфегџиќ, од понеделник, 27 ноември 2017 година, ќе учествува на Работилница на тема: „Транспарентност и парламентарна соработка со граѓанското општество", во Братислава, Република Словачка.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Конференција во Брисел...

Петок, 17 ноември 2017 година

Собраниска делегација на Конференција во Брисел

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: Ивана Туфегџиќ, Агим Шаќири, Теута Биљали и Димитар Стевананџија, од 20 ноември (понеделник) ќе учествува на Конференција на тема: „Премостување на јазот помеѓу политиката за млади како и учеството во овие политики на младите парламентарци во земјите од Западен Балкан", во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија. 

Прочитај повеќе

Учество на собраниска делегација на тркалезна маса за „Реги...

Петок, 17 ноември 2017 година

Учество на собраниска делегација на тркалезна маса за „Регионалната перспектива на евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан" во Брисел

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: Артан Груби, Томислава Тунтев, Фадил Зендели и Никола Попоски, од понеделник, 20 ноември 2017 година, ќе учествуваат на Тркалезната маса на високо ниво на тема: „Регионалната перспектива на евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан", во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија. 

Прочитај повеќе

Положување венци свежо цвеќе, 2017 ...

Петок, 10 ноември 2017 година

Положување венци свежо цвеќе 

По повод 13 Ноември - Денот на ослободување на Град Скопје, делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Илија Николовски, г. Диме Велковски, г-ѓа Ирена Стефоска и г. Драган Данев, на 13 ноември 2017 година (понеделник), ќе положи венец свежо цвеќе на: 

Прочитај повеќе

Положување свежо цвеќе, 11.11.2017 ...

Петок, 10 ноември 2017 година

Положување свежо цвеќе 

По повод одбележување на Примирјето од 1918 година и сеќавање во спомен на загинатите, повредените, исчезнатите и раселените лица од сите војни и од сите народи, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од г. Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Васко Ковачевски, пратеник, г. Хари Локвенец, пратеник и и г-ѓа Бети Рабаџиевска-Наумовска, пратеничка, на 11 ноември (сабота) ќе положи венци свежо цвеќе во:

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на регионален состанок во Белград...

Понеделник, 6 ноември 2017 година

Собраниска делегација на регионален состанок во Белград 

Во организација на Глобалната организација на пратениците против корупцијата (GOPAC), Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Лилјана Кузмановска, претседател на Комисијата за финансирање и буџет, г. Васко Ковачевски и г-ѓа Владанка Авировиќ, членови на Комисијата, учествува на регионален парламентарен состанок на тема: „Иновативни средства за надзор и неформални платформи на пратениците за зголемен надзор и транспарентност: презентација на портал за надзор над јавните финансии". 

Прочитај повеќе

Положување венец свежо цвеќе, 23.10.2017...

Петок, 20 октомври 2017 година

Положување венец свежо цвеќе

По повод 23 Октомври - Ден на Македонската револуционерна борба, делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Диме Велковски, г. Петар Атанасов, г-ѓа Маја Морачанин, г-ѓа Даниела Рангелова и г-ѓа Невенка Стаменковска, на 23.10.2017 година (понеделник), во 10.30 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк.

Прочитај повеќе

Учество на 30. Регионално собрание Европа на Парламентарнот...

Вторник, 24 октомври 2017 година

Учество на 30. Регионално собрание Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата

Од 24 до 26 октомври 2017 година во Сараево, Босна и Херцеговина, ќе се одржи 30. Регионално собрание Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ), на која ќе учествуваат пратениците г-ѓа Весна Дамчевска-Илиевска, прв потпретседател на Секцијата; г. Ферид Мухиќ, потпретседател; г-ѓа Никица Корубин и г-ѓа Татјана Прентовиќ, членови на Делегацијата на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на 137. Собрание на Интерпарламентарн...

Понеделник, 16 октомври 2017 година

Собраниска делегација на 137. Собрание на Интерпарламентарната унија  

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Г. Талат Џафери, ќе учествува на 137. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што ќе се одржи од 16 до 18 октомври 2017 година во Санкт Петербург, Руска Федерација.

Прочитај повеќе
1...171819...21                      
Click