Комисијата за култура ја усвои Предлог-програмата за одбеле...

Четврток, 5 декември 2019

Комисијата за култура ја усвои Предлог-програмата за одбележување јубилејни годишнини за 2020 година

Комисијата за култура на денешната 25. седница ја усвои Предлог-програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2020 година.

Прочитај повеќе

Економијата и безбедноста се битен фактор за странските инв...

Среда, 4 декември 2019 година

Економијата и безбедноста се битен фактор за странските инвестиции

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Хари Локвенец; претседателот на Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите, Емил Димитриев; членот на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, Трајчо Димков и пратеникот Панчо Минов, денеска во Собранието остварија средба со Романска делегација, предводена од Јоан-Кристијан Киртеш, претседател на Групата за пријателство со Република Северна Македонија во Парламентот на Романија; Мариана Венера-Попеску, пратеничка и Габриел Ницола, ополномоштен министер во Амбасадата на Романија во земјава.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО СЕНАТОРОТ ЈОАН -КРИСТИЈАН...

Среда, 4 декември 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО СЕНАТОРОТ ЈОАН -КРИСТИЈАН КИРТЕШ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРУПАТА ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО ВО РОМАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Претседателот Џафери, му посака топло добредојде на сенаторот Киртеш и нагласи дека оваа посета е од особено значење за него, имајќи ги предвид севкупните добри односи меѓу Република Северна Македонија и Романија кои ги карактеризира висок степен на пријателство, со конструктивен и отворен политички дијалог заснован врз партнерски однос и заемно почитување.
Прочитај повеќе

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ТРКАЛЕЗНА МАСА ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛА...

Среда, 4 декември 2019 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ТРКАЛЕЗНА МАСА ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ 

Во рамките на работната посета на Брисел, Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во состав од пратениците: Сашо Василевски, Бетиане Китев, Реџаиљ Исмаили и Драган Данев на 3 декември 2019 година, учествуваше на Тркалезна маса на високо ниво за процесот на евроинтеграции на Западен Балкан во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија. 

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот на Собранието на Националната кон...

Вторник, 3 декември 2019

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија на Националната конференција „Зголемен надзорен капацитет на Собранието преку зајакнување на соработката со надворешни актери со надзорна улога“, организирана од ОБСЕ Мисијата во Скопје

Дозволете да го поздравам почетокот на оваа конференција организирана од страна на нашите пријатели од ОБСЕ и Амбасадорот Клеменс Која, и да посакам успешна и плодна дискусија во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Нивес Тигањ, амбасад...

Вторник, 3 декември 2019

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Нивес Тигањ, амбасадорка на Република Хрватска во Република Северна Македонија

На почетокот на средбата, претседателот Џафери ѝ честиташе на новата функција со желби за плоден и успешен амбасадорски мандат, а ги изрази и очекувањата дека досегашната конструктивна соработка на институциите на Република Северна Македонија со Амбасадата на Хрватска ќе продолжи и понатаму. Посочи дека Република Хрватска е докажан пријател на Република Северна Македонија и бескомпромисен поддржувач на нејзината европска и евроатланска интеграција, факт што високо се цени и почитува. Истакна уверување дека оваа силна, пријателска и безрезервна поддршка ќе биде засилена за време на претстојното претседавање на Република Хрватска со Советот на Европската Унија идната година и ќе резултира со добивање датум за отпочнување преговори на мајскиот Самит во Загреб.
Прочитај повеќе

Заложби за системски и трајни решенија за интеграција на Ро...

Понеделник, 2 декември 2019                                             

Заложби за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите

Интерпартиската парламентарна група за правата на Ромите во Република Северна Македонија, на 29 ноември 2019 година, одржа работен состанок на барање на Неформалната мрежа на ромските граѓански организации.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Конференција на Парламентарното со...

Понеделник, 2 декември 2019

Собраниска делегација на Конференција на Парламентарното собрание на Медитеранот и Специјалниот комитет за антитероризам 

Во рамките на Конференцијата на Парламентарното собрание на Медитеранот (ПСМ) и Специјалниот комитет за антитероризам кој функционира како составен дел на Постојаниот комитет за политичка и безбедносна соработка на ПСМ, што се одржа во Рим, Италија, свое учество имаше и парламентарната делегација на ПСМ на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Емил Димитриев, шеф на делегацијата и Чедомир Саздовски, член на делегацијата.

Прочитај повеќе

Говорот на омраза - несакана појава што ги загрозува темели...

Среда, 27 ноември 2019 година

Говорот на омраза - несакана појава што ги загрозува темелите на секое цивилизирано и демократско општество

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Северна Македонија на денешната седница одржа Јавна расправа на тема: „Говорот на омраза насочен кон жените во политиката“.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со новоименуваниот амбасадор...

Среда, 27 ноември 2019 година

Средба на претседателот Џафери со новоименуваниот амбасадор на БиХ, Н.Е. Драган Јаќимовиќ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на денешната средба со новоименуваниот амбасадор на Република Босна и Херцеговина, Н.Е. Драган Јаќимовиќ, изрази задоволство од досегашната соработка со Амбасадата на БиХ и му посака и на новиот амбасадор успешен мандат и продолжување на оваа соработка со Собранието на Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе
1...101112...117                                                                                                                      
Click