Претседателот Џафери ѝ врачи признание на новинарката Мира ...

Среда, 27 ноември 2019 година

Претседателот Џафери Ѝ врачи признание на новинарката Мира Костиќ

На денешната средба со новинарите, претседателот Џафери на новинарката од Македонското радио, г-ѓа Мира Костиќ, по повод нејзиното заминување во пензија, ѝ врачи Признание за вложениот труд и професионалноста за време на сите години додека известувала за работата на Собранието на Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

НАЈАВЕНИОТ НОВ ПРИСТАП КОН ПРОШИРУВАЊЕТО ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈ...

Вторник, 26 ноември 2019 година

НАЈАВЕНИОТ НОВ ПРИСТАП КОН ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА - ИДЕИ И ПРЕДИЗВИЦИ

На денешната седница пред Националниот совет за евроинтеграции имаше обраќање Францускиот амбасадор г. Кристиан Тимоние, при што истакна дека за Француската Република европскиот проект ќе продолжи да се спроведува за целосно интегрирање на земјите од Западен Балкан во една реновирана Европска унија. Идејата на Франција е да се создаде нов функционален и побрз систем на интегрирање од претходниот, кој според предлогот ќе се постигне преку 4 принципи и 7 фази на пристапување. 
Прочитај повеќе

Клубот на пратенички се приклучува и ја поддржува глобалнат...

Понеделник, 25 ноември 2019 година

Клубот на пратенички се приклучува и ја поддржува глобалната кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојки“

Клубот на пратенички, во соработка со Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, денеска одржа панел-дискусија на тема: „Предлог-модел за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на семејно насилство”, во Хотелот „Холидеј Ин“.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Свечената академија по ...

Петок, 22 ноември 2019 

Обраќање на претседателот Џафери на Свечената академија по повод културно – научната  манифестација „Денови на Азбуката“

Со ова, продолжува животниот век на еден народ, односно неговата вредност и тежина. Затоа што, еден јазик е толку богат, толку вреден колку што се говори, пишува, збогатува и шири низ светот.

Прочитај повеќе

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „22 НОЕМВРИ“...

Петок, 22 ноември 2019 година

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „22 НОЕМВРИ“

Денеска во Кристална сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 13:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ја додели државната награда „22 Ноември“ за 2019 година, за признание кон луѓето од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредувањето на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.

Добитници на наградата „22 Ноември“ за 2019 година се Давид Хосафлок, истражувач, историчар и хуманист и Кимет и Аднан Агаи, просветни работници.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери, по повод културно – научн...

Петок, 22 ноември 2019 

Обраќање на претседателот Џафери, по повод културно – научната манифестација „Денови на Азбуката“

Дозволете ми да го изразам задоволството што го имам денес, кога ја славиме 111-годишнината од Битолскиот конгрес и унифицирањето на албанската азбука, да ве поздравам во својство на претседател на Собранието на Република Северна Македонија и во име на моите колеги пратеници да ја искористам оваа можност да го честитам најважниот ден во историјата на политичкиот и културниот развој на Албанците, бидејќи одлуките од овој конгрес претставуваат еден од столбовите што помогнаа во издигнувањето за едно скалило повисоко на албанската култура и образование, но и понатамошното консолидирање во насока на развојот и напредокот на Албанците, со јасно избирање на ориентацијата и насоката што ќе ја следат во иднина. И овој чекор, колку и да изгледа скромен за старите светски цивилизации, сепак претставува придонес и во целокупниот развој на човештвото. 

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Спомен - академијата во...

Четврток, 21 ноември 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери на Спомен - академијата во чест на претседателот Вудро Вилсон, по повод 100-годишнината од Парискиот мировен договор  

Претседателот Вилсон бил визионер, дипломат и човек со јасен светоглед дека Претседателот треба секогаш да биде во служба на народот и дека народот е суверенот и тој самиот мора да одлучува за својата судбина. Тој бил против тоа да големите сили одлучуваат за судбината на малите држави, колку и да се тие немоќни. Токму овој негов принцип бил и неговиот патоказ и иницијатор за одигрување на толку важна улога за време на преговорите на Париската мировна конференција каде европските сили продолжиле со традиционалната дипломатија. 

Прочитај повеќе

Културата најсилно ги поврзува народите меѓусебе...

Среда, 20 ноември 2019 година

Културата најсилно ги поврзува народите меѓусебе

Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата, предводена од претседателот Џевад Адеми денеска оствари средба со Жан Крабал, парламентарен генерален секретар на Франкофонијата. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Мими Кодели...

Среда, 20 ноември 2019

Средба на претседателот Џафери со Мими Кодели, претседателката на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Албанија

Претседателот Џафери истакна дека оваа посета е од особено значење за него, имајќи предвид дека односите меѓу двете земји се одвиваат на највисоко ниво и се без отворени прашања.
Прочитај повеќе

Мисовски - Крабал: Различноста е наша девиза...

Среда, 20 ноември 2019 година

Мисовски - Крабал: Различноста е наша девиза

Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски денеска оствари средба со Делегација предводена од Жан Крабал, парламентарен генерален секретар на Франкофонијата. Потпретседателот Мисовски, истакна дека Собранието веќе 19 години има силни пријателски врски со Франкофонијата и тие врски се историски и културни, а францускиот јазик и мисла се составен дел од нашето секојдневие.

Прочитај повеќе
1...111213...117                                                                                                                      
Click