Обраќање на претседателот Џафери по повод Светскиот ден на ...

Среда, 20 ноември 2019 

Обраќање на претседателот Џафери по повод Светскиот ден на децата 

Дозволете да ја искажам радоста што денес можам да бидам заедно со вас на овој убав ден - Светскиот ден на децата, и да ве поздравам во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и да кажам дека иако со Универзалната декларација и Конвенцијата за правата на децата на Обединетите нации се утврдува 20-ти ноември како Универзален ден на децата, тоа не значи дека преостанатите 364 дена не треба да го славиме, да се грижиме и да ги штитиме вашите права и да овозможиме ваш нормален раст и развој. 
Прочитај повеќе

Честитки за Светскиот ден на децата!...

Среда, 20 ноември 2019 година

Честитки за Светскиот ден на децата!

Драги деца,

Ние возрасните ќе се трудиме да бидете секогаш здрави, среќни и насмеани, во светот да нема деца лишени од правото на живот, правото на семејство и семејна топлина, правото на слободно изразување на вашите мисли, а ние ќе ве ислушаме и ќе постапиме по нив.  Вие, децата, не смеете да бидете жртви на насилство од кој било вид, жртви на принудна работа, сведоци на војна или, уште полошо, учесници во воени конфликти. Светот е ваш дом, наш аманет за вас, чекорете храбро и сигурно, бидете предвесникот на светлата иднина за сите!

Прочитај повеќе

Средба на Пратеничка група за соработка со Парламентот на Р...

Вторник, 19 ноември 2019 година

Средба на Пратеничка група за соработка со Парламентот на Република Албанија со претседателката на Комисијата за надворешна политика, Мими Кодели

Претседателот Аљими, посочи дека оваа посета е од особено значење за Групата, оценувајќи ги односите меѓу двете земји на највисоко ниво. Тој ги поздрави напорите на Албанија, како прва земја која го отпочна процесот на ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.
Прочитај повеќе

Одржано Регионалното собрание Европа на Парламентарното соб...

Вторник, 19 ноември 2019 година

Одржано Регионалното собрание Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата

Од 14 до 15 ноември 2019 година во Делемон, Швајцарија, се одржa Регионалното собрание Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ) на која учествуваa г. Џеват Адеми, претседател и г-ѓа Весна Дамчевска-Илиевска, прв потпретседател на Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ).

Прочитај повеќе

Пратеници од Собранието на првиот сертифициран „Курс за пос...

Вторник, 19 ноември 2019 година, Белград

Пратеници од Собранието на првиот сертифициран „Курс за постзаконодавен надзор“

Пратениците Фадил Зендели, Зеќир Рамчиловиќ, Мирсада Емини-Асани, Шпреса Хадри и Сурија Рашиди, членови на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, од 18 до 20 ноември 2019 година, во Белград, учествуваат на првиот сертифициран „Курс за постзаконодавен надзор“ на ХУГЕН мрежата.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Конференција „Религија...

Понеделник, 18 ноември 2019 година, Тирана, Република Албанија 

Обраќање на претседателот Џафери на Конференција организирана во координација со Американскиот Стејт Департман на тема „Религијата како инструмент на мирот“

Не помина многу време од последниот пат кога бев тука, односно на Самитот на Универзалната федерација за мир, каде ја имав честа да се обратам во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија на темата „Мирот, безбедноста и човечкиот развој во Југоисточна Европа“, што и тоа како е поврзана со темата на денешната Конференција, односно „Религијата како инструмент на мирот“. 
Прочитај повеќе

Средба на потпредседателот Рамчиловиќ со заменик-министерот...

Петок, 15 ноември 2019 година

Средба на потпредседателот Рамчиловиќ со заменик-министерот за политички систем и односи за заедниците, Неџад Мехмедовиќ  

На средбата беше разговарано за двата значајни документи усвоени од Владата, Националната Стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам и Предлог-законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 % од населението во Репубика Северна Македонија. Рамчиловиќ особено внимание посвети на Предлог-законот за правата на заедниците со цел носење на квалитетен закон и усвојување.
Прочитај повеќе

Средба на Комисијата за финансирање и буџет со претставници...

Петок, 15 ноември 2019 година

Средба на Комисијата за финансирање и буџет со претставници на Меѓународниот монетарен фонд

На  средбата беа разменети мислења за Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за периодот 2020-2022 година, Ребалансот на Буџетот за 2019 година и проекциите на Предлог-Буџетот за 2020 година.

Прочитај повеќе

Пратенички на семинар за социјални медиуми во Европскиот па...

Петок, 15 ноември 2019 година, Брисел

Пратенички на семинар за социјални медиуми во Европскиот парламент

Пратеничките од Собранието на Република Северна Македонија, Владанка Авировиќ и Слаѓана Митовска, учествуваа на семинар за социјални медиуми за парламентарки во Европскиот парламент, на 13 и 14 ноември 2019 година во Брисел, Кралството Белгија.

Прочитај повеќе

Китев: Да се ограничи што е можно повеќе ширењето лажни вес...

Четврток, 14 ноември 2019 година

Китев: Да се ограничи што е можно повеќе ширењето лажни вести

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Бетиан Китев, од 13 до 14 ноември престојува во Париз. За време на престојот тој учествува на работата на Мониторинг комисијата на Советот на Европа, како и на Конференцијата на тема: „Човековите права и демократијата во дигиталното време: како да се заштитат личните податоци и како да се одговори на онлајн говорот на омраза и дезинформациите?“, организирана од Делегацијата на Националното собрание на Република Франција во Советот на Европа.

Прочитај повеќе
1...121314...117                                                                                                                      
Click