Четврток, 4 октомври 2018 година
Дваесет и седма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 27. седница, како матично работно тело, во прво читање, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, поднесен од пратениците: Панчо Минов, Драган Данев, Лилјана Затуроска, Слаѓана Митовска и Ане Лашкоска.