Средба на претседателот Китев со Делегација на Конференција...

Вторник, 27 март 2018 година

Средба на претседателот Китев со Делегација на Конференцијата на невладини организации при Советот на Европа

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа во чиј состав беа претседателот, г. Бетиан Китев и пратеничката, г-ѓа Шпреса Хадри денеска во Собранието на Република Македонија оствари средба со Делегација на Конференцијата на невладини организации при Советот на Европа предводена од претседателката, г-ѓа Ана Рурка и заменик-претседателот, г. Кристоф Спренг.

Прочитај повеќе

Јавна расправа за Предлог-законот за изменување и дополнува...

Вторник, 27 март 2018 година

Јавна расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, со која претседаваше претседателот на Комисијата, г. Артан Груби, одржа јавна расправа на тема: Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Парламен...

Вторник, 27 март 2018 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Парламентот на Грузија, г. Иракли Кобахиѕе 

Денеска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, на маргините на 138. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), во Женева, Швајцарска Конфедерација, оствари средба со г. Иракли Кобахиѕе, претседател на Парламентот на Грузија, на негово барање.

Прочитај повеќе

Обраќање на пратеникот Гаши на дебата на тема: „Парламетарн...

Вторник, 27 март 2018 година, Женева

Обраќање на пратеникот Гаши на дебата на тема: „Парламетарно следење на Целите за одржлив развој (ЦОР)“

Господинот Гаши посочи дека на глобално ниво се очекува Целите за одржлив развој да придонесат за постигнување вистински напредок за најсиромашните и најмаргинализирани лица, за унапредување на родовата еднаквост, елиминирање на дискриминацијата и нееднаквоста во приходите, намалување на негативните ефекти од климатските промени, обезбедување одржливост на ресурсите за идните генерации и слично. 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Големото...

Понеделник, 26 март 2018 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Големото национално собрание на Турција и претседателката на Народното собрание на Република Бугарија  

Во рамките на 138. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 24 до 28 март 2018 година во Женева, Швајцарска конфедерација, претседателот на Собранието на Република Македонија г. Талат Џафери, оствари одделни средби со претседателот на Големото национално собрание на Турција г. Исмаил Кахраман и претседателката на Народното собрание на Република Бугарија г-ѓа Цвета Карајанчева.

Прочитај повеќе

Одржување на мирот како средство за постигнување на одржлив...

Понеделник, 26 март 2018 година, Женева

Одржување на мирот како средство за постигнување на одржлив развој

На 138. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 24 до 28 март 2018 година во Женева, Швајцарска Kонфедерација, учествува Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од  м-р Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија и шеф на Делегацијата во ИПУ.

Прочитај повеќе

Зошто жените сè уште не се доволно застапени во полити...

Понеделник, 26 март 2018 година, Женева

Зошто жените сè уште не се доволно застапени во политиката?

Делегација на Собранието на Република Македонија учествува на 138. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 24 до 28 март 2018 година во Женева, Швајцарска Конфедерација. Делегацијата ја сочинуваат: м-р Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија и шеф на Делегацијата, г. Томислав Тунтев, г. Јован Митрески, г. Димитар Стевананџија, г. Реџаиљ Исмаили, г. Африм Гаши и г-ѓа Јулиана Николова, членови на Делегацијата и г-ѓа Цветанка Иванова, генерална секретарка на Собранието на Република Македонија. 

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на 138. Собрание на ИПУ...

Недела, 25 март 2018 година, Женева

Обраќање на претседателот Џафери на 138. Собрание на ИПУ, на генералната дебата на тема „Зацврстување на глобалниот режим за мигранти и бегалци“

Миграциите како појава не се нешто ново, тие се присутни можеби од самиот почеток на човековата цивилизација. Секако дека процесот на глобализацијата влијае овие текови на миграциите да бидат поинтензивни. Така, според податоците, денеска околу 258 милиони луѓе, односно 3,4 проценти од светската популација живеат надвор од државите во кои се родени. Причините за миграција се, исто така, одамна познати. Првата причина е социоекономската, односно потрагата по подобар живот. Вториот тип на миграција се од држави и региони зафатени со воени конфликти, со насилство и непочитување на военото и хуманото право, нефункционирање на правната држава или пак поголеми природни катастрофи, односно кога луѓето се изложени на опасности кои ги загрозуваат нивните животи. Во првиот случај зборуваме за економски мигранти, а во вториот случај зборуваме за бегалци, иако многу често овие две категории меѓу себе се тесно поврзани.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со министерот за надворешни ...

Петок, 23 март 2018 година

Средба на претседателот Џафери со министерот за надворешни работи на Република Грција, г. Никос Коѕиас

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Грција, г. Никос Коѕиас, кој престојува во официјална посета на Република Македонија. На средбата присуствуваа и пратениците од Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Грција.

Прочитај повеќе

Четиринаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и ...

Петок, 23 март 2018 година 

Четиринаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 14. седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

Прочитај повеќе
1...838485...117                                                                                                                      
Click