Средба на претседателот Џафери, со г-ѓа Лилиана Танги, прат...

Петок, 23 март 2018 година

Средба на претседателот Џафери, со г-ѓа Лилиана Танги, пратеничка во Националното Собрание на Француската Република

Претседателот на Собранието, г. Џафери, на почетокот на средбата изрази задоволство од неоптоварените, извонредни и пријателски односи меѓу Република Македонија и Француската Република. Ја поздрави континуираната француска поддршка на евроатланската интеграција на Република Македонија. Истакна дека од особена важност е јакнењето на меѓупарламентарните односи на двете држави, како и заемната поддршка во рамките на мултилатералната соработка. 
Прочитај повеќе

Пратеникот Груби се сретна со г-ѓа Лилиана Танги, пратеничк...

Петок, 23 март 2018 година

Пратеникот Груби се сретна со г-ѓа Лилиана Танги, пратеничка во Националното собрание на Француската Република

Денеска претседателот на Комисијата за европски прашања г. Артан Груби заедно со членовите и замениците-членови на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, остварија средба со г-ѓа Лилиана Танги, пратеничка во Националното собрание на Француската Република, која истовремено е и потпретседателка на Комисијата за европски прашања и потпретседателка на Групата за пријателство меѓу Националното собрание на Француската Република и Собранието на Република Македонија и францускиот амбасадор Кристиан Тимоние.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со европратениците Ковачев, ...

Петок, 23 март 2018 година

Средба на претседателот Џафери со европратениците Ковачев, Петерле и Келам

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со Делегација од Групата на Европската народна партија во Европскиот парламент, предводена од европратеникот Андреј Ковачев, придружуван од европратениците Алојз Петерле и Туне Келам. На средбата присуствуваше и амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар.

Прочитај повеќе

БУГАРИЈА ЌЕ ЈА ПОДДРЖИ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКАТА И...

Петок, 23 март 2018 година

БУГАРИЈА ЌЕ ЈА ПОДДРЖИ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Делегацијата од Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Бугарија, предводена од потпретседателката на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Фросина Ташевска-Ременски, во рамките на официјалната посета на Република Бугарија, денеска оствари средба со заменик претседателот на владата и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, г-ѓа Екатерина Захариева. 

Прочитај повеќе

БУГАРИЈА Е ПРИЈАТЕЛ И ПОДДРЖУВАЧ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА...

Четврток, 22 март 2018 година

БУГАРИЈА Е ПРИЈАТЕЛ И ПОДДРЖУВАЧ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Делегацијата од Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Бугарија, предводена од потпретседателката на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Фросина Ташевска-Ременски, во рамките на официјалната посета на Република Бугарија, денеска оствари средба со претседателката на Народното собрание на Република Бугарија, г-ѓа Цвета Карајанчева. Во Делегацијата се и потпретседателот на Собранието, г. Горан Мисовски и членовите г. Илија Николовски, г. Реџаиљ Исмаили и г. Реџеп Мемеди.

Прочитај повеќе

Транспортните коридори се иднината на Регионот ...

Четврток, 22 март 2018 година

Транспортните коридори се иднината на Регионот 

Делегацијата од Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Бугарија, предводена од потпретседателката на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Фросина Ташевска Ременски, денеска оствари средба со г. Димитар Савов, директор во Министерството за транспорт, информациски технологии и комуникации на Република Бугарија.

Прочитај повеќе

Средба на Групите за пријателство и соработка меѓу Македони...

Четврток, 22 март 2018 година

Средба на Групите за пријателство и соработка меѓу Македонија и Бугарија

Делегацијата од Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Бугарија, предводена од потпретседателката на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Фросина Ташевска-Ременски, оствари средба со претседателот на Групата за пријателство Бугарија-Македонија во Народното собрание на Република Бугарија, г. Борис Ванѓелов и членовите на Групата, која е една од побројните групи поради зголемениот интерес на бугарските пратеници за Република Македонија.

Прочитај повеќе

Средба на потпретседателот Мемеди со координаторката на УНД...

Среда, 21 март 2018 година

Средба на потпретседателот Мемеди со координаторката на УНДП за Македонија, г-ѓа Винтон

Потпретседателот на Собранието, г. Мемеди, ѝ се заблагодари на координаторката на УНДП за Македонија, г-ѓа Винтон, за сета поддршка што УНДП ја дава за развивање и зајакнување на капацитетите на институциите на државата, вклучувајќи го тука и Собранието на Република Македонија, сите овие години, преку различни проекти, во различни состави на Собранието. 
Прочитај повеќе

Пратеничката Весна Дамчевска Илиевска на Парламентарно собр...

Среда, 21 март 2018 година, Брисел

Пратеничката Весна Дамчевска Илиевска на Парламентарно собрание на Франкофонијата

Пратеничката Весна Дамчевска Илиевска, прв потпретседател на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата учествува на Седницата на Комисијата за парламентарни прашања на ПСФ, што се одржува од 22 до 23 март 2018 година, во Брисел, Белгија.

Прочитај повеќе

Зајакнување на капацитетите на Клубот на пратенички...

Вторник, 20 март 2018 година

Зајакнување на капацитетите на Клубот на пратенички

Клубот на пратенички, во организација на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - Мисија во Скопје (ОБСЕ), одржа обука на тема „Зајакнување на капацитетите на Клубот на пратенички“. 

Прочитај повеќе
1...848586...117                                                                                                                      
Click