Понеделник, 30 декември 2013 година

Јавна расправа на тема: „Подготовка на закон за семејно насилство“

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Комисијата за труд и социјална политика и Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Македонското женско лоби, на 27 декември 2013 година одржаа јавна расправа на тема: „Подготовка на закон за семејно насилство“



Понеделник, 30 декември 2013 година

Четириесет и прва седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и првата седница, одржана на 27 декември 2013 година, како матично работно тело, во прво читање, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција



Петок, 27 декември 2013 година

Работен состанок на претседателот Вељаноски со македонскиот дипломатски кор

Претседателот Вељаноски се заблагодари за досегашниот ангажман на македонските дипломати во насока на јакнење и унапредување на парламентарната соработка на Собранието на Република Македонија со Парламентите на другите државите и за севкупното нивно залагање во градењето позитивна слика за нашата држава, презентирање на капацитетот со кој располага и вредностите кои ги има.



Петок, 20 декември 2013 година

Четириесет и петта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанствo

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 45. седница, одржана денеска, како матично работно тело, во скратена постапка го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за виното.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Комисијата, г-ѓа Ленче Николовска, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија за доставување на амандмани, до почетокот на седницата не се доставени амандмани по Предлог-законот.

Претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваше пратеникот Борче Ставров.

По расправата, Комисијата го проследи  Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за виното на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.


 



Четврток, 19 декември 2013 година

Претседателот Вељаноски го прими новоименуваниот амбасадор на Република Србија во Република Македонија, г-ѓа Душанка Дивјак-Томиќ

Двајцата соговорници изразија задоволство за средбата и притоа претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, посака успешна работа во мандатот на новоименуваниот амбасадор на Република Србија, г-ѓа Душанка Дивјак-Томиќ.



Среда, 18 декември 2013 година

Јавна расправа на тема: Економско јакнење на жените

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија одржи јавна расправа на тема: Економско јакнење на жените, на која покрај членовите на Клубот на пратенички присуствуваа потпретседателката на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, пратеници на Собранието на Република Македонија, претставници на Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, потоа на локалните комисии за еднакви можности, Македонското женско лоби, Занаетчиската комора на Република Македонија, Бизнис конфедерацијата на Македонија, Федерацијата на фармери на Република Македонија и претставници на други здруженија кои работат на ова поле.

Вторник, 17 декември 2013 година

ПРАЗНИЧНО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МПК

Во очи на четвртата годишнина од издавањето, излезе празничното издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија. По тој повод, копретседавачот, г. Кенан Хасипи, во име на Делегацијата на МПК – РМ и ЕУ и во свое лично име, упати честитки до своите колеги европарламентарци за добро здравје и успех на личен и професионален план следната година.



Петок, 13 декември 2013 година

Четириесетта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Четириесеттата седница, одржана вчера, како матично работно тело ги разгледа



Четврток, 12 декември 2013 година, Тирана, Албанија

Обраќање на претседателот Вељаноски пред пратениците на Собранието на Република Албанија

Дозволете да го споделам моето искрено задоволство од можноста што ја имам да се обратам денес пред овој ценет аудиториум сочинет од избраните претставници на народот на пријателската држава Албанија.
За мене, како претседател на Македонскиот парламент, оваа чест доделена од моите албански домаќини, претставува највисок израз на почит упатена кон Република Македонија и кон нејзините граѓани.



Четврток, 12 декември 2013 година, Тирана, Албанија

Претседателот Вељаноски во официјална посета на Република Албанија

Во рамките на официјалната посета на Република Албанија, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, се сретна со својот колега, претседателот на Собранието на Република Албанија, г. Илир Мета, со претседателот на државата, г. Бујар Нишани и со заменикот на претседателот на Владата на Република Албанија, г. Нико Пелеши



Четврток, 12 декември 2013 година

Четириесет и четврта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 44. седница, одржана вчера, како матично работно тело ги разгледа



Среда, 11 декември 2013 година

Седумдесет и четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 74. седница, како матично работно тело ги разгледа



Четврток, 5 декември 2013 година

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Владата на Унгарија, г. Виктор Орбан

Претседателот Вељаноски изрази задоволство за одлично поставените односи на парламентарно ниво во сите сегменти, одличниот интензитет на средби и соработка меѓу претседателите на парламентите, на пратеничките групи за соработка и на комисиите. Тој изрази благодараност што Унгарија го користи нашето уставно име во билатералната комуникација, истакнувајќи го истото како особено значајно за Република Македонија. Го запозна соговорникот со актуелната политичка состојба, со спроведените реформи и направените постигнувања на патот на евроинтегрирањето, позитивните извештаи од Европската комисија и препораките.



Среда, 4 декември 2013 година, Белград

Учество на семинар на тема: „Механизми со кои националните парламенти располагаат за справување со корупција“

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Илија Китаноски, претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Ромео Тренов, член на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и г. Драгиша Милетиќ заменик-член на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на 2 декември 2013 година, учествуваше на семинар на тема: „Механизми со кои националните парламенти располагаат за справување со корупција“ кој се одржа во Парламентот на Република Србија, во Белград



Вторник, 3 декември 2013 година

Германија е поборник за евроинтеграција на Западен Балкан

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, г-ѓа Силвана Бонева и пратениците: г-ца Христина Рунчева, г. Илија Димовски и г. Александар Спасеновски, остварија средба со г. Дејвид Џејмс Мекалистер, претседател на ЦДУ во Долна Саксонија и г-ѓа Ања Чимек, официјален претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“

Понеделник, 2 декември 2013 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ИЗВЕСТИТЕЛОТ НА МОНИТОРИНГ КОМИСИЈАТА НА ПАРЛАМЕНТАРНОТО СОБРАНИЕ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Г. РОБЕРТ ВАЛТЕР

Двајцата соговорници изразија задоволство што повторно имаат можност да се сретнат и да разговараат за актуелните случувања и напредокот на Република Македонија. Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изрази задоволство од досегашното испoлнување на обврските и заложбите кон Советот на Европа. Тој дополни дека, од страна на Собранието на Република Македонија високо се ценат препораките на Советот на Европа, и преку нивното имплементирање, како и преку реформите кои ги прави Република Македонија се придонесува за поголем демократски напредок и економски развој.



Понеделник, 2 декември 2013 година

Средба на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците со г. Роберт Валтер

Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието на Република Македонија денеска оствари средба со г. Роберт Валтер, известител на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа (Мониторинг комисијата).



Понеделник, 2 декември 2013 година

Средба на координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА со г. Роберт Валтер

Известителот на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите-членки на Советот на Европа (Mониторинг комисијата), г. Роберт Валтер, во посета на Собранието на Република Македонија, оствари одделни средби со координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА



Понеделник, 2 декември 2013 година

Духот на жената парламентарка го унапредува општеството

Заврши Годишниот самит „Жените во парламенти - Глобален форум" што се одржа во Европскиот парламент, во Брисел, од 27 до 29 ноември 2013, на кој учествуваа и потпретседателката на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Сузана Салиу и пратеничката г-ѓа Цветанка Иванова



Понеделник, 2 декември 2013 година

Триесет и деветта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Триесет и деветтата седница, одржана на 29 ноември 2013 година, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:

Click