Петок, 31 јануари 2014 година
Промовирана Брошурата за работата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, на Триесеттата седница, ја промовираше Брошурата за работата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија (2006 – 2013)
Прочитај повеќе
Петок, 31 јануари 2014 година
Четириесет и седма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 47. седница, како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлогот на законот за дополнување на Законот за земјоделското земјиште
Прочитај повеќе
Среда, 29 јануари 2014 година
Седумдесет и осма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 78. седница, одржана на 27, 28 и 29 јануари 2014 година, како матично работно тело, ги разгледа:
Предлог-закон за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини (прво читање);
- Предлог - закон за изменување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај (прво читање);
- Предлог - национална програма за железничка инфраструктура 2014 – 2016;
- Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градење (второ читање);
- Статутарна одлука за изменување на Статутот на Агенцијата за електронски комуникации (прва фаза);
- Годишна програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2014 година.
На седницата на Комисијата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија, присуствуваа г. Стево Темелковски, заменик на министерот за животна средина и просторно планирање, г. Џелал Бајрами, заменик на министерот за транспорт, врски и екологија, г-ѓа Гордана Клинчарова, претседателот на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации и г. Роберт Ордановски, директорот на Агенцијата за електронски комуникации.
Претставниците на Владата, ја нагласија потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.
Во однос на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, беа поднесени вкупно 13 амандмани од овластените предлагачи, од кои осум беа усвоен и вградени во Дополнет предлог на законот, додека пет амандмани не беа усвоени.
На крајот од расправата, Комисијата оцени дека Предлог законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.
Прочитај повеќе
Вторник, 28 јануари 2014 година
Деведесет и четвртата седница на Комисијата за финансирање и буџет
Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на денешната Деведесет и четврта седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа
Прочитај повеќе
Понеделник, 27 јануари 2014 години, Стразбур
Собраниска делегација на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа
Шефот на Македонската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Александар Николоски беше избран за потпретседател на Мониторинг комисијата, додека членот на Делегацијата, г. Игор Ивановски за член на истата Комисија
Прочитај повеќе
Понеделник, 27 јануари 2014 година, Атина, Грција
Учество на Конференцијата на претседатели на Комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ-КОСАК
Во рамките на Грчкото претседателство со Европската унија, претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, денеска учествува на Конференцијата на претседателите на Комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ-КОСАК, што се одржува во Атина, Грција
Прочитај повеќе
Сабота, 25 јануари 2014 година, Хрватска
Претседателот Вељаноски на средби со македонската заедница во Република Хрватска
Претставниците на македонската заедница во Република Хрватска ги запознаа претседателот Вељаноски и членовите на собраниската делегација со својата организираност во здруженија и друштва, со нивната работа, активностите и проектите кои ги реализираат.
Прочитај повеќе
Петок, 24 јануари 2014 година, Хрватска
Претседателот Вељаноски во официјална посета на Република Хрватска
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на покана на својот колега, претседателот на хрватскиот Сабор, г. Јосип Леко, престојува во официјална посета на Република Хрватска. Во состав на собраниската делегација се и пратениците: г. Фијат Цаноски, кој е претседател на Групата за соработка на Собранието на Република Македонија со хрватскиот Сабор, како и г. Александар Николоски и г. Недим Рамизи, членови на Групата.
Прочитај повеќе
Петок, 24 јануари 2014 година, Загреб, Хрватска
ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ВО ХРВАТСКИОТ САБОР
Најнапред дозволете да го споделам моето искрено задоволство од можноста што ја имам, во името на граѓаните на Република Македонија, да се обратам пред овој ценет собор.
Со огромен пиетет и почит стојам тука пред Вас, претставниците на хрватскиот народ и граѓани.
Чувството на задоволство е дотолку поголемо, бидејќи со себе ги носам за да ги споделам со вас, искрените изрази на пријателство и почитување од граѓаните на мојата држава, Македонија.
Македонците и Хрватите имаат безброј причини за задоволство од квалитетот на меѓусебните односи
Прочитај повеќе
Среда, 22 јануари 2014 година
Седумдесет и седма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 77. седница, како матично работно тело, ги разгледа:
Прочитај повеќе
Вторник, 21 јануари 2014 година
Презентирани приоритетите и програмата на грчкото претседателство со Советот на ЕУ
Комисијата за европски прашања во Собранието на Република Македонија ја одржа 50. седница, на која беа презентирани приоритетите и програмата за работата на претседателството на Република Грција со Советот на Европската унија во периодот јануари - јуни 2014 година, од старана на амбасадорот на Република Грција во Република Македонија, Н.Е. Харис Лалакос.
Прочитај повеќе
Вторник, 21 јануари 2014 година
Деведесет и трета седница на Комисијата за финансирање и буџет
Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Деведесет и трета седница, како матично работно тело, по скратена постапка, ги разгледа
Прочитај повеќе
Четврток, 16 јануари 2014 година
Седумдесет и шеста седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 76. седница, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:
Прочитај повеќе
Четврток, 16 јануари 2014 година
Седумдесет и петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 75. седница, како матично работно тело го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење (прво читање).
Прочитај повеќе
Среда, 15 јануари 2014 година
Деведесет и втора седница на Комисијата за финансирање и буџет
Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Деведесет и втора седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа
Прочитај повеќе
Среда, 15 јануари 2014 година
Деведесет и прва седница на Комисијата за финансирање и буџет
Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Деведесет и првата седница, одржана на 9 јануари 2014 година, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:
Прочитај повеќе
Вторник, 14 јануари 2014 година
Четириесет и втора седница на Комисијата за економски прашања
Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и втората седница, одржана вчера, како матично работно тело ги разгледа
Прочитај повеќе
Вторник, 14 јануари 2014 година
Четириесет и шеста седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 46. седница, како матично работно тело ги разгледа
Прочитај повеќе
Петок, 10 јануари 2014 година
Неопходен е дијалог за поголема доверба меѓу Македонија и Бугарија
Зголемување на комуникацијата за конкретни прашања на сите нивоа, е во заеднички интерес на Македонија и Бугарија – беше истакнато на средбата меѓу Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Бугарија и бугарскиот министер за надворешни работи, г. Кристиан Вигенин.
Прочитај повеќе