Петок, 29 јуни 2012 година
ДОНАЦИЈА НА ОПРЕМА ОД СЕКИНЕСКИОТ НАРОДЕН КОНГРЕС ЗА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Претседателот Вељаноски истакна дека во последните години односите меѓу двата парламента и двете држави бележат нагорен тренд и дека пратениците од Собранието на Република Македонија со голем интерес ја очекуваат секоја соработка со Секинескиот народен конгрес и доаѓањето на нивните колеги во Република Македонија.
Прочитај повеќе
Петок, 29 јуни 2012 година
Јавна расправа на тема: Национална стратегија за спречување и заштита од семејно насилство 2012 - 2015

Расправата ја отвори претседателот на Комисијата, г-ѓа Лилјана Поповска, по што свои излагања имаа: г. Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика на Република Македонија; г-ѓа Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи на Република Македонија; г-ѓа Диадра Бојд, постојан координатор на Обединетите нации и постојан претставник на УНДР; г. Шелдон Јет, претставник на УНИЦЕФ и г. Герт Кампман, заменик-амбасадор на Кралството Холандија.
Прочитај повеќе
Среда, 27 јуни 2012 година
Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи
Донесувањето на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи е предвидено со Националната програма за усвојување на правото на Европската унија-ревизија 2012 година. Законот, исто така, е дел од Анексот 2 на Мислењето за усвојување на правото на Европската унија во текот на 2012 година, што Националниот совет за евроинтеграции со консензус го усвои на седницата одржана на 8 февруари 2012 година.
Прочитај повеќе
Среда, 27 јуни 2012 година
Триесет и трета седница на Комисијата за финансирање и буџет
Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на вчерашната Триесет и трета седница, како матично работно тело ги разгледа
Прочитај повеќе
Вторник, 26 јуни 2012 година
Дваесет и трета седница на Комисијата за труд и социјална политика
Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија на 23. седница, одржана денеска, како матично работно ги разгледа:
Прочитај повеќе
Петок, 22 јуни 2012 година, Бечиќи, Црна Гора
Работилница за улогата на националните парламенти во процесот на преговори со ЕУ

Во врска со темата, македонската делегација се осврна на актуелните случувања во Република Македонија во врска со процесот на евроинтеграции, при што посебно беше потенцирано значењето на почетокот на Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Скопје и Брисел, како и заклучоците усвоени на вториот Пристапен дијалог одржан на 7 мај годинава во Скопје
Прочитај повеќе
Среда, 20 јуни 2012 година
Осма седница на Комисијата за култура
Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, на Oсмата седница, одржана вчера, како матично работно тело, во второ читање го разгледа Предлог-законот за прогласување на споменичката целина на Крушево за културно наследство од особено значење
Прочитај повеќе
Среда, 20 јуни 2012 година
Четиринаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 14. седница, одржана на 19 јуни 2012 година, како матично работно тело во прво читање ги разгледа
Прочитај повеќе
Среда, 20 јуни 2012 година
Дваесетта седница на Комисијата за европски прашања
Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 20. седница, во прво читање ги разгледа
Прочитај повеќе
Среда, 20 јуни 2012 година
Триесет и втора седница на Комисијата за финансирање и буџет
Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Триесет и втората седница, одржана на 18 јуни 2012 година, како матично работно тело во прво читање ги разгледа:
Прочитај повеќе
Среда, 20 јуни 2012 година
Триесет и втора седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 32. Седница, одржана на 18 јуни 2012 година, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на законот за комунални дејности - I читање
Прочитај повеќе
Среда, 20 јуни 2012 година
Дваесет и деветта седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, на 29. Седница, одржана на 18 јуни 2012 година, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за судовите - I читање
Прочитај повеќе
Среда, 20 јуни 2012 година
Шеснаесетта седница на Комисијата за образование, наука и спорт
Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија, на 16. Седница, одржана на 18 јуни 2012 година, во прво читање ги разгледа
Прочитај повеќе
Четврток, 14 јуни 2012 година
Средба на претседателот Вељаноски со г. Ванг Донгџоу

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска оствари средба со претседателот на Постојаниот комитет на Народниот конгрес на градот Ченгду, провинција Сичуан, г. Ванг Донгџоу.
Прочитај повеќе
Четврток, 14 јуни 2012 година
Тринаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 13. седница, како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште.
На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.
Во дискусијата по Предлог-законот учествуваа пратениците: г. Горан Сугарески, г. Панче Орцев, г-ѓа Ленче Николовска, г. Васко Пашовски и г. Борче Ставров.
На крајот, Комисијата едногласно го усвои следниот Заклучок:
- Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште (прво читање), од гледна точка на потребата за донесување на законот, начелата врз кои треба да се заснова законот, основните односи што се уредуваат со законот и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија оцени дека Предлог-законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.
Прочитај повеќе
Среда, 13 јуни 2012 година
Јавна расправа на Комисијата за еднакви можности на жените мажите

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, во соработка Националниот совет за родова рамноправност – НСРР, вчера одржа јавна расправа на тема „Улогата на жените во руралниот развој на Република Македонија – можности и предизвици
Прочитај повеќе
Вторник, 12 јуни 2012 година
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО Г. БИЛ САРАВИНОВСКИ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со градоначалникот на Рокдеил, г. Бил Сарвиновски. На средбата г. Саравиновски го запозна претседателот Вељаноски за активностите во општината Рокдеил, која е една од поголемите општини во Сиднеј, Австралија. Се разговараше за раководењето на општината и за работата на Советот на Рокдеил, како и за решавање на проблемите на македонската заедница, но и на другите заедници кои живеат во Рокдеил
Прочитај повеќе
Вторник, 12 јуни 2012 година
ДЕВЕТТА СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ
Националниот совет за евроинтеграции денеска ја одржа својата Деветта седница на која се разгледа Претпристапната економска програма за периодот 2012-2014 година. Претпристапната економска програма 2012-2014 (ПЕП 2012-2014) беше презентирана од страна на претставникот од Министерството за финансии, г-ѓа Анита Поповска, координатор за ПЕП 2012-2014. Во воведно образложение за тоа што претставува овој документ, беше нагласено дека подготовката на програмата е обврска што Република Македонија ја има преземено од 2005 година, кога ѝ беше доделен статус на земја-кандидат за членство во Европската унија.
Прочитај повеќе
Понеделник, 11 јуни 2012 годинаПленарна седница на Европарламентот
Европскиот парламент од 11 до 14 јуни ќе одржи пленарна седница во Стразбур, на која ќе се разговара за економското управување, затегнување на фискалната дисциплина и поттикнување раст. Исто така, ќе стане збор за можни реформи на ЕУ буџетот 2014-2020 година.
Отворањето нови работни места мора да биде приоритет за Европа, се вели во резолуцијата која ќе се гласа в четврток. Истиот ден членовите на Европскиот парламент ќе гласаат и за резолуцијата за отворање на единствен пазар на ЕУ.
Европратениците ќе дебатираат и за актуелните состојби во Авганистан, Блискиот Исток, Тибет и Африка. Парламентот ќе ги повика земјите-членки на Обединетите нации да дадат извештај за сите договори поврзани со трговијата со оружје.
В среда на Европарламентот ќе му се обрати перуанскиот претседател, г. Олианта Хумала, откако претходно ќе се гласа по резолуцијата за трговски договор на ЕУ со Колумбија и Перу.
Прочитај повеќе
Четврток, 7 јуни 2012 година, Брисел
Усвоени Завршни препораки на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија
На Десеттиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија, кој се одржа на 7 јуни 2012 година во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија, учествуваше делегација на Собранието на Република Македонија во Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија, предводена од г. Кенан Хасипи, претседател на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (копретседавач на овој комитет), г. Андреј Петров, потпретседател на делегацијата, г-ѓа Силвана Бонева, г. Антонио Милошоски, г. Арбен Љабеништа, членови на делегацијата и г.Беким Фазлиу, заменик-член.
Прочитај повеќе
Четврток, 7 јуни 2012 година
ЈАВНА РАСПРАВА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ
Националниот совет за евроинтеграции денеска одржа јавна расправа по работната верзија на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите
Прочитај повеќе
Среда, 6 јуни 2012 година, Словенија
Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Република Словенија, г. Данило Тирк

Во разговорот, двајцата соговорници се задржаа на три сегменти кои се од интерес за двете држави, значењето на добрата парламентарна соработка во насока на меѓусебна размена на искуство на сите нивоа, интензивирање на односите и комуникацијата на двете бизнис заедници и изнаоѓање механизам кој би овозможил брзо и лесно надминување на проблемите кои се јавуваат во стопанското делување.
Прочитај повеќе
Среда, 6 јуни 2012 година
Работилница за пратениците за пристапната рамка и улогата на комисиите за европски прашања
Пратеници од различни пратенички групи учествуваа на двата семинари на ИПА-ТПП Проектот (Техничка помош на Парламентот) кои се однесуваа за Парламентот и за теми поврзани со прашања за ЕУ : Пристапната рамка на ЕУ и Улогата на Комисиите за европски прашања во земјите-членки на ЕУ
Прочитај повеќе
Среда, 6 јуни 2012 година
Триесет и прва седница на Комисијата за финансирање и буџет
Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Триесет и прва седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа
Прочитај повеќе
Вторник, 5 јуни 2012 година, Словенија
Република Македонија има пријател и сојузник во Република Словенија

Дводневната официјална посета на Република Словенија, претседателот Вељаноски ја започна со средба со својот колега, претседателот на Парламентот на Република Словенија, г. Грегор Вирант, а на истата присуствуваа и потпретседателите на Парламентот на Република Словенија и координаторите на пратеничките групи.
Прочитај повеќе