Вторник, 29 октомври 2013 година, Чешка Република

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски во официјална посета на Чешката Република на покана на претседателот на Сенатот на Чешката Република, г. Милан Штех

На средбите со неговиот домаќин, г. Штех и претседателот на Владата на Чешката Република, г. Руснок, претседателот Вељаноски изрази задоволство од можноста за средба која е прва на највисоко парламентарно ниво и која е дополнителен импулс на традиционално добрите и пријателски односи меѓу Република Македонија и Чешката Република.



Вторник, 29 октомври 2013 година

Одржано шестото продолжение на надзорната расправа

Комисијата за европски прашања денеска го одржа шестото продолжение на 42. седница, посветена на надзорната расправа на тема: „Користење на фондовите од инструментот за претпристапна помош-ИПА во Република Македонија“ за ИПА КОМПОНЕНТА V: Рурален развој

Вторник, 29 октомври 2013 година

Седумнаесетта седница на Националниот совет за евроинтеграции

Националниот совет за евроинтеграции на 28 октомври 2013 година ја одржа Седумнаесеттата седница посветена на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2013 година.



Петок, 25 октомври 2013 година

Средба на Комитетот за односи меѓу заедниците со г-ѓа Астрид Торс

Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети и членовите: г-ѓа Силвана Бонева, г. Ѓорѓи Коџабашиев, г-ѓа Цветанка Иванова, г. Менде Диневски, г. Неџати Јакупи, г. Џеват Адеми, г. Бехиџудин Шехаби, г. Орхан Ибраими, г. Беким Фазлиу, г. Наџи Џелили, г. Ќенан Хасипи, г. Иван Стоилковиќ и г. Сафет Бишевац, денеска, на барање на новоназначениот висок комесар за националните малцинства при ОБСЕ, г-ѓа Астрид Торс, која е во посета на Република Македонија, одржаа средба



Четврток, 24 октомври 2013 година

Шеесет и деветта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 69. седница, одржана на 22 и 24 октомври 2013 година, како матично работно тело, по скратена постапка, го разгледа Предлогот на законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид.



Четврток, 24 октомври 2013 година

Осумдесет и прва седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на 81. седница, одржана на  22 октомври 2013 година, како матично работно тело, ги разгледа:



Четврток, 24 октомври 2013 година

Шеесет и осма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 68. Седница, одржана на 18 октомври 2013 година, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:



Среда, 23 октомври 2013 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба

Идеалот на ВМРО е најсилниот македонски идеал!
Тој мотивира!
Поттикнува!
Опоменува!
Сведочи!
Во овој идеал е вгнездена целокупната суштина на нашето постоење и делување како личности, но и како народ кој има библиска традиција.
ВМРО е почетокот и крајот на сé поврзано со Македонија и со Македонците.



Вторник, 22 октомври 2013 година

Триесет и седма седница Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Триесет и седмата седница, одржана на 18 oктомври 2013 година, како матично работно тело, во прво читање, разгледа 14 Предлог-закони:



Понеделник, 21 октомври 2013 година

Седумдесет и седма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на 77. седница, одржана на 7, 8, 9, 10, 14, 16, 17, 18 и 19 октомври 2013 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година



Понеделник, 21 октомври 2013 година

Седумдесет и деветта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Седумдесет и деветтата седница, одржана на 18 октомври 2013 година, како матично работно тело, ги разгледа



Среда, 16 октомври 2013 година

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ГО ПРИМИ ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2013 ГОДИНА

По повод примопредавањето на Извештајот, претседателот Вељаноски изрази задоволство за добивање на уште една, петта, препорака за започнување на преговорите на Република Македонија со Европската унија и изрази надеж дека во декември на препораката ќе се надоврзе и датум за започнување на преговорите. Тој, воедно, истакна дека на патот на евроинтеграцијата, реформите се остваруваат за да се задоволат поставените критериуми, но тие пред сè се исполнуваат за бенефит на граѓаните.



Среда, 16 октомври 2013 година

Претседателот Вељаноски оствари средба со потпретседателот на сејмот на Република Полска, г. Јежи Вендерлих

На средбата, претседателот Вељаноски искажа задоволство и благодарност за постојаната и принципиелна поддршка која Република Македонија ја добива од Република Полска, како од свој искрен пријател. На средбата стана збор и за актуелните политички состојби, како и за Извештајот на Европската комисија за напредокот на државата кон членство во Европската унија, кој треба официјално да биде предаден денеска.



Среда, 16 октомври 2013 година

Парламентарната соработка придонесува во зајакнувањето на билатералните односи меѓу Македонија и Полска

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска денеска оствари средба со потпретседателот на Сејмот на Република Полска, г. Јежи Вендерлих. На средбата присуствуваа г. Богдан Јанковски, заменик-директор на Бирото за меѓународна соработка на Сејмот на Република Полска, г-ѓа Ана Сохањска, заменик-директор на Директоратот за европска политика во Министерството за надворешни работи на Република Полска и г-ѓа Марта Пжениосло, в.д. амбасадор на Република Полска во Република Македонија



Среда, 16 октомври 2013 година

Комисијата за европски прашања оствари средба со потпретседателот Вендерлих

Во своето воведно излагање, претседателот Мисини изрази задоволство за посетата на нашата држава, токму во моментот кога се објави Годишниот извештај за напредокот на Република Македонија за 2013 година. Тој посочи дека за нас е значајна поддршката што ни ја дава Полска за нашите евроатлантски интеграции, како земја-членка на ЕУ, наш пријател, но и поборник за политиката на отворени врати во евроатланските структури.



Среда, 16 октомври 2013 година

Петта препорака за старт на преговори за членство на Македонија во ЕУ

Во Извештајот за напредокот на Република Македонија кој го презентираше еврокомесарот за проширување на Европската унија, г. Штефан Филе, по петти пат Европската комисија препорача отворање на пристапните преговори за членство во Европската унија.



Вторник, 15 октомври 2013 година, Будва

Во 21. век сите општества се општества на различности

Во дебатата на парламетарната конференција учествуваа дваесетина пратеници, меѓу кои и г. Владимир Ѓорчев, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ. Во своето обраќање г. Ѓорчев нагласи дека во 21. век сите општества се општества на различности, додавајќи дека Република Македонија е земја во која во целост се почитуваат правата базирани на темелните документи на ОН, ОБСЕ, Советот на Европа и другите меѓународни институции. Воедно, г. Ѓорчев додаде дека во поголем број на земји не се почитуваат таквите права, вклучувајќи ги и правата на македонското малцинство во повеќе држави



Понеделник, 14 октомври 2013 година

Претседателот Вељаноски оствари средба со Делегација од Германскиот Бундестаг, предводена од пратеникот г. Штефан Клаудио Леме

Претседателот Вељаноски, како покровител на Програмата – Меѓународна парламентарна стипендија (ИПС) на германскиот Бундестаг, денеска ја прими Делегацијата од германскиот Бундестаг предводена од пратеникот, г. Штефан Клаудио Леме, која воедно е Изборна делегација за селекција и избор на тројца стипендисти од Република Македонија кои ќе престојуваат пет месеци во германскиот Бундестаг и ќе бидат ангажирани во канцеларии на германските пратеници.



Понеделник, 14 октомври 2013 година, Будва

Есенско заседание на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав г-ѓа Ана Павловска Данева, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), г. Владимир Ѓорчев и г. Беким Фазлиу, членови на Делегацијата, учествува на Есенското заседание на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува од 13 до 15 октомври 2013 година, во Будва, Црна Гора



Понеделник, 14 октомври 2013 година, Охрид

Регионална конференција во организација на Вестминстер фондацијата

Во рамките на Регионалната конференција, во организација на Вестминстер фондацијата, која се одржа од 11 до 13 октомври 2013 година во Охрид, Република Македонија, свое учество зеде делегација на Собранието на Република Македонија во состав г. Хајрула Мисини, претседател на Комисијата за европски прашања, г-ѓа Владанка Авировиќ, претседател на Комисијата за економски прашања, г. Марјанчо Николов, претседател на Комисијата за финансирање и буџет и пратениците г. Гордан Георгиев и г-ѓа Христина Рунчева, членови на Комисијата за европски прашања



Понеделник, 14 октомври 2013 година

Шеесет и седма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 67. седница, одржана денеска, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот.



Сабота, 12 октомври 2013 година, Кабул

Државна делегација ги посети македонските мировници во Авганистан

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со министерот за одбрана на Република Македонија, г. Талат Џафери и пратеникот во Собранието на Република Македонија, г. Оливер Спасовски, како членови на државната делегација, по повод државниот празник 11 Октомври - Ден на народното востание, ги посетија македонските мировници распоредени во Мисијата ИСАФ, во Авганистан.



Четврток, 10 октомври 2013 година

Триесет и шеста седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на 36. седница, одржана вчера, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за трговија.



Среда, 9 октомври 2013 година

Петто продолжение на 42. седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања денеска го одржа Петтото продолжение на 42. седница на Комисијата, посветена на надзорната расправа на тема: „Користење на фондовите од инструментот за претпристапна помош-ИПА во Република Македонија“ за ИПА-компонента VI: Развој на човечки ресурси



Вторник, 8 октомври 2013 година, Будимпешта, Унгарија

Претседателот Вељаноски копретседавач на втората сесија на 6. Конференција на претседатели на Парламентите на замјите од Западен Балкан

Република Македонија веднаш по независноста во 1991 година своите стратешки приоритети во делот на надворешната политика ги насочи кон интеграција во евроатлантските структури. Јасно се определи за развој на сопствените одбранбени сили, реформи во економскиот и политичкиот систем кои кореспондираат со системите на западните земји.



Вторник, 8 октомври 2013 година, Будимпешта, Унгарија

Билатерални средби на претседателот Вељаноски на 6. Конференција на претседатели на парламенти од земјите на западен балкан

Во рамките на Конференцијата, претседателот Вељаноски оствари билатерални средби со своите колеги, домаќинот на Конференцијата, претседателот на Националното собрание на Унгарија, г. Ласло Ковер, со претседателот на Националното собрание на Република Албанија, г. Илир Мета, со потпретседателот на Собранието на Црна Гора, г. Бранко Радуловиќ, како и со почесниот гостин на Конференцијата, г. Игор Радојчиќ, претседател на Народното собрание на Република Српска.



Вторник, 8 октомври 2013 година, Будимпешта, Унгарија

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ НА ШЕСТАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРЛАМЕНТИ ОД ЗЕМЈИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ТЕМА „ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА: РЕЗУЛТАТИ И АСПИРАЦИИ“

Обраќајќи се на темата која ја имаме во првата сесија, неизбежно е да го споменеме и споделиме постигнатото, очекувањата, но и потешкотиите, па и разочарувањата на кои наидуваме во настојувањето да станеме дел од европското семејство. Република Македонија, како и државите од нејзиното непосредно соседство, високо на агендата на стратешки определби го има евроинтегративниот процес и тоа од моментот на нејзиното осамостојување во 1991 година. Стратешката определба за основа го има географското, историското, но и цивилизациското припаѓање на нашата државата на Европа, како и силната заложба да ги споделува вредностите на Европската унија за почитување на човековите права, за слободата и достоинството, за еднаквоста, демократијата, владеењето на правото.



Вторник, 8 октомври 2013 година, Женева

Билатерална средба на собраниската делегација на 129. Собрание на ИПУ

Делегацијата на Собранието на Република Македонија оствари билатерална средба со Делегацијата на Канада во ИПУ, при што беше дискутирано за соработката меѓу двете земји и двата парламента, особено во рамките на меѓународните парламентарни собранија



Вторник, 8 октомври 2013 година

Четврто продолжение на 42. седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања денеска го одржа Четвртото продолжението на својата 42. седница, посветена на надзорната расправа на тема: „Користење на фондовите од инструментот за претпристапна помош-ИПА во Република Македонија“ за ИПА-компонентата III: Регионален развој



Понеделник, 7 октомври 2013 година, Женева

Панел-дискусија на тема „Кон развој што е отпорен на ризици, земајќи ги предвид демографските трендови и природните ограничувања"

Во дискусијата што следеше учествуваше г-ѓа Силвана Бонева, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија. Таа нагласи дека Република Македонија, инспирирана од општата идеја која произлегува од Рамката за акција од Хјого, се залага и активно работи на градење на капацитети и ја промовира агендата за намалување на ризиците од катастрофи на локално, национално, регионално и глобално ниво



Понеделник, 7 октомври 2013 година

Министрите за надворешни работи на Литванија и Романија со пријателски и јасни пораки до Македонија

Претседателите на: Националниот совет за евроинтеграции,  г-ѓа Радмила Шекеринска; Комисијата за надворешна политика, г. Антонио Милошоски и  Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Мешовитиот парламентарен комитет со Европската унија, г. Кенан Хасипи, како и членот на Комисијата за европски прашања, г-ѓа Дешира Имери, остварија средба со  г. Линас Линкевичиус, министер за надворешни работи на Република Литванија и претседавач со Советот на Европската унија и г. Титус Корлацеан, министер за надворешни работи на Романија и претседавач со Процесот за соработка во Југоисточна Европа.



Понеделник, 7 октомври 2013 година

Одржано третото продолжение на 42. седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања денеска го одржа третото продолжение на 42. седница, посветена на надзорната расправа на тема: „Користење на фондовите од инструментот за претпристапна помош-ИПА во Република Македонија“ за ИПА компонента II - Прекугранична соработка.



Понеделник, 7 октомври 2013 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент, од 7 до 10 октомври во Стразбур, одржува пленарна седница, на која, меѓу другото, ќе стане збор за тутунската индустрија, со цел цигарите да станат помалку атрактивни кај младите луѓе



Петок, 4 октомври 2013 година

Седумдесет и осма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на 78. седница, одржана вчера, како матично работно тело во второ читање, ги разгледа:



Петок, 4 октомври 2013 година

Четириесет и прва седница на Комисијата за надворешна политика

Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на седницата, одржана на 2 октомври 2013 година, ги разгледа:



Среда, 2 октомври 2013 година, Стразбур

Билатерална средба на македонската со канадската делегација

За време на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која се одржува од 30 септември до 4 октомври, во Стразбур, делегацијата на Собранието на Република Македонија предводена од шефот на делегација, г. Александар Николоски и членот на делегацијата, г. Игор Ивановски, оствари билатерална средба со делегација на Канада, предводена од пратеникот г. Лаурн Ховн и членовите г. Дон Доусон, г. Грант Мичел, г. Мичел Ривард, г. Бен Шипсли и г. Шон Кејси



Вторник, 1 октомври 2013 година

Европратениците Кестлер и Келам поддржувачи на Македонија за членство во ЕУ

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска, копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ, г. Кенан Хасипи и претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, остварија одделни средби со европратениците: г. Мартин Кестлер од Германија и г. Туне Келам од Естонија.

Click