Среда, 30 септември 2009 година

Работен состанок на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска со Заедницата на Хрватите во Република Македонија

Денеска во Собранието на Република Македонија се одржа работен состанок на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска со претставници на Заедницата на Хрватите во Република Македонија.



Среда, 30 септември 2009 година

Торбјорн Јагланд - нов генерален секретар на Советот на Европа

Парламентарното собрание на Советот на Европа го избра г.Торбјорн Јагланд од Норвешка за нов генерален секретар на Советот на Европа за следниот петгодишен мандат. Во првиот круг на изборите, од вкупно 245 гласови, г.Јагланд освои 165 (апсолутно мнозинство) наспроти г.Владимир Тимошевич од Полска, кој доби 80 гласови.



Вторник, 29 септември 2009 година

Триесет и четврта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Триесет и четвртата седница, одржана на 25 септември 2009 година, како матично работно тело во прво читање ги разгледа:



Понеделник, 28 септември 2009 година

Средба на македонски пратеници со шпанскиот пратеник г.Гутиерез Вегара Антонио

Пратеници од Собранието на Република Македонија остварија средба со г. Гутиерез Вегара Антонио, пратеник од Парламентот на Кралството Шпанија. На средбата присуствуваа и шпански експерти, учесници на Конференцијата „Шпанија - Македонија: компаративен пристап за стратешко партнерство за европска интеграција”.

Во расправата учествуваа Александар Спасеновски, Лилјана Поповска, Васко Шутаров, Панче Дамески и Кристина Рунчева.

Копретседавачот на мешовитиот парламентарен комитет, г.Спасеновски, истакна дека евроинтеграцијата е врвен приоритет на Република Македонија и го потенцираше стремежот за визна либерализација и датум за преговори за членство во Европската унија.

Г. Гутиерез Вегара Антонио изјави дека оваа средба претставува можност да ги запознаат овдешните идеи, придонеси и сомнежи, со цел Република Македонија да ги надмине пречките во процесот кон ЕУ интеграција.

Тој изрази надеж дека Извештајот на Европската комисија за Република Македонија ќе биде позитивен и дека ќе се надминат разликите во спорот со името со Грција. 

Шпанските претставници беа заинтересирани до кој степен е подготвена Република Македонија да направи компромис во врска со прашањето за името, какво е гледиштето на македонскиот парламент за абортусот, за улогата на жената во социјалниот свет и правата на жените, како и за учеството на граѓанскиот сектор во европските прашања.

Општа констатација е дека оваа посета и идното претседавање на Шпанија со Европската унија ќе ги отворат можностите за соработка меѓу Македонија и Шпанија.



Петок, 25 септември 2009 година

Претседателот на Собранието Вељаноски се обрати на КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА опционален протокол кон конвенцијата против тортура и востановување на Национален превентивен механизам во република македонија

Сите сме свесни дека процесите на глобализацијата се неминовни и налагаат универзални решенија за многу работи меѓу кои е и превенцијата пред тортурата.  Република Македонија е членка на Обединетите нации, а и како држава  се определивме за евроатлантските интеграции. Затоа мораме од една страна да ги прифатиме тие универзални решенија и стандарди и да работиме на нивно развивање. Само така навистина можеме да бидеме дел од таа глобализација, односно од процесите на интеграција. 



Петок, 25 септември 2009 година, Питсбург

Г-20 постигна принципиелна согласност за ограничување на бонусите во финансиската сфера

На Г-20 Самитот во Питсбург, кој започна вчера со работна вечера, политичките лидери на 19 земји и ЕУ постигнаа принципиелна согласност да се ограничат бонусите во финансиската сфера. Државните и владините раководители од групата препорачуваат овие бонуси да бидат ограничени до определен процент од нето банкарските приходи кога се закануваат на здравата основа на капиталот.



Четврток, 24 септември 2009 година

Новиот модерен информатички систем во парламентот - лидер во регионот

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули особено го нагласи новиот модерен информатички систем во парламентот, кој е лидер во регионот по многу карактеристики и е плод на консензус меѓу сите пратенички групи под цврсти зацртани рамки од страна на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски. 



Четврток, 24 септември 2009, Комисија за европски прашања

Разгледан предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки и индустриски развојни зони

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 22 септември 2009 година го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки и индустриски развојни зони.



Четврток, 24 септември 2009 година

Триесет и трета седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Триесет и третата седница, одржана на 15,16,17,18 и 22 септември 2009 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2009 година.



Четврток, 24 септември 2009 година

Самит на Г-20 во Питсбург

На 24 и 25 септември, американскиот град Питсбург ќе биде домаќин на Самитот на Г-20, чија топ тема ќе биде изнаоѓањето начини за ефективно надминување на глобалната економска криза.



Среда, 23 септември 2009 година

Обраќање на претседателот на Собранието Вељаноски на презентацијата на наставната програма и обуките на Весминстер Фондација во рамките на проектот зајакнување на капацитетите на Собранието на Република Македонија

Во периодот до март 2010 година не очекува уште поинтензивна агенда и динамика за работа при што во фокусот на активностите ќе бидат обуките со службениците во Собранието, но исто така и две работилници со пратениците.
Според заедничката агенда, која може да ја видите во проспектот на курсеви, Фондацијата заедно со програмските партнери од Велика Британија и Република Македонија до март 2010 година ќе организира вкупно 36 дена обука на која е предвидено да учествуваат над 150 пратеници, собраниски службеници и новинари.    



Среда, 23 септември 2009 година

Учество на Делегација на Собранието на Република Македонија во ПД на ЦЕИ на седница на Генералниот комитет за култура на ПД на ЦЕИ во Салцбург, Австрија

Јован Лазарев, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД на ЦЕИ), учествуваше на седницата на Генералниот комитет за култура на ПД на ЦЕИ што се одржа на 17 и 18 септември во Салцбург, Австрија



Среда, 23 септември 2009 година

Германскиот претседател ги потпиша придружните закони за ратификација на Лисабонскиот договор

Претседателот на Германија, г. Хорст Келер, ги потпиша придружните закони за ратификација на Лисабонскиот договор. Се очекува до крајот на седмицата оваа земја да ја финализира ратификацијата на Реформскиот договор на Европската унија од Лисабон.



Среда, 23 септември 2009 година

Дваесет и седма седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Дваесет и седмата седница, одржана на 22 септември 2009 година, како матично работно тело го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони (прво читање).

Вторник, 22 септември 2009 година, Њујорк

Климатски самит на ОН

Над сто шефови на држави денеска ќе земат учество на Климатскиот самит на Обединетите нации во Њујорк. Целта на Самитот е да се унапредат преговорите за постигнување на ефективен, научен и глобален договор за климата на Конференцијата во Копенхаген во декември.

Самитот претставува форум каде лидерите ќе можат да расправаат за основните прашања, да најдат заедничко тло и да им дадат насоки на  преговарачите.

Генералниот секретар на ОН, г. Бан Ки Мун, соопшти дека тоа ќе биде најголемата средба од ваков тип.

По Самитот за климата, од утре ќе се дебатира на традиционалната генерална дебата. Министрите за надворешни работи од целиот свет ќе дискутираат околу договорот за стопирање на тестови за атомско оружје, а Генералното собрание ќе се занимава и со последиците од финансиската криза.


Петок, 18 септември 2009 година

Втора сесија од Конференцијата на претседатели на парламенти посветена на соработката со НАТО

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, учествувајќи во дискусијата, истакна дека Република Македонија многу сериозно ја разбира својата улога во зачувување на мирот како неделива категорија. Токму затоа се определивме и за членство во НАТО. Потсетувајќи на настаните во Букурешт на последниот Самит на НАТО кога Македонија не доби покана само заради апсурдниот спор со јужниот сосед околу нашето уставно име и кога Грција како полноправна членка ја искористи својата позиција во НАТО и ја блокира Република Македонија, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски истакна дека ние и понатаму актвно учествуваме во повеќе мировни мисии на НАТО ЕУ или ОН. Така денеска имаме свои војници во Авганистан, Босна и Херцеговина, Либерија и така натаму.



Петок, 18 септември 2009 година

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија на Конференцијата во Унгарија

На самиот почеток би сакал да изразам благодарност до нашиот домаќин господин Бела Катона, претседател на унгарскиот Парламент.
Со ова, Унгарија како полноправна членка на Европската унија, но и како прв сосед на регионот Западен Балкан, уште еднаш ја потврдува својата принципиелна политика кога станува збор за проширувањето на Европската унија со државите од регионот.  



Петок, 18 септември 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски во Будимпешта учествува на Kонференција на претседатели на парламенти посветена на евроатлантските интеграции на државите од регионот Западен Балкан

На Конференцијата, која ја отвори претседателот на Унгарскиот парламент д-р Бела Катона, учествуваат и претседателите на парламентите на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора. 



Петок, 18 септември 2009 година

Осма седница на Националниот совет за евроинтеграции

Националниот совет за евроинтеграции, на седницата одржана на 17 септември 2009 година, ја разгледа Информацијата за Инструментот за претпристапна помош - ИПА, изготвена од Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Македонија. 



Четврток, 17 септември 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, господин Трајко Вељаноски, во Будимпешта оствари работна средба со претседателот на Унгарскиот парламент, господин Бела Катона

На средбата претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски осврнувајќи се на билатералните односи истакна дека тие се многу добри, а во тоа, свој голем придонес даваат и двата парламента. Помеѓу двата парламента имаме потпишано протокол за соработка кој се реализира преку соработка на сите нивоа, од редовни средби на парламентарните тела и групите за пријателство до средбите на претседатели.



Четврток, 17 септември 2009 година

собранието - зголемување на учеството на граѓанскиот сектор во развојот на демократијата

Генералното собрание на ОН во 2007 година го прогласи 15 септември за Меѓународен ден на демократијата, кој по втор пат беше одбележан во Собранието на Република Македонија преку низа настани.

Централна манифестација, по повод овој настан, беше тркалезната маса на тема „Кон зголемување на учеството на граѓанскиот сектор во законодавната и контролната улога на Собранието".

Со учество на претставници на граѓанскиот сектор, експерти и пратеници се оствари отворена и плодна дебата за актуелната состојба во партиципацијата на невладините организации во работата на Собранието. Притоа беа согледани и можности за зголемено учество на граѓанскиот сектор во законодавната и контролната улога на Собранието, што е во согласност со словото и духот на новодонесениот Закон за Собранието.

Модераторот на тркалезната маса, пратеникот Цветанка Иванова, во заклучните согледувања истакна дека се очекува невладините организации да имаат проактивна улога во процесот на донесување на законите, почнувајќи од подготвителната фаза, преку остварувањето на контолната улога, па сè до нивната имплементација.

Учесниците искажаа заложба и поддршка на јавните расправи организирани во Собранието, како значаен елемент во развојот и во унапредувањето на демократијата.   



Четврток, 17 септември 2009 година, Европски парламент

Македонија ги исполни условите за визна либерализација

Најголемиот број пратенички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот за визна либерализација на Македонија, Србија и Црна Гора. Еврокомесарот за внатрешни работи, г.Жак Баро и шведскиот министер за европски прашања Сесилија Малмстром, пред европратениците во Стразбур соопштија дека овие три земји од Западен Балкан ги имаат сите изгледи од 1 јануари 2010 година да бидат вклучени во шенгенската зона на Европската унија.



Среда, 16 септември 2009 година, Стразбур

Република Македонија посветено работи за добивање датум за преговори за членство во Европската унија

Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на Комисијата г. Петар Поп Арсов, а во состав: г-ѓа Славица Грковска Лошкова и г. Хајрула Мисини, вчера и денес имаше повеќе средби со европратеници, при што македонската делегација ги презентираше последните постигнувања во евроинтегративниот процес, во поглед на исполнувањата на бенчмарковите од страна на Европската комисија.



Среда, 16 септември 2009 година, Стразбур

Жозе Мануел Баросо реизбран за претседател на Еврокомисијата

На третиот ден од пленарната седница во Стразбур, Европскиот парламент ја поддржа кандидатурата на г.Жозе Мануел Баросо за втор петгодишен мандат на местото претседател на Европската комисија.



Среда, 16 септември 2009 година, Стразбур

Актуелниот и поранешните претседатели на Европарламентот ѝ порачаа на Ирска да го поддржи Лисабонскиот договор

На иницијатива на актуелниот претседател на Европскиот парламент, г.Јержи Бузек, по повод неговиот говор на вториот ден од пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур, присуствуваа осум поранешни претседатели на Европарламентот. Сите тие покренаа апел до граѓаните на Ирска да го поддржат Лисабонскиот договор на референдумот на 2 октомври.



Вторник, 15 септември 2009 година

Одбележување на Меѓународниот ден на демократијата

Во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на демократијата 15 септември, претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, во својот кабинет примаше граѓани кои го посетија Собранието.



Вторник, 15 септември 2009 година

Шеснаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на шеснаесеттата седница одржана на 14 септември 2009 година, како заинтересирано работно тело го разгледа Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2009 година.



Вторник, 15 септември 2009 година

Дваесет и шеста седница на комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања, како матично работно тело, на денешната седницата ги разгледа Предлогот на Законот за акредитација (второ читање) и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за метрологија (второ читање).



Вторник, 15 септември 2009 година, Стразбур

Нема одложување на гласањето за Баросо

Европскиот парламент на стартот од пленарната сесија во Стразбур го усвои дневниот ред без промени, откако предлогот на Зелените и другите групи за одложување на гласањето за г.Жозе Мануел Баросо за претседател на Европската комисија, беше отфрлен со 248 гласа „против“, 135 „за“ и 14 „воздржани“.



Понеделник, 14 септември 2009 година

Дваесет и петта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Дваесет и петтата седница, одржана на 11 септември 2009 година, како заинтересирано работно тело го разгледа Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2009 година.



Понеделник, 14 септември 2009 година, Стразбур

Пленарна сесија на Европскиот парламент

Европскиот парламент од 14 до 17 септември во Стразбур ќе одржи пленарна сесија, на која, меѓу другото, ќе расправа за кандидатурата за нов мандат на г. Жозе Мануел Баросо на функцијата претседател на Европската комисија, во пресрет на гласањето в среда.



Петок, 11 септември 2009 година, Европска комисија

план за финансирање на борбата против глобалното затоплување

Европската комисија објави план за финансирање на борбата против глобалното затоплување во земјите во развој, со кој се предвидува донација од Европската унија во вредност меѓу 2 и 15 милијарди евра годишно до 2020 година. Финансиска помош се очекува да пристигне и од некои големи индустриски земји, како Кина и Индија.



Петок, 11 септември 2009 година, Совет на Европа

Конференција во Париз за човековите права и демократијата

Како да се заштитат човековите и законодавните права во услови на рецесија и постконфликтни ситуации во некои делови на Европа што претставува закана за нарушување на општите заеднички вредности, како може да се комбинира културната шареноликост со цел почитување на секого и секаде, дали Стариот континент е пример за вредност пред останатите континенти – ова се само дел од прашањата на кои ќе се расправа на Конференцијата во Париз.



Четврток, 10 септември 2009 година

Шеста седница на Буџетскиот совет

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија на 9 септември 2009 година ја одржа шестата седница, на која ги разгледа Предлог-буџетското барање на Собранието на Република Македонија за 2010 година и периодот 2010-2012 година и Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2009 година - Раздел 02001 Собрание на Република Македонија.



Четврток, 10 септември 2009 година

Европарламентот ќе гласа за Баросо на 16 септември

Европратениците на 16 септември ќе одлучат дали г. Жозе Мануел Баросо ќе добие втор мандат како претседател на Европската комисија. Конференцијата на претседатели - лидери на политичките групи на Европскиот парламент и претседателот на Парламентот денеска потврдија дека гласањето ќе се одржи в среда.



Среда, 9 септември 2009 година

Исланд доби прашалник за членство во ЕУ

Комесарот за проширување на Европската унија, г. Оли Рен, на Владата на Исланд ѝ предаде прашалник за членство. Документот содржи 2000 прашања, кои Исланд треба да ги одговори до 16 ноември, а кои се основа за извештај до Советот на Европа.



Среда, 9 септември 2009 година, Европска комисија

Хуманитарна помош за африканските земји погодени од климатските промени

Европската комисиja ќе одвои 53.475 милиони евра за помош на африканските земји Сомалија, Етиопија, Кенија, Уганда, Чад, Буркина Фасо, Нигер, Мали и Мавританија, кои се соочуваат со екстремни метеоролошки опасности како резултат на климатските промени.



Среда, 9 септември 2009 година

Дваесет и деветта седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања, на дваесет и деветтата седница, одржана на 3 септември 2009 година, ја разгледа Информацијата за реализираните активности од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, ревизија 2009 година, за периодот 01.01.2009 - 30.06.2009 година.



Понеделник, 7 септември 2009

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски на приемот по повод Денот на независнота на Република Македонија 8 септември

Почитуван претседателе на Република Македонија, г-н Ѓорге Иванов
Почитуван претседателе на Владата на Република Македонија, г-н Никола Груевски
Почитувани колеги пратеници,
Почитувани министри,
Почитувани претставници на верските заедници,
Ваши екселенции, дами и господа, драги пријатели,
Осми септември 1991 година заедно со двата Илиндена претставуваат три датуми во историјата на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија кои се тесно поврзани со вековните стремежи, борби и сонувања за самостојна држава.



Понеделник, 7 септември 2009 година

ЈАВНА РАСПРАВА ПО ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

Националниот совет за евроинтеграции на 4 септември 2009 година организираше Jавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи.



Понеделник, 7 септември 2009 година, Комисија за европски прашања

Разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи

Комисијата за европски прашања на седницата одржана на 3 септември 2009 година, го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи. Повереникот на Владата на Република Македонија, г.Стојан Трајанов, државен советник во Министерството за труд и социјална политика, го образложи Предлог-законот од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската унија и неговата потреба да се даде на натамошно читање.



Петок, 4 септември 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот амбасадор на кралството Норвешка, Н.Е. Кјетил Паулсен

Претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски, на средбата ги нагласи досегашните добри и пријателски билатерални односи со Норвешка и изрази уверување дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина. Притоа, посебно ја цениме поддршката која досега ни ја даваше Норвешка кон нашата евроатланска интеграција. Верувам дека оваа поддршка и понатаму ќе продолжи, а во истовреме ќе ја продлабочиме и билатералната соработка на сите нивоа, истакна претседателот Вељаноски.



Петок, 4 септември 2009 година

Триесет и втора седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на 3 септември 2009 година ја одржа триесет и втората седница.



Петок, 4 септември 2009 година, Европска комисија

Поддршка за Глобалниот план за климатски услуги

Европската комисиja го поддржа новиот Глобален план за климатски услуги, за кој се расправа на Третата светска конференција за климата во Женева, а кој е предложен од Светската метеоролошка организација, чијашто цел е да се добијат повеќе научно потврдени податоци и системи за прогнозирање на климата. Оваа иницијатива ќе се спроведува сè до конференцијата во Копенхаген во декември годинава.



Четврток, 3 септември 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот амбасадор на Арапската Република Египет, Н.Е. г-ѓа Абдел Фатах Ахмед Фарах

Претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски, оценувајќи ги односите како многу добри, истакна дека во иднина посебно внимание треба да се посвети на економската соработка која заостанува зад политичките односи. Тука верувам дека можеме многу да сториме, бидејќи економската соработка посебно во повисоки форми е во интерес на двете држави. Во тие рамки на соработка секако посебно место има парламентарната соработка. Во собранието имаме формирано група за соработка со државите од Блискиот и Среден Исток, а верувам дека преку оваа група, како и преку другите собраниски тела, можеме таа соработка да ја интензивираме, а во тие рамки претседателот Вељаноски упати покана до претседателот на Египетскиот парламент да ја посети Република Македонија.



Четврток, 3 септември 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот амбасадор на Социјалистичка Република Виетнам, Н.Е.Тран Ван Тин

На средбата претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски, изрази надеж дека во иднина односите меѓу двете земји ќе бележат зајакнување во меѓусебните економски и политички релации. Верувам дека интерес за ова има и кај двете страни. Во тие рамки, Собранието на Република Македонија е подготвено да придонесе во јакнење на меѓусебната парламентарна соработка.



Четврток, 3 септември 2009 година

Македонија дел од ЕУ средбата во Стокхолм

На 4 и 5 септември, г-дин Карл Билд, како министер за надворешни работи на Шведска, која претседава со Европската унија, ќе биде домаќин на неформалната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ, која ќе се одржи во шведскиот музеј на архитектурата во Стокхолм.



Четврток, 3 септември 2009 година

Жозе Мануел Баросо ги претстави политичките цели за вториот мандат како претседател на Европската комисија

Претседателот на Европската комисија, г-дин Жозе Мануел Баросо, до претседателот на Европскиот парламент ги испрати своите политички цели за вториот мандат на оваа позиција. Како основни приоритети тој ги наведува успешното надминување на економската криза, климатските промени, нови патишта за стабилен развој и старт на нова ера за глобална Европа.



Среда, 2 септември 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски денеска го прими министерот за надворешни работи на Чешката Република, г.Јан Кохут

На средбата претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски, го истакна континуираното продлабочување на билатералните односи меѓу двете држави на сите нивоа. Во тие рамки е и соработката меѓу двата парламенти, така во мај имавме посета на претседателот на Чешкиот сенат, господинот Соботка, а секако и посетата на чешкиот премиер Тополанек на Македонија придонесува тие билатерални односи да имаат нагорен тренд.



Среда, 2 септември 2009, Брисел

ЕУ министрите за финансии на неформален работен ручек

Шведското претседателство на Советот на Европската унија ги повика ЕУ министрите за финансии на неформален работен ручек во Брисел. Целта на оваа средба е да се подготват заедничките ЕУ позиции пред состанокот на Г-20 министрите за финансирање и гувернерот на Централна банка во Лондон на 4 и 5 септември.



Вторник, 1 септември 2009 година, Комисија за економски прашања

Разгледан Предлог-законот за акредитација

Комисијата за економски прашања на Дваесет и четвртата седница, одржана на 31 август 2009 година, го разгледа Предлог-законот за акредитација (прво читање). Предлог-законот го образложи повереникот на предлагачот, г-дин Трпе Ристоски, директор на Институтот за акредитација на Република Македонија.



Вторник, 1 септември 2009 година

Парламентарното собрание на Советот на Европа со нацрт-резолуции за климатските промени

Комисијата за екологија, земјоделство и локални и регионални прашања на Парламентарното собрание на Советот на Европа на 4 септември во Париз ќе усвои неколку нацрт-резолуции и препораки во врска со климатските промени.

Click