Среда, 30 септември 2009 година
Торбјорн Јагланд - нов генерален секретар на Советот на Европа

Парламентарното собрание на Советот на Европа го избра г.Торбјорн Јагланд од Норвешка за нов генерален секретар на Советот на Европа за следниот петгодишен мандат. Во првиот круг на изборите, од вкупно 245 гласови, г.Јагланд освои 165 (апсолутно мнозинство) наспроти г.Владимир Тимошевич од Полска, кој доби 80 гласови.
Прочитај повеќе
Петок, 25 септември 2009 година, Питсбург
Г-20 постигна принципиелна согласност за ограничување на бонусите во финансиската сфера

На Г-20 Самитот во Питсбург, кој започна вчера со работна вечера, политичките лидери на 19 земји и ЕУ постигнаа принципиелна согласност да се ограничат бонусите во финансиската сфера. Државните и владините раководители од групата препорачуваат овие бонуси да бидат ограничени до определен процент од нето банкарските приходи кога се закануваат на здравата основа на капиталот.
Прочитај повеќе
Петок, 25 септември 2009 година
Европски ден на јазиците

Во земјите од Европската унија се прославува Европскиот ден на јазиците - празник на многубројните јазици кои се говорат во ЕУ. Идејата на манифестациите кои ќе одржат во земјите од ЕУ е да се поттикне интерес кај децата и возрасните кон јазиците и изучување на истите.
Прочитај повеќе
Четврток, 24 септември 2009 година
Самит на Г-20 во Питсбург

На 24 и 25 септември, американскиот град Питсбург ќе биде домаќин на Самитот на Г-20, чија топ тема ќе биде изнаоѓањето начини за ефективно надминување на глобалната економска криза.
Прочитај повеќе
Среда, 23 септември 2009 година
Германскиот претседател ги потпиша придружните закони за ратификација на Лисабонскиот договор

Претседателот на Германија, г. Хорст Келер, ги потпиша придружните закони за ратификација на Лисабонскиот договор. Се очекува до крајот на седмицата оваа земја да ја финализира ратификацијата на Реформскиот договор на Европската унија од Лисабон.
Прочитај повеќе
Вторник, 22 септември 2009 година, ЊујоркКлиматски самит на ОН
Над сто шефови на држави денеска ќе земат учество на Климатскиот самит на Обединетите нации во Њујорк. Целта на Самитот е да се унапредат преговорите за постигнување на ефективен, научен и глобален договор за климата на Конференцијата во Копенхаген во декември.Самитот претставува форум каде лидерите ќе можат да расправаат за основните прашања, да најдат заедничко тло и да им дадат насоки на преговарачите.
Генералниот секретар на ОН, г. Бан Ки Мун, соопшти дека тоа ќе биде најголемата средба од ваков тип.
По Самитот за климата, од утре ќе се дебатира на традиционалната генерална дебата. Министрите за надворешни работи од целиот свет ќе дискутираат околу договорот за стопирање на тестови за атомско оружје, а Генералното собрание ќе се занимава и со последиците од финансиската криза.
Прочитај повеќе
Петок, 18 септември 2009 година
Германија само чекор пред ратификација на Лисабонскиот договор

Десет дена по Бундестагот, Бундесратот, го „исчисти“ патот за ратификација на Лисабонскиот договор од страна на Германија. Денеска, во вториот дом на германскиот сојузен парламент, беа изгласани придружните закони за европскиот реформски договор, со кои се засилени правата на соодлучување на Бундестагот и Бундесратот во европските прашања.
Прочитај повеќе
Среда, 16 септември 2009 година, Стразбур
Жозе Мануел Баросо реизбран за претседател на Еврокомисијата

На третиот ден од пленарната седница во Стразбур, Европскиот парламент ја поддржа кандидатурата на г.Жозе Мануел Баросо за втор петгодишен мандат на местото претседател на Европската комисија.
Прочитај повеќе
Среда, 16 септември 2009 година, Стразбур
Актуелниот и поранешните претседатели на Европарламентот ѝ порачаа на Ирска да го поддржи Лисабонскиот договор

На иницијатива на актуелниот претседател на Европскиот парламент, г.Јержи Бузек, по повод неговиот говор на вториот ден од пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур, присуствуваа осум поранешни претседатели на Европарламентот. Сите тие покренаа апел до граѓаните на Ирска да го поддржат Лисабонскиот договор на референдумот на 2 октомври.
Прочитај повеќе
Среда, 16 септември 2009 година
Европската комисија донесе стратегија против свинскиот грип

Европската комисија донесе стратегија за поддршка на земјите-членки во нивните напори ефективно да одговорат на пандемијата H1N1 2009. Со цел да се минимализира негативното влијание на пандемијата, Комисијата потенцираше колку е значајна тесната соработка меѓу земјите-членки во сите засегнати сектори.
Прочитај повеќе
Вторник, 15 септември 2009 година, Стразбур
Нема одложување на гласањето за Баросо

Европскиот парламент на стартот од пленарната сесија во Стразбур го усвои дневниот ред без промени, откако предлогот на Зелените и другите групи за одложување на гласањето за г.Жозе Мануел Баросо за претседател на Европската комисија, беше отфрлен со 248 гласа „против“, 135 „за“ и 14 „воздржани“.
Прочитај повеќе
Петок, 11 септември 2009 година, Европска комисија
план за финансирање на борбата против глобалното затоплување

Европската комисија објави план за финансирање на борбата против глобалното затоплување во земјите во развој, со кој се предвидува донација од Европската унија во вредност меѓу 2 и 15 милијарди евра годишно до 2020 година. Финансиска помош се очекува да пристигне и од некои големи индустриски земји, како Кина и Индија.
Прочитај повеќе
Петок, 11 септември 2009 година, Совет на Европа
Конференција во Париз за човековите права и демократијата

Како да се заштитат човековите и законодавните права во услови на рецесија и постконфликтни ситуации во некои делови на Европа што претставува закана за нарушување на општите заеднички вредности, како може да се комбинира културната шареноликост со цел почитување на секого и секаде, дали Стариот континент е пример за вредност пред останатите континенти – ова се само дел од прашањата на кои ќе се расправа на Конференцијата во Париз.
Прочитај повеќе
Четврток, 10 септември 2009 година
Европарламентот ќе гласа за Баросо на 16 септември

Европратениците на 16 септември ќе одлучат дали г. Жозе Мануел Баросо ќе добие втор мандат како претседател на Европската комисија. Конференцијата на претседатели - лидери на политичките групи на Европскиот парламент и претседателот на Парламентот денеска потврдија дека гласањето ќе се одржи в среда.
Прочитај повеќе
Четврток, 10 септември 2009 година
Се бара стратегија за борба против свинскиот грип

Министрите за здравство на земјите од Г-7, Мексико и европскиот комесар за здравство, ќе остварат средба во Брисел, на која ќе расправаат за изнаоѓање мерки против ширењето на актуелниот грип A/H1N1.
Прочитај повеќе
Среда, 9 септември 2009 година
Исланд доби прашалник за членство во ЕУ

Комесарот за проширување на Европската унија, г. Оли Рен, на Владата на Исланд ѝ предаде прашалник за членство. Документот содржи 2000 прашања, кои Исланд треба да ги одговори до 16 ноември, а кои се основа за извештај до Советот на Европа.
Прочитај повеќе
Среда, 9 септември 2009 година, Европска комисија
Хуманитарна помош за африканските земји погодени од климатските промени

Европската комисиja ќе одвои 53.475 милиони евра за помош на африканските земји Сомалија, Етиопија, Кенија, Уганда, Чад, Буркина Фасо, Нигер, Мали и Мавританија, кои се соочуваат со екстремни метеоролошки опасности како резултат на климатските промени.
Прочитај повеќе
Петок, 4 септември 2009 година, Европска комисија
Поддршка за Глобалниот план за климатски услуги

Европската комисиja го поддржа новиот Глобален план за климатски услуги, за кој се расправа на Третата светска конференција за климата во Женева, а кој е предложен од Светската метеоролошка организација, чијашто цел е да се добијат повеќе научно потврдени податоци и системи за прогнозирање на климата. Оваа иницијатива ќе се спроведува сè до конференцијата во Копенхаген во декември годинава.
Прочитај повеќе
Четврток, 3 септември 2009 година
Македонија дел од ЕУ средбата во Стокхолм

На 4 и 5 септември, г-дин Карл Билд, како министер за надворешни работи на Шведска, која претседава со Европската унија, ќе биде домаќин на неформалната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ, која ќе се одржи во шведскиот музеј на архитектурата во Стокхолм.
Прочитај повеќе
Четврток, 3 септември 2009 година
Жозе Мануел Баросо ги претстави политичките цели за вториот мандат како претседател на Европската комисија

Претседателот на Европската комисија, г-дин Жозе Мануел Баросо, до претседателот на Европскиот парламент ги испрати своите политички цели за вториот мандат на оваа позиција. Како основни приоритети тој ги наведува успешното надминување на економската криза, климатските промени, нови патишта за стабилен развој и старт на нова ера за глобална Европа.
Прочитај повеќе
Среда, 2 септември 2009, Брисел
ЕУ министрите за финансии на неформален работен ручек

Шведското претседателство на Советот на Европската унија ги повика ЕУ министрите за финансии на неформален работен ручек во Брисел. Целта на оваа средба е да се подготват заедничките ЕУ позиции пред состанокот на Г-20 министрите за финансирање и гувернерот на Централна банка во Лондон на 4 и 5 септември.
Прочитај повеќе
Вторник, 1 септември 2009 година, Гдањск
Седумдесет години од почетокот на Втората светска војна

Во Гдањск, Полска, денеска се одбележуваат точно 70 години од почетокот на Втората светска војна. Преку дваесет европски државници, предводени од полскиот претседател Лех Качињски и од премиерот Доналд Туск, положија венци во знак на сеќавање на жртвите.
Прочитај повеќе
Вторник, 1 септември 2009 година
Парламентарното собрание на Советот на Европа со нацрт-резолуции за климатските промени

Комисијата за екологија, земјоделство и локални и регионални прашања на Парламентарното собрание на Советот на Европа на 4 септември во Париз ќе усвои неколку нацрт-резолуции и препораки во врска со климатските промени.
Прочитај повеќе