Средби



Среда, 23 март 2011 година

Македонија да продолжи на евроинтегративниот пат

Потпретседателот на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Република Македонија, г-ѓа Силвана Бонева,  денеска оствари средба со Делегација на Комисијата за надворешна политика на Парламентот на Република Унгарија, која беше предводена од г. Михај Бала, претседател на Комисијата.



Петок, 18 март 2011 година

Средба на Националниот совет за евроинтеграции со европратеникот, г-ѓа Сандра Калниете

На средбата, покрај потпретседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Силвана Бонева, присуствуваа и претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп Арсов, копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија–Европска унија, г. Александар Спасеновски, заменик-претседателот на Комисијата за надворешна политика, г. Васко Шутаров, претставници и членови на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и останати пратеници, членови и претставници на Советот и Комисиите.



Понеделник, 21 февруари 2011 година

Европскиот парламент силен поддржувач на Република Македонија во евроинтегративниот процес

Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Република Македонија денеска оствари средба со г. Едуард Кукан, пратеник во Европскиот парламент и известител во сенка за Република Македонија во групата на Европски народни партии и поранешен министер за надворешни работи на Словачка Република, кој е во работна посета на Република Македонија.



Петок, 23 јули 2010 година

Мирот на Балканот е услов за стабилност на цела Европа

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска, денеска оствари средба со г. Пјер Лелуш, министер за европски прашања на Француската Република. Во состав на Делегацијата беа присутни амбасадорот на Француската Република во Република Македонија, Н.Е. Жан Клод Шлумберже, европратеникот г. Арно Данжан и г. Тиери Гишу, заменик-директор во подирекција за Балканската Европа



Среда, 23 јуни 2010 година

Средба на Националниот совет за евроинтеграции со г. Дејвид Лидингтон

Националниот совет за евроинтеграции денеска имаше средба со г. Дејвид Лидингтон, министер за Европа на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска



Вторник, 20 април 2010 година

Мадрид ги поддржува македонските евроатлантски интеграции

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска, заедно со членовите и претставниците на Советот, остварија средба со г. Мигел Анхел Моратинос, министер за надворешни работи на Кралството Шпанија



Петок, 19 февруари 2010 година

Обраќање на еврокомесарот г. Штефан Фуле во рамките на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија и Европската унија

Членовите и претставниците на Националниот совет за евроинтеграции денес присуствуваа на обраќањето на г. Стефан Фуле Комесар за проширување и европската политика на соседство. Обраќањето беше во рамките на Седмиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија и Европската унија што се одржа во Собранието на Република Македонија на 18 и 19 февруари 2010 година. Посетата на г. Стефан Фуле, на Република Македонија, е меѓу првите посети веднаш по именувањето на функцијата



Четврток, 19 февруари 2010 година

СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМИСИЈАТА ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции г-ѓа Радмила Шекеринска, потпретседателот на Советот г-ѓа Силвана Бонева, членот г.Владо Камбовски и претставникот на Граѓанската платформа на Македонија, г. Александар Кржаловски, на 18 февруари 2010 година остварија средба со делегација на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент (АФЕТ), предводена од г. Алојз Петерле, шеф на делегацијата и членовите г. Георгиос Кумуцакос, г. Зоран Талер, г-ѓа Норика Николаи, г-ѓа Марије Корнелисен и г. Чарлс Танок



Петок, 18 декември 2009 година

Средба на Националниот совет за евроинтеграции со пратениците на европскиот парламент г-ѓа Тања Фајон и г. Зоран талер

На средбата присуствуваа членовите и претставниците на Националниот совет за евроинтеграции, членовите на Комисијата за надворешна политика, членовите на Комисијата за европски прашања, членовите на Мешовитиот парламентарен комитет на РМ-ЕУ, претставници на амбасадите од Кралството Шведска, Кралството Шпанија и Чешката Република, претставници од невладиниот сектор, медиумите и службата на Собранието на Република Македонија



Петок, 09 октомври 2009

Средба на Националниот совет за евроинтеграции со г. Ролф Мафаел директор и ополномошен за начелни прашања за проширување на ЕУ во Германското министерство за надвореши работи

Националниот совет за евроинтеграции оствари средба со г. Ролф Мафаел, директор и ополномошен за начелни прашања за проширување на ЕУ во Германското министерство за надвореши работи. Во рамки на германската делегација присуствуваа г. Петер Бушман, претставник на Одделот за ЕУ проширување-односи на ЕУ со Западен Балкан и г-ѓа Улрике Кноц, амбасадор на Сојузна Република Германија.



Среда, 2 септември, 2009 година

Принципиелна поддршка од Чешката Република за евроатлантската определба на Република Македонија

Членовите и претставниците на Националниот совет за евроинтеграции денеска имаа средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република г. Јан Кохут.



Четврток, 23 јули 2009 година

Средба на комесарот за проширување на Европската комисија, г. Оли Рен со членовите на Националниот совет за евроинтеграции

Комесарот за проширување на Европската комисија, г. Оли Рен на средбата со членовите на Националниот совет за евроинтеграции, каде што присуствуваа и членови на Комисијата за надворешна политика, Комисијата за европски прашања и Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија - Европска унија беше запознат со работата на Националниот совет за евроинтеграции.



Вторник, 16 јуни 2009 година

Иднината на Република Македонија е во Европската унија

Потпретседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г- ѓа Силвана Бонева, и членовите се сретнаа денеска со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Луис Мариа де Пуч.На средбата претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Луис Мариа де Пуч, беше запознат со активностите и составот на Националниот совет за евроинтеграции. Исто така, гостинот беше запознат со успешното спроведување на реформите во Република Македонија за добивање на датум за преговори за членство во Европската унија и за добивање визна либерализација.



Понеделник, 8.6.2009 година

Република Хрватска е голем поддржувач на Република Македонија за влез во ЕУ

Потпреседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Силвана Бонева и дел од членовите на советот имаше средба со делегација на Комисијата за европски прашања на Саборот на Република Хрватска.



Вторник, 19 мај 2009 година

Средба на г-ѓа Радмила Шекеринска, претседател на Националниот совет за евроинтеграции со претседателот на Сенатот на парламентот на Република Чешка, г. Пржемисл Соботка

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска и членовите на советот имаа средба со претседателот на Сенатот на парламентот на Република Чешка, г. Пржемисл Соботка, кој со делегација се наоѓа во официјална посета на Република Македонија.

Понеделник, 27 април 2009 година

Средба на претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска со г. Кристијан Хедберг, раководител на одделот за Република Македонија во Генералниот директорат за проширување на Европската комисија

На 28 април 2009 година, (вторник) ќе се одржи средба на Радмила Шекеринска, претседател на Националниот совет за евроинтеграции и г. Кристијан Хедберг, раководител на одделот за Република Македонија во Генералниот директорат за проширување на Европската комисија



Четврток, 9 април 2009 година

Средба на Ангелика Беер со Радмила Шекеринска и Петар Поп Арсов

Ангелика Беер, член на Европскиот парламент имаше средба со г-ѓа Радмила Шекеринска, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, на која присуствуваа и г-ѓа Силвана Бонева, потпретседател, г-ѓа Теута Арифи, член и г. Александар Кржаловски, претставник на Граѓанската платформа.

Архива
Click