Среда, 15 декември 2010 година

ЕДИНАЕСЕтТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ – ЕДНА ГОДИНА ОД ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА ПРВИОТ БРОЈ

На 15 декември 2010 година, во пресрет на новогодишните и божикните празници, излезе новиот, 11-ти број на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет. Во Билтенот е поместено обраќање на ко-претседавачот, пратеникот Александар Спасеновски до колегите европратеници, како и до другите личности кои го добиваат Билтенот, како и една фото-репортажа од најзначајните меѓународни активности на македонскиот законодавен дом во изминатите 365 дена



Четврток, 9 декември 2010 година

ИЗЛЕЗЕ ДЕСЕТтИОТ БРОЈ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ

Во тековниот број на Билтенот, содржани се информации за одржувањето на Осмиот состанок на МПК- Република Македонија и Европската унија, за традиционалното предавање на Извештајот на ЕК за напредокот на Република Македонија за 2010 година од страна на Н. Е. Ерван Фуере на претседателот Трајко Велјаноски и на останатото раководство на Собранието, потоа за посетата на пратенички на Собранието на Европскиот парламент, како и за активности на Клубот на пратенички на средба со Н. Е. Симоне Филипини, амбасадорката на Кралството Холандија во Република Македонија и холандските женски организации. Во билтенот се опфатени теми и за одбележувањето на 20 години плурализам во Македонија и посетата на г. Александар Спасеновски на Брисел во рамките на подготовките за претстојниот состанок на МПК



Вторник, 30 ноември 2010 година, Брисел

Усвоени препораки на осмиот соСтанок на Мешовитиот парламентарен комитет - РМ и ЕУ

Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија го поздравија континуираниот напредок во реформите на Собранието, полицијата, судството, јавната администрација и заштитата на малцинствата. Беше поздравена антикорупциската политика согласно препораките на ГРЕКО.



Вторник, 9 ноември 2010 година

Пратеникот Александар Спасеновски во дводневна посета на Брисел

Спасеновски за време на посетата ќе оствари средби со известителот на Европскиот парламент за Република Македонија, г. Зоран Талер, ко-претседавачот на МПК од Европскиот парламент, Јорго Шацимаркакис, како и повеќе европратеници членови во МПК – РМ и ЕУ, но и други кои ги следат настаните во Република Македонија



Понеделник. 8 ноември 2010 година

ИЗЛЕЗЕ ДЕВЕТТИОТ БРОЈ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ

Во пресрет на објавувањето на Извештајот на Европската комисија, излезе деветтото издание на Билтенот на Собраниската делегација во Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – Европска унија (МПК РМ-ЕУ), чиј претседавач е пратеникот Александар Спасеновски



Среда, 3 ноември 2010 година

ПРАТЕНИКОТ СПАСЕНОВСКИ ИСПРАТИ ПИСМО ДО ЕВРОПРАТЕНИЦИТЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО

Во пресрет на објавувањето на Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2010 година од страна на Европската комисија, шефот на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската унија (МПК - РМ и ЕУ), г. Александар Спасеновски, испрати писмо до европратениците членови на Делегацијата во МПК - РМ и ЕУ кои ги следат состојбите во Република Македонија



Понеделник, 4 октомври 2010 година

ИЗЛЕЗЕ ОСМИОТ БРОЈ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ

На почетокот на месец октомври, излезе осмото издание на Билтенот на собраниската делегација во Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – Европска унија (МПК РМ-ЕУ). Во тековниот број, содржани се информации и активности за посетата на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на Република Турција и за средбата со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, како и други информации поврзани со активностите на релевантните собраниски тела и делегации кои работат на европски прашања. 



Понеделник, 27 септември 2010 година

СПАСЕНОВСКИ: ПОСТОЈАТ НАЧИНИ КАКО ДА ПРОДОЛЖАТ ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ ВО УСЛОВИ НА НЕРЕШЕН СПОР СО ИМЕТО

Заменик- координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, г. Александар Спасеновски, на 24 септември 2010 година, одржа предавање пред третата генерација слушатели на „Школата за политика“ на тема: „Улогата на Собранието во процесот на европските интеграции“.



Вторник, 7 септември 2010 година

СПАСЕНОВСКИ: МАКЕДОНИЈА ПРАВИ Сѐ ЗА ДА ДОБИЕ ПОЗИТИВЕН ИЗВЕШТАЈ ОД ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА

Шефот на делегацијата на Собранието во Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – Европска Унија, г. Александар Спасеновски изјави дека сите релевантни актери задолжени за европскиот пат на државата прават сè државата во целост да ги реализира своите обврски.



Четврток, 2 септември 2010 година

ИЗЛЕЗЕ СЕДМИОТ БРОЈ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ
 
Излезе седмиот број на Билтенот на собраниската делегација во Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – Европска унија (МПК). Билтенот на МПК, кој во електронска форма излегува еднаш месечно, содржи информации и текстови поврзани со активностите на МПК, како и на другите собраниски тела кои поблизу се грижат за унапредување на процесот на европските интеграции на Република Македонија.

Билтенот се доставува до повеќе стотици личности чија работа е поврзана со европскиот пат на Република Македонија, а пред сè европратениците, кои се членови или заменици-членови на МПК РМ-ЕУ, како и други европратеници, пратениците во Собранието на Република Македонија кои исто така членуваат во заедничкото македонско-европско тело за соработка, дипломати, членови на администрацијата во Европскиот парламент и Европската комисија, пратеници кои работат на европски прашања од националните парламенти на земјите-членки на ЕУ, амбасади, преставници на домашни и странски невладини организации, институции и образовни установи од земјата и од странство.

МПК, како собраниско тело задолжено за унапредување на парламентарната димензија на соработката помеѓу Република Македонија и Европската унија, со издавањето на Билтенот во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија, има за цел на релевантните политички и други актери од Македонија и од Брисел, поблизу да им ги претстави активностите на македонските институции во насока на што поскоро зачленување на државата во Европската унија.

Последниот број на Билтенот, како и неговите минати изданија, можете да ги прочитате на следнава адреса:
http://www.sobranie.mk/default.asp?ItemID=167797EA0BEE7D4295AA593897ABC8B6, а

Повеќе информации за активностите на МПК можете да добиете на следнава адреса:
http://www.sobranie.mk/default.asp?ItemID=B052DC5680964D41A79CCA558F2A68E4



Среда, 25 август 2010 година

СПАСЕНОВСКИ: НАУКАТА ДА ДАДЕ ОДГОВОР ЗА УЛОГАТА НА ПАРТИИТЕ И МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НА МАКЕДОНИЈА

На 13 јули 2010 година на трибината: „Политичката мисла во граѓанското општество“ по повод излегувањето на јубилејниот 30. број на политколошкиот магазин „Политичка Мисла“ во издание на локалното преставништво на германската фондација „Конрад Аденауер“, учествуваше и копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет (МПК), Александар Спасеновски



Вторник, 20 јули 2010 година

ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРИОРИТЕТИТЕ НА БЕЛГИСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО СОВЕТОТ НА ЕУ

На заедничка седница на телата кои работат на европските интеграции, меѓу кои и Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија, беа презентирани приоритетите на Белгиското претседателство. Обраќајќи се прво во име на ЕУ, амбасадорот Ерван Фуере побара Република Македонија да продолжи со реформите на полето на администрацијата, судството, спроведувањето на Охридскиот рамковен договор и со зајакнување на политичкиот дијалог



Петок, 19 февруари 2010 година

Еврокомесарот за проширување и европска политика на соседството, г. Штефан Фуле, се обрати пред Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија

Во рамките на Седмиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија, кој се одржа на 18 и 19 февруари 2010 година, во Собранието на Република Македонија, пред пратениците од Делегацијата на Собранието на Република Македонија и европратениците во Делегацијата на Европскиот парламент во комитетот свое обраќање имаше г. Штефан Фуле, еврокомесар за проширување и европска политика на соседство на Европската комисија. На обраќањето присуствуваа и потпретседателите на Собранието на Република Македонија, координаторите на пратеничките групи, членовите на Националниот совет за евроинтеграции, членовите на Комисијата за европски прашања и членовите на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија



Петок, 19 февруари 2010 година

Препораки Мпк рм-еу - Продолжување со реформите и напредокот во политичкиот дијалог

На Седмиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија, кој се одржа на 18 и 19 февруари 2010 година, во Собранието на Република Македонија учествува пратениците од Делегацијата на Собранието на Република Македонија и европратениците во Делегацијата на Европскиот парламент во комитетот, а свои обраќања имаа и г. Васко Наумовски, вице-премиер задолжен за европски прашања, г. Антонио Милошоски, министер за надворешни работи на Република Македонија, во име на Владата на Република Македонија, Н.Е. г. Ерван Фуере, специјален претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, во име на Европската унија и г-ѓа Александра Кас Грање, директор на Генералниот директорат Б за проширување, во име на Европската комисија



Четврток, 18 февруари 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со г. Јорго Шацимаркакис и г. Алојз Петерле

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, денеска ги прими копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија, г. Јоргос Шацимаркакис и шефот на Делегацијата на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, г. Алојз Петерле



Вторник, 9 февруари 2010 година

Воведно обраќање на претседателот Вељаноски на јавната расправа по повод 9 февруари - Европски ден на безбеден интернет

Како да обезбедиме побезбеден интернет? Мислам дека одговорот на ова не може да го даде само една институција или една научна дисциплина, туку одговорот треба да го бараме интердисциплинарно и меѓуресорски, а секако во тоа да бидат активно вклучени невладиниот и приватниот сектор. Притоа мора да внимаваме и на уште една димензија, а тоа е да се зачува слободата на говорот и слободата на пристап до информации, односно да не ги повредиме општите начела од корпусот на човекови права.



Вторник, 9 февруари 2010 година

Jавна расправа по повод 9 февруари - Европски ден на безбеден интернет

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија по повод Европскиот ден за безбеден интернет денеска организираше јавна расправа на тема „Побезбеден интернет“.

Click