Средба на претседателот Вељаноски со г. Бан Ки-мун...



Среда, 25 јули 2012 година

Средба на претседателот Вељаноски со генералниот секретар на Обединетите нации, г. Бан Ки-мун

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изразувајќи задоволство за средбата, посебно ја истакна улогата на ОН, како и на генералниот секретар, г. Бан Ки-мун, во решавањето на многу светски прашања, а особено зачувувањето на светскиот мир. Во продолжение, тој накратко го престави работењето на Собранието, неговиот состав и активности

Прочитај повеќе

35, седница на Комисијата за финансирање и буџет 23,7,12...



Понеделник, 23 јули 2012 година

Триесет и петта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Триесет и петтата седница, одржана на 18 и 19 јули 2012 година, како матично работно тело  ги разгледа:

Прочитај повеќе

34, седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија 2...



Понеделник, 23 јули 2012 година

Триесет и четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Tриесет и четвртата седница, одржана на 19 јули 2012 година, како матично работно тело, во прво читање ги разгледа

Прочитај повеќе

22, седница на Комисијата за европски прашања 23,7,12...



Понеделник, 23 јули 2012 година

Дваесет и втора седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на 22. седница, одржана на 18 јули 2012 година, во прво читање ги разгледа:

Прочитај повеќе

23 издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ 19,7,12...

Четврток, 19 јули 2012 година

Дваесет и трето издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ

Во последното издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ за месец јуни 2012 година, централно место зазема успехот на македонската Делегација на 10-тиот Состанок на МПК во Брисел и усвоените препораки од состанокот, со кои парламентарците го повикаа Советот да ја потврди препораката на комисијата и да ѝ даде на земјата датум за почеток на преговори во текот на следното претседателство во 2012 година, изразија жалење за испуштањето на придавката „македонски" која се однесува на идентитетот, културата и јазикот на земјата, во Извештајот на Комисијата и ѝ препорача на Европската комисија повторно да ја воспостави својата пракса од претходните извештаи за напредокот и ја поздравија пресудата на Меѓународниот суд на правдата, констатирајќи дека истата претставува обврска за Грција да не го попречува членството на земјата во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ. 

Прочитај повеќе

33. седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија 1...



Четврток, 12 јули 2012 година

Триесет и трета седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, како матично работно тело, на  вчерашната Триесет и трета седница, го разгледа Предлогот на законот за комунални дејности - II читање.

Комисијата по Предлогот на законот претресе и усвои 5 амандмани поднесени од овластените предлагачи.

Врз основа на член 149 став (2) од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за транспорт, врски и екологија поднесе еден амандман.

Амадманот се предлага заради допрецизирање на начинот на распределба и висината на средствата кои согласно наведените членови можат да се користат за предвидените намени.

По расправата Комисијата заклучи Предлогот на законот за комунални дејности - II читање да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

34. седница на Комисијата за финансирање и буџет 12.7.12...



Четврток, 12 јули 2012 година

Триесет и четврта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Триесет и четвртата седница, одржана на 5, 9, 10 и 11 јули 2012 година, како матично работно тело во второ читање ги разгледа: Предлогот на законот за вршење на сметководствени работи и Предлогот на закон за експропријација.

По Предлогот на законот за вршење на сметководствени работи, Комисијата разгледа вкупно 86 амандмани, поднесени од овластени предлагачи, од кои 14 беа усвоени.

Врз основа на членот 149 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, по Предлогот на законот на предлог на пратеникот Марјанчо Николов, Комисијата  за финансирање и буџет поднесе и усвои два амандмани.

Во однос на Предлогот на закон за експропријација беа поднесени 3 амандмани кои Комисијата не ги усвои.

Комисијата со шест гласа „за“ и еден глас „воздржан“ заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог на Закон за вршење на сметководствени работи. 

Комисијата со пет гласа „за“ и два гласа „против“ заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија не се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог и му предлага на Собранието на Република Македонија да го разгледа и донесе Законот за експропријација.

Прочитај повеќе

Излагање Вељаноски ИПА Проектот...



Среда, 11 јули 2012 година

Излагање на г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија на официјалното затворање на ИПА Проектот - Техничка помош на Парламентот

Ми претставува задоволство што денеска, по 18 месеци од започнувањето на проектот наменет за зајакнување на капацитетите на Собранието на Република Македонија во процесот на евроинтегрирање и особено процесот на преговори за членство, можеме истиот официјално да го затвориме и да ги констатираме досегашните постигнувања и резултати. Истовремено, проектот претставува и верификација на постигнувањата на Собранието кои беа нотирани во Извештаите за напредокот на Република Македонија на Европската комисија.

Прочитај повеќе

Македонија и Индија – пријателски земји со успешна соработк...



Среда, 11 јули 2012 година

Македонија и Индија – пријателски земји со успешна соработка

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, г. Антонио Милошоски, оствари средба со државниот министер за надворешни работи на Индија, г-ѓа Пренит Кор.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со г. Михаел Шпинделегер ...



Вторник, 10 јули 2012 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО Г. MИХАЕЛ ШПИНДЕЛЕГЕР И Г. МИРОСЛАВ ЛАЈЧЕК

На средбата, претседателот Вељаноски истакна дека односите на Република Македонија со Република Австрија и Словачката Република се карактеризираат со пријателство и разбирање и го потврди фактот дека поддршката што ја добива од овие две држави е искрена и значајна

Прочитај повеќе
1...131415...33                                  
Click