Европарламентот започнува со работа 3.9.12...

Понеделник, 3 септември 2012 година

Европарламентот започнува со работа

Летната пауза заврши за европратениците и тие веќе денеска продолжуваат со својата работа. Оваа седмица политичките групи и комисии во Европскиот парламент ќе одржат состаноци на кои ќе се подготвуваат за септемвриската пленарна седница.

Денеска европратениците ќе расправаат за начините за создавање на вистински економски сојуз, а ќе се одржи и јавна расправа за тоа како да се олесни преминот од итна ЕУ помош во долгорочна развојна соработка, базирана на искуствата од Хаити, Авганистан и Нигер.

Исто така, Комисијата за граѓански слободи ќе гласа по предлогот за ограничување на пристапот до хемикалиите коишто можат да се користат за создавање експлозив дома, кој потоа се користи за терористички напади.

Истата комисија ќе гласа и по договорот на Советот за Европската година на граѓаните - 2013, година која ќе биде посветена на подигнување на свеста за правата кои ги уживаат граѓаните, посебно кога се движат во друга земја-членка на ЕУ.

В среда, претседателот на Европарламентот, г. Мартин Шулц, ќе оствари контакт со своите пријатели на социјалната мрежа „Фејсбук“, што е шанса за сите оние кои се заинтересирани да добијат одговор на некои прашања. 
Прочитај повеќе

Триесет и петта седница на Комисијата за транспорт, врски...



Среда, 29 август 2012 година

Триесет и петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Триесет и петтата седница, одржана на 23 август 2012 година, како матично работно тело, разгледа:

  • Измена и дополнување на Годишната програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2012 година.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Агенцијата за електронски комуникации, присуствуваше г. Роберт Ордановски, директор на Агенцијата и г-ѓа Гордана Клинчарова, претседател на Комисијата за електронски комуникации.

Во образложението на Програмата за работа на Агенцијата за електронски комуникации, директорот на Агенцијата истакна дека активностите на Агенцијата за електронски комуникации произлегуваат од нејзините надлежности утврдени во Законот за електронски комуникации и прописите донесени врз основа на него.

Со своја дискусија се јави пратеникот Јани Макрадули.

На крајот од дискусијата, Комисијата со 6 гласа „за“ и 5 „против“ го усвои следниот Заклучок:

  1. Собранието на Република Македонија ја разгледа и усвои Измената и дополнувањето на Годишната програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2012 година;
  2. Овој заклучок да се достави до Агенцијата за електронски комуникации и до Владата на Република Македонија.

 

Прочитај повеќе

37 седница на Комисијата за финансирање и буџет 30.8.12...



Четврток, 30 август 2012 година

Триесет и седма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Триесет и седмата седница, одржана денеска, како матично работно тело го разгледа:

  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа (второ читање).   

Со оглед на тоа што во рокот утврден со Деловникот, по овој Предлог на закон не беа поднесени амандмани, Комисијата едногласно заклучи дека не се исполнети условите за изработка на Дополнет предлог и му предлага на Собранието на Република Македонија да го разгледа и донесе законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод празникот Илин...



Четврток, 2 август 2012 година, Пелинце

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод 2 Август - Илинден, Ден на Републиката

Илинден е несопирлива енергија.
Илинден е симбол за саможртвата за нашата татковина и носечки код на Македонија.
Илинден е празникот на револуционерното будење на македонскиот народ.
Тој е чекор кон идеалот за слобода. Момент кога сонувачите го исполнуваат сонот.
Кога малиот и поробен народ со големо срце го добива она за што голем број други народи долго време мечтаат и сè уште се борат.
Илинден е и мигот кога граѓаните на Македонија цврсто решаваат да го кренат својот глас за своја држава.
Гордо. Достоинствено. Чесно и борбено.
Тоа е светлата точка во историското море од настани кога си го зедовме тоа што природно ни припаѓа.
Станавме свои на своето.
Цврсто го зграпчивме за навек нашето право на самоопределување, исто како и секој друг слободољубив народ.

Прочитај повеќе

МАКЕДОНИЈА - ЛИДЕР ВО РЕГИОНОТ 18.06.12...



Понеделник, 18 јуни 2012 година

МАКЕДОНИЈА - ЛИДЕР ВО РЕГИОНОТ ВО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИТЕ РЕГУЛАТОРНИ РЕФОРМИ

Вестминстер фондацијата за демократија, на 14 јуни 2012 година, во Собранието на Република Македонија, ја претстави новата Нацрт-регионалната програма за Западен Балкан, на тема „Парламентите и регулаторната реформа на економската правна рамка“.

Прочитај повеќе

35. седница на Комисијата за финансирање и буџет 31.7.12...



Вторник, 31 јули 2012 година

Триесет и петта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Триесет и петтата седница, одржана на 20 јули 2012 година, како матично работно тело ги разгледа Годишниот извештај за работењето на Народната банка на Република Македонија во 2011 година и Извештајот на Народната банка на Република Македонија за банкарскиот систем на Република Македонија во 2011 година

Прочитај повеќе

Интегрирање на младинските пријателски сервиси, 7.9.2012...



Петок, 7 септември 2012 година

Интегрирање на младинските пријателски сервиси во системот на јавно здравство

Денеска во Младинскиот центар „Сакам да знам“ во амбулантата Шуто Оризари, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собраните на Република Македонија, во соработка со Х.Е.Р.А. организираше работна посета на која присуствуваше и министерот за здравство Никола Тодоров

Прочитај повеќе

Средба Вељаноски - Џоунс...



Понеделник, 30 јули 2012 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО Г. СТЕФАН ЏОУНС, ПРАТЕНИК ОД ТРОСБИ, АВСТРАЛИЈА И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АВСТРАЛИСКО-МАКЕДОНСКАТА ПАРЛАМЕНТАРНА ГРУПА ЗА СОРАБОТКА

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изразувајќи задоволство за средбата, ги истакна своите позитивни впечатоци од неодамнешната официјална посета на Австралија. Претседателот Вељаноски истакна дека средбите ќе ги подобрат билатералните односи со пријателската Австралија, кои во континуитет имаат нагорна линија.

Прочитај повеќе

36. седница на Комисијата за финансирање и буџет 26.7.12...



Четврток, 26 јули 2012 година

Триесет и шеста седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Триесет и шестата седница, одржана на 24 јули и првото продолжение на 25 јули 2012 година, како матично работно тело ги разгледа

Прочитај повеќе

Работна посета , 6.9.2012...



Четврток, 6 септември 2012 година

Работна посета на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија во соработка со Здружението на граѓани Х.Е.Р.А. на 7 септември 2012 година, (петок) со почеток во 12 часот ќе одржат работна посета на младинскиот центар за сексуално и репродуктивно здравје „Сакам да знам" во Општина Шуто Оризари

Прочитај повеќе
1...121314...33                                  
Click