33, седница на Комисијата за економски прашања 1,8,13...



Петок, 2 август 2013 година

Триесет и трета седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Триесет и третата седница, одржана на 30 јули 2013 година, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа

Прочитај повеќе

Средба Вељаноски - Јосиповиќ...



Четврток, 5 септември 2013 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски оствари средба со претседателот на Република Хрватска, г. Иво Јосиповиќ

На почетокот на средбата и двајцата соговорници се согласија дека меѓу Република Македонија и Република Хрватска нема отворени прашања, а билатералните односи на сите полиња во изминатиот период се во постојан подем. На средбата, претседателот Вељаноски, истакна дека со приемот на Хрватска, Република Македонија доби уште еден пријател во eвропското семејство, и притоа потсети дека евроатлантските интеграции беа определба и константа на двете држави. Претседателот Вељаноски дополни дека двете држави заедно го одеа овој пат, но поради познатите причини, Република Македонија беше блокирана од страна на нашиот јужен сосед.

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски оствари средба со спикерот на Сенат...



Среда, 4 септември 2013 година

Претседателот Вељаноски оствари средба со спикерот на Сенатот на Канада, г. Ноел Кинсела

Тој напомена дека оваа посета претставува уште една потврда за многу добрите односи меѓу Република Македонија и Канада, кои секако и во иднина ќе продолжат да се развиваат во нагорна линија. Претседателот Вељаноски изрази задоволство и од формирањето на Канадско-македонската парламентарна група за соработка во рамките на Парламентот на Канада, во март оваа година. Со формирањето на оваа група преку директни контакти и средби со Македонската парламентарна група за соработка ќе се овозможи полесно користење на капацитетите кои ги нуди парламентарната дипломатија, а кои ќе придонесат за дополнитено развивање на меѓусебни односи. Претседателот Вељаноски на средбата изрази благодарност за признавањето на уставното име на Република Македонија од страна на Канада во билатералната комуникација.

Прочитај повеќе

75, седница на Комисијата за финансирање и буџет 4,9,13...



Среда, 4 септември 2013 година

Седумдесет и петта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Седумдесет и петтата седница, одржана на 2 септември 2013 година, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за лизинг (во прво читање)

Прочитај повеќе

Размена на студенти – предлог за образовна соработка меѓу М...



Среда, 4 септември 2013 година

Размена на студенти – предлог за образовна соработка меѓу Македонија и Канада

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада оствари средба со Канадска делегација, предводена од спикерот на Сенатот на Канада, г. Ноел Кинсела

Прочитај повеќе

Потребно е сите политички партии да се фокусираат кон еврои...

Вторник, 9 април 2013 година

Потребно е сите политички партии да се фокусираат кон евроинтеграциите

Во рамките на 14. седница на Националниот совет за евроинтеграции, на која учествуваа и Комисијата за европски прашања, Комисијата за надворешна политика и Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ, свое обраќање имаше г. Штефан Филе, комесар за проширување и европска соседска политика на Европската комисија.

Прочитај повеќе

Средба на Пратеничката група за соработка со Парламентот на...



Четврток, 29 август 2013 година

Средба на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Државата Израел со д-р Шимон Охајон

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел оствари средба со д-р Шимон Охајон, член на Парламентот на Државата Израел и директор на Центарот за ладино и сефардска култура при Универзитетот „Бар Илан“ во Израел.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со г. Жан-Шарл Липерто...



Вторник, 27 август 2013 година

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на парламентот на федерацијата валонија-Брисел, Белгија, г. Жан-Шарл Липерто

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со претседателот на Парламентот на Федерацијата Валонија-Брисел и градоначалник на градот Самбервил, г. Жан-Шарл Липерто, кој беше придружуван од градоначалникот на Општина Крива Паланка, г. Арсенчо Алексов и заменик-градоначалникот на Самбервил, г. Никола Димон.

Прочитај повеќе

65. седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија 2...



Вторник, 27 август 2013 година

Шеесет и петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 65. седница, одржана денеска, како матично работно тело, по скратена постапка, го разгледа Предлог-законот за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај.

Прочитај повеќе

Давање свечена изјава пред претседателот Вељаноски...



Среда, 31 јули 2013 година

Давање свечена изјава пред претседателот Вељаноски

Новоизбраните заменици на народниот правобранител на Република Македонија: г-ѓа Елена Ѓоргоноска-Маневска, г. Насер Весељи, г-ѓа Ирина Стојановска, г. Васил Јовановски, г. Славчо Тимов, г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа и г. Даут Селими, денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски

Прочитај повеќе
1...111213...30                               
Click