Јавна расправа по „Предлог на закон за медиуми“ 30.7.13...



Вторник, 30 јули 2013 година

Јавна расправа по „Предлог на закон за медиуми“

На седницата присуствуваа овластените предлагачи на законот, претставник од Владата на Република Македонија, медиумите, невладини организации и други организации институции и здруженија, претставници од странските амбасади, НДИ, ОБСЕ, УСАИД, мисијата на ЕУ во Република Македонија и др

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со г. Франк Химскерк...



Среда, 10 јули 2013 година

Претседателот Вељаноски го прими новиот извршен директор на холандска конституенца на Светската банка, г. Франк Химскерк

На средбата двајцата соговорници разменија мислење за повеќе прашања значајни за соработката меѓу Република Македонија и Светската банка. Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го запозна гостинот со големиот интерес и оправданоста за соработката со Светската банка, особено од аспект дека се работи за помош која Република Македонија ја добива под многу поволни услови и дека, меѓу останатото и помошта од Светската банка во екот на економска криза овозможи истата да не земе поголем замав во Република Македонија

Прочитај повеќе

34 седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водос...



Среда, 10 јули 2013 година

Триесет и четврта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 34. седница, како матично работно тело, во итна постапка, го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за тутун и тутунски производи.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со г. Ендри Елсбери...



Понеделник, 8 јули 2013 година

Средба на претседателот Вељаноски со г. Ендру Елсбери, пратеник од Викторија, Комонвелт Австралија

Австралискиот пратеник, г. Ендру Елсбери, изрази задоволство од можноста да ја посети Република Македонија, како и од можноста за средба со претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со Делегација од Холандиј...



Понеделник, 8 јули 2013 година

Средба на претседателот Вељаноски со Делегација на Комисијата за европски прашања од Парламентот на Холандија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изрази задоволство од посетата на Делегацијата на Комисијата за европски прашања на Парламентот на Холандија и воедно се заблагодари за поддршката која Република Македонија во континуитет ја добива од пријател како што е Холандија во однос на евроатлантското интегрирање

Прочитај повеќе

35 седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водос...



Вторник, 30 јули 2013 година

Триесет и петта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 35. седница, одржана на 24 јули 2013 година, како матично работно тело ги разгледа:

Прочитај повеќе

73 седница на Комисијата за финансирање и буџет 30.7.13...



Вторник, 30 јули 2013 година

Седумдесет и трета седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Седумдесет и третата седница,  одржана на 29 јули 2013 година, како матично работно тело, ги разгледа:

Прочитај повеќе

Јавна расправа на тема: „Предлог на закон за аудио и аудиов...



Понеделник, 29 јули 2013 година

Јавна расправа на тема: „Предлог на закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“

Денеска, во рамките на шеесет и првата седница, Комисијата за транспорт, врски и екологија, одржа јавна расправа на тема „Предлог на закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“.

На расправата, покрај претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили присуствуваа членовите на Комисијата: Марија Рашковска, Славе Гошев, Павле Саздов, Лилјана Затуроска, Јани Макрадули, Борче Ставров, Благоја Стојановски, Рејхан Дурмиши и Газменд Алији; замениците на членовите на Комисијата: Панче Дамески, Тони Трајановски, Саве Марачков, Тања Томиќ и Панче Орцев.

На седницата присуствуваа и пратениците Миле Андонов, Голупчо Ангелов, Надица Танчева Тулиева, Дарко Димитриески, Неџати Јакупи, Марјанчо Николов, Михајло Џолонга, Павле Трајанов, Силвана Бонева, Фламуре Демири Креци, Наџи Џелили, Нада Ципушева, Јулиета Марку, Орхан Ибраими, Беким Ќоку, Елена Павлова, Миле Пачемски, Јордан Пачков, Хајрие Мисими, Беким Фазлиу, Цветанка Иванова, Митре Велјаноски, Менде Диневски, Билјана Казанџиска, Сафет Бишевац, Бети Кузмановска, Станка Анастасова, Васко Пашовски, Ѓорѓи Коџобашиев, Вјолца Мехмети Нуредини, Сузана Салиу, Ердоган Сарач, Ромео Тренов, Светлана Карапетрова, Весна Пемова, Имер Алиу, Драган Цуклев, Трајче Димков, Емилијан Станковиќ, Хајрула Мисими, Драгиша Милетиќ, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Весна Бендевска, Александар Николоски, Илија Димовски, Дешира Имери и Џеват Адеми.

На седницата присуствуваа овластените предлагачи на законот, претставник од Владата на Република Македонија, медиумите, невладини организации и други организации институции и здруженија, претставници од странските амбасади, НДИ, ОБСЕ, УСАИД, мисијата на ЕУ во Република Македонија и др.

Воведно излагање имаше претседателот на Комисијата за транспорт, врски  и екологија кој даде кратко потсетување за целта на јавната расправа и министерот за информатичко општество Иво Ивановски.

На јавната расправа усмени искази дадоа следниве учесници: Дејан Ѓеорѓиевски од Центарот за развој на медиуми, Насер Селмани од Здружението на новинари, Мирка Велиновска - новинар, Ивона Талевска, главен и одговорен уредник на весникот Вечер, Миленко Неделковски - новинар, Тамара Чаушидис од самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Драган Павловиќ-Латас главен и одговорен уредник во Сител телевизија, Мирче Адамчевски од Македонскиот институт за медиуми, Горан Гаврилов сопственик на Канал 77, Зоран Трајчевски претседател на Советот за радиодифузија, Бисера Јордановска од Групацијата на национални ТВ радиодифузери и Зоран Стефановски поранешен претседател на Советот за радиодифузија.

Од причини што беше исцрпена листата на повикани учесници, претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили, ја затвори седницата.

 

Прочитај повеќе

Надзорна расправа, 26.7.2013...

Петок, 26 јули 2013 година
 
прво продолжение од надзорната расправа на тема „Користење на фондовите од Инструментот за претпристапна помош-ИПА во Република Македонија“

Комисијата за европски прашања на 26 јули, во рамките на 42. седница, го одржа првото продолжение на надзорната расправа на тема „Користење на фондовите од Инструментот за претпристапна помош-ИПА во Република Македонија“.

На расправата, покрај претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, присуствуваа и членовите на Комисијата и други пратеници, како и г. Мартин Клауке од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и претставници од Канцеларијата на НДИ во Скопје.

Со седницата претседаваше претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, кој даде кратко потсетување за целта на надзорната расправа, согласно законските прописи во Република Македонија.

На денешното прво продолжение на надзорната расправа на Комисијата, во улога на сведоци, усни искази дадоа г. Ризван  Сулејмани од Охрид - Институт за економски стратегии и меѓународни односи, г-ѓа Радица Коцева, раководител на Секторот за централно финансирање и склучување на договори и г. Фатмир Адеми, национален координатор за авторизација (НАО) во Министерство за финансии.

Во текот на расправата прашања поставија членовите на Комисијата за европски прашања, г-ѓа Силвана Бонева, г-ѓа Дешира Имери, г-ѓа Владанка Авировиќ, како и  пратениците г. Рејхан Дурмиши и г. Беким Ќоку, на кои што сведоците одговорија  усмено, а на неодговорените прашања најавија писмени одговори.

Пратениците, меѓу другото, побараа повеќе одговори во однос на: степенот на  искористеноста, односно неискористеноста на 622,5 милиони евра доделени од Европската унија за ИПА I фондовите (за периодот од 2007-2013), за  институционалниот  капацитет за нивно искористување и  во таа насока за  ефикасноста на  администрацијата, како за националната структура на вработените во Секторот за централно финансирање и склучување на договори, како и во  Секторот за авторизација (НАО) во Министерство за финансии.

По исцрпување на листата на повикани учесници (сведоци), претседателот на Комисијата, г. Мисини информира дека  надзорната расправа ќе продолжи во септември  со ислушување на исказите на останатите учесници (сведоци) повикани од Комисијата за европски прашања,  а кои  дополнително  ќе бидат утврдени  на координација со членовите на Комисијата.

 
Прочитај повеќе

Литванија, 8.7.2013...



Понеделник, 8 јули 2013 година, Вилнис, Литванија

Литванија ќе се залага за кредибилна, развојна и отворена Европа

Во рамките на литванското претседателство со ЕУ во Вилнис, денеска се одржува Конференицијата на комисиите за европски прашања на земјите-членки на Европската унија и на земјите-кандидатки - КОСАК

Прочитај повеќе
1...121314...30                               
Click