Обраќање на претседателот Вељаноски по повод 20 години дипл...



Четврток, 12 септември 2013 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина

Имам особена чест и задоволство да се обратам по еден значаен повод, како што е денешното одбележување на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина. Веднаш сакам да потенцирам дека односите меѓу двете пријателски држави се движат во незапирлива нагорна линија, при што ги карактеризира атмосфера на меѓусебно почитување и постојана желба за унапредување на соработката во сите можни области

Прочитај повеќе

надзорна расправа на тема: „Користење на фондовите од инстр...



Среда, 11 септември 2013 година

Второ продолжение на надзорна расправа на тема: „Користење на фондовите од инструментот за пристапна помош-ИПА во Република Македонија“

Комисијата за европски прашања денеска, во рамките на 42. седница, го одржа второто продолжение на надзорната расправа на тема „Користење на фондовите од Инструментот за претпристапна помош-ИПА во Република Македонија“, на која покрај претседателот на Комисијата за европски прашања г. Хајрула Мисини, присуствуваа и членовите и замениците на комисијата и други пратеници, како и г. Мартин Клауке од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и претставници од Канцеларијата на НДИ во Скопје.

Со седницата претседаваше, претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, кој даде кратко појаснување за целтта за одржување на оваа надзорна расправа, имајќи ја предвид потребата за поблиско информирање и запознавање на пратениците со користењето на фондовите од Инструментот за претпристапна помош ИПА, со посебен осврт на ефикасноста на досегашното искористувањето на средствата од  овие фондови, и тоа во однос на ИПА компонента I - Помош во период на  транзиција и градење на  институции.

На денешното второ продолжение на надзорната расправа на комисијата, во улога на сведоци, усни искази дадоа: министерката за внатрешни работи г-ѓа Гордана Јанкуловска,  министерот за информатичко општество и администрација во Република Македонија, г Иво Ивановски, директорот  на Царинската управа во Република Македонија, г. Ванчо Каргов, раководителката на НИПАК секретаријатот г-ѓа Орхидеја Каљошевска, потоа г. Димитар Мирчев од Европското движење на Македонија, г. Зоран Јанакиев од Македонскиот институт за интеграции и г-ѓа Фани Кранфиловска-Пановска од Фондацијата Отворено општество на Македонија - ФООМ.

Во текот на расправата  прашања  поставија   членовите  и замениците  на членовите на Комисијата за европски прашања, г.Хајрула Мисини, г-ѓа Силвана Бонева, г. Гордан Георгиев, г-ѓа Дешира Имери, г. Миле Пачемски, г-ѓа Цветанка Иванова, г. Сафет Бишевац, г. Ѓорѓи Коџабашиев,  како и пратеничката г-ѓа Тања Томиќ и г. Панче Орцев, на кои што  сведоците одговорија усмено, а на неодговорените прашања најавија писмени одговори.

Пратениците од присутните сведоци, меѓу другото, побараа повеќе одговори во однос на: степенот на искористеноста, односно неискористеноста  на  43. милиони евра доделени од Европската унија во однос на ИПА компонента I - помош во период на транзиција и градење на  институции, способноста на нашиот административен капацитет за нивно искористување, како и за слабостите кои се причина за нивно неискористување.

По исцрпувањето на листата на повикани учесници (сведоци), претседателот на комисијата, г. Мисини информира дека надзорната расправа ќе продолжи со ислушување на исказите на останатите учесници (сведоци) повикани од Комисијата за европски прашања, а кои  дополнително ќе бидат утврдени на координација со членовите на комисијата.

 

Прочитај повеќе

Средба Вељаноски - Коморовски...



Вторник, 10 септември 2013 година

Претседателот Вељаноски оствари средба со претседателот на Република Полска, г. Бронислав Коморовски

На средбата, претседателот Вељаноски искажа задоволство и благодарност за постојаната поддршка која Република Македонија ја добива од Република Полска. Во однос на евроинтегративниот процес на Република Македонија, г. Вељаноски истакна дека бурните времиња на Балканот се зад нас и граѓаните од регионот гледаат напред во европската иднина и перспектива на сите држави од Балканот. Во текот на разговорите, претседателот Вељаноски, исто така, потенцираше дека интеграцијата на целиот регион ќе биде значаен фактор за стабилизација на Европа, нагласувајќи дека Република Македонија ги спроведува сите неопходни реформи, и преку законодавниот дом и во целина.

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 10.9.13...



Вторник, 10 септември 2013 година

Пленарна седница на Европарламентот

Од 9 до 15 септември, Европскиот парламент во Стразбур одржува пленарна седница, во рамките на која, денеска, ќе биде промовирана информативната кампања за европските избори, кои ќе се одржат следната година

Прочитај повеќе

66, седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија 4...



Среда, 4 септември 2013 година

Шеесет и шеста седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 66. Седница, одржана на 3 септември 2013 година, како матично работно тело, ги разгледа

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски-Денот на независноста...



Сабота, 7 септември 2013 година

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ НА ПРИЕМ ПО ПОВОД 8 СЕПТЕМВРИ - ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

Секое ново одбележување на 8 септември е наша, заедничка можност да ги реафирмираме зедничките вредности и довербата како основа на секоја современа држава, секое здраво општество, секое семејство, во осмислувањето на својата подобра иднина. Осми септември е уште една можност за подигнување и одржување на моралот на нацијата, заедништвото и силата на Македонија. Ова е ден во кој повторно ја реафирмираме лојалноста кон нашата држава. Осми септември е денот кој нe обединува сите под сонцето на Македонија!

Прочитај повеќе

Милошоски во Литванија, 6.9.2013...



Петок, 6 септември 2013 година, Вилнус, Литванија

Учество на Интерпарламентарната конференција за заедничка надворешна и безбедносна политика и заедничка безбедносна и одбранбена политика

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, г. Антонио Милошоски, од 4 до 6 септември учествува на Интерпарламентарната конференција за заедничка надворешна и безбедносна политика и заедничка безбедносна и одбранбена политика, која во рамките на литванското претседателство со Европската унија, се одржува во Вилнус, Литванија

Прочитај повеќе

Средба на координаторите на пратеничките групи со г. Иво Јо...



Четврток, 5 септември 2013 година

Средба на координаторите на пратеничките групи со г. Иво Јосиповиќ

Координаторите на пратеничките групи најпрво и го честитаа членството на Република Хрватска во ЕУ, истакнаа благодарност до Република Хрватска за поддршката што ѝ ја даваат на Република Македонија за остварување на сонот да стане дел од големото европско семејство и дека им е мило што во Република Хрватска имаат добар лобист во Европската унија.

Прочитај повеќе

Седумдесет и четврта седница на Комисијата за финансирање и...



Вторник, 27 август 2013 година

Седумдесет и четврта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Седумдесет и четвртата седница одржана на 27 август 2013 година, како матично работно тело го разгледа Предлог на закон за задолжување на М-НАВ АД Скопје со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем по Проектот за надградба на македонскиот систем за воздухопловна навигација-втора фаза без државна гаранција (по скратена постапка).

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод 2 Август...



Петок, 2 август 2013 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод 2 Август - Денот на Републиката

Чествувајќи го денешниот ден, како Ден на Републиката, празник на нашата држава и борбата на нашиот народ, уште еднаш го исполнуваме аманетот оставен од нашите предци, од Илинденците, од Асномците, односно од сите родољубиви личности кои дадоа жртва во остварување на идејата за слободна Македонија.
Славејќи ја нивната пожртвуваност за слободна и независна држава, искажуваме благодарност за нивната непокорност и истрајност поради која денeс сме свои на своето.
Илинден е темелот на нашата државност и самобитност!
Илинден е гранитното сведоштво за влогот на генерациите пред нас!
Илинден е мотив за акција!
Илинден е посакуваната енергија!
Овој ден е незапирливиот импулс кој Македонија ја водел и ќе ја води само напред кон нови победи!

Прочитај повеќе
1...101112...30                               
Click