Обраќање на претседателот Вељаноски на Конференција во Нико...



Вторник, 23 април 2013 година, Никозија, Република Кипар

Обраќање на претседателот Вељаноски на Конференција на претседатели на земјите-членки на ЕУ и кандидатите за членство на тема „Социјална кохезија во услови на органиченост: што можат да сторат националните парламенти"

Од почетокот на 20. век, човештвото се соочува со невидени демографски промени. Ова се должи во голема мера на намалувањето на стапката на наталитет, животниот век и миграциските текови. Во Европа, овој феномен доби свое име „општества кои стареат“. Статистиките покажуваат загрижувачки бројки. Ситуацијата со населението нема значително да се промени во 2060 година, но ќе преовладува двојно постаро население од 65 години

Прочитај повеќе

Република Македонија од увезувач премина во извезувач на ст...



Понеделник, 22 април 2013 година

Македонија од увезувач премина во извезувач на стабилност

Делегација на Комисијата за цивилна димензија на безбедноста на Парламентарно собрание на НАТО, под раководство на г. Лорд Џоплин, претседател на Комисијата, како и претседателот и потпретседателот на Поткомитетот за демократско владеење, г. Виталино Цанас, и г-ѓа Жоли Гарио-Мајлам, оствари посета на Собранието на Република Македонија

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на Конференција во Р. К...



Понеделник, 22 април 2013 година, Никозија, Република Кипар

Обраќање на претседателот Вељаноски на Конференција на претседатели на парламенти од земјите на ЕУ, на тема „Приближување на граѓаните кон ЕУ“

Транспарентноста и отвореноста на парламентите се значајни инструменти во практикувањето на демократијата. Парламентите самите треба да се погрижат да ги искористат можностите кои им стојат на располагање за да бидат отворени кон јавноста и граѓаните. Конкретно, можам да истакнам дека активностите во Собранието на Република Македонија се целосно транспарентни, при што секоја пленарна сесија, секоја комисиска седница, јавни и надзорни расправи, како и сите други парламентарни активности се пренесуваат на Парламентарниот телевизиски канал.

Прочитај повеќе

Вељаноски на Конференција на претседатели - Кипар...



Понеделник, 22 април 2013 година

Претседате​лот Вељаноски учествува на Конференци​ја на претседате​ли на парламенти од земјите на ЕУ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, од денеска учествува на Конференција на претседатели на парламенти од земјите на Европската унија, што се одржува во Никозија, Република Кипар. Претседателот Вељаноски на Конференцијата е на покана од претседателот на Претставничкиот дом на Република Кипар, г. Јанакис Л.Омироу.

Прочитај повеќе

59. седница на Комисијата за финансирање и буџет 18.4.13...



Четврток, 18 април 2013 година

Педесет и деветта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на денешната 59. седница, во второ читање, ги разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост и Предлог-законот за преземање на акционерските друштва.

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски присуствуваше на церемонијалниот по...



Среда, 17 април 2013 година

Претседателот Вељаноски присуствуваше на церемонијалниот погреб на поранешниот премиер на Велика Британија, Маргарет Тачер

Претседателот имаше кратки средби со актуелниот британски премиер Дејвид Камерон, поранешениот британски премиер Џон Мејџор, со канадскиот премиер Стивен Харпер, со актуелниот албански премиер Сали Бериша и други политички личности.

Прочитај повеќе

53, СЕДНИЦА НА КОМИСИЈА ЗА ТРАНСПОРТ, ВРСКИ И ЕКОЛОГИЈА 17...



Среда, 17 април 2013 година

ПЕДЕСЕТ И ТРЕТА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈА ЗА ТРАНСПОРТ, ВРСКИ И ЕКОЛОГИЈА

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на Педесет и третата седница, одржана денеска, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлогот на закон за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија.

Прочитај повеќе

27, седница на Комисијата за земјоделство 18,4,13...



Четврток, 18 април 2013 година

Дваесет и седма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 27. седница, како матично работно тело, во второ читање, разгледа шест Предлог-закони:

Прочитај повеќе

Еврокомесарот Филе ќе го објави Специјалниот извештај за Ма...

Вторник, 16 април 2013 година

Еврокомесарот Филе ќе го објави Специјалниот извештај за Македонија

Денеска попладне, во Европскиот парламент во Стразбур, еврокомесарот за проширување на Европската унија, г. Штефан Филе, ќе го објави Специјалниот извештај за Република Македонија.

Извештајот е подготвен од Европската комисија во согласност со заклучоците од Самитот на Европскиот совет во декември минатата година.

За 22 април, пак, во Луксембург се закажани состаноци на Советот за министри за надворешни работи и Советот за општи работи на ЕУ, каде првпат шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Унијата ќе разговараат за можноста Република Македонија да добие датум за почеток на преговори на јунскиот Самит на Европскиот совет.
Прочитај повеќе

Пратениците Авировиќ и Мисини на парламентарен семинар во Б...



Понеделник, 15 април 2013 година

Пратениците Авировиќ и Мисини на парламентарен семинар во Брисел

Претседателот на Комисијата за економски прашања, г-ѓа Владанка Авировиќ и претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини, учествуваа на парламентарен семинар, кој се одржа на 12 април 2013 година во Брисел, Кралството Белгија

Прочитај повеќе
1...212223...30                               
Click