Петта препорака за старт на преговори за членство на Македо...



Среда, 16 октомври 2013 година

Петта препорака за старт на преговори за членство на Македонија во ЕУ

Во Извештајот за напредокот на Република Македонија кој го презентираше еврокомесарот за проширување на Европската унија, г. Штефан Филе, по петти пат Европската комисија препорача отворање на пристапните преговори за членство во Европската унија.

Прочитај повеќе

Будва, 15.10.2013...



Вторник, 15 октомври 2013 година, Будва

Во 21. век сите општества се општества на различности

Во дебатата на парламетарната конференција учествуваа дваесетина пратеници, меѓу кои и г. Владимир Ѓорчев, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ. Во своето обраќање г. Ѓорчев нагласи дека во 21. век сите општества се општества на различности, додавајќи дека Република Македонија е земја во која во целост се почитуваат правата базирани на темелните документи на ОН, ОБСЕ, Советот на Европа и другите меѓународни институции. Воедно, г. Ѓорчев додаде дека во поголем број на земји не се почитуваат таквите права, вклучувајќи ги и правата на македонското малцинство во повеќе држави

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со пратеникот Леме...



Понеделник, 14 октомври 2013 година

Претседателот Вељаноски оствари средба со Делегација од Германскиот Бундестаг, предводена од пратеникот г. Штефан Клаудио Леме

Претседателот Вељаноски, како покровител на Програмата – Меѓународна парламентарна стипендија (ИПС) на германскиот Бундестаг, денеска ја прими Делегацијата од германскиот Бундестаг предводена од пратеникот, г. Штефан Клаудио Леме, која воедно е Изборна делегација за селекција и избор на тројца стипендисти од Република Македонија кои ќе престојуваат пет месеци во германскиот Бундестаг и ќе бидат ангажирани во канцеларии на германските пратеници.

Прочитај повеќе

67. седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија 1...



Понеделник, 14 октомври 2013 година

Шеесет и седма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 67. седница, одржана денеска, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот.

Прочитај повеќе

Есенското заседание на ПС на ОБСЕ,14.10.2013...



Понеделник, 14 октомври 2013 година, Будва

Есенско заседание на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав г-ѓа Ана Павловска Данева, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), г. Владимир Ѓорчев и г. Беким Фазлиу, членови на Делегацијата, учествува на Есенското заседание на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува од 13 до 15 октомври 2013 година, во Будва, Црна Гора

Прочитај повеќе

Регионална конференција, 14.10.2013...



Понеделник, 14 октомври 2013 година, Охрид

Регионална конференција во организација на Вестминстер фондацијата

Во рамките на Регионалната конференција, во организација на Вестминстер фондацијата, која се одржа од 11 до 13 октомври 2013 година во Охрид, Република Македонија, свое учество зеде делегација на Собранието на Република Македонија во состав г. Хајрула Мисини, претседател на Комисијата за европски прашања, г-ѓа Владанка Авировиќ, претседател на Комисијата за економски прашања, г. Марјанчо Николов, претседател на Комисијата за финансирање и буџет и пратениците г. Гордан Георгиев и г-ѓа Христина Рунчева, членови на Комисијата за европски прашања

Прочитај повеќе

Билатерални средби на претседателот Вељаноски на 6.Конферен...



Вторник, 8 октомври 2013 година, Будимпешта, Унгарија

Билатерални средби на претседателот Вељаноски на 6. Конференција на претседатели на парламенти од земјите на западен балкан

Во рамките на Конференцијата, претседателот Вељаноски оствари билатерални средби со своите колеги, домаќинот на Конференцијата, претседателот на Националното собрание на Унгарија, г. Ласло Ковер, со претседателот на Националното собрание на Република Албанија, г. Илир Мета, со потпретседателот на Собранието на Црна Гора, г. Бранко Радуловиќ, како и со почесниот гостин на Конференцијата, г. Игор Радојчиќ, претседател на Народното собрание на Република Српска.

Прочитај повеќе

Билатерална средба, 8.10.2013...



Вторник, 8 октомври 2013 година, Женева

Билатерална средба на собраниската делегација на 129. Собрание на ИПУ

Делегацијата на Собранието на Република Македонија оствари билатерална средба со Делегацијата на Канада во ИПУ, при што беше дискутирано за соработката меѓу двете земји и двата парламента, особено во рамките на меѓународните парламентарни собранија

Прочитај повеќе

Четврто продолжение на 42. седница на Комисијата за европск...



Вторник, 8 октомври 2013 година

Четврто продолжение на 42. седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања денеска го одржа Четвртото продолжението на својата 42. седница, посветена на надзорната расправа на тема: „Користење на фондовите од инструментот за претпристапна помош-ИПА во Република Македонија“ за ИПА-компонентата III: Регионален развој

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на Конференција во Буди...



Вторник, 8 октомври 2013 година, Будимпешта, Унгарија

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ НА ШЕСТАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРЛАМЕНТИ ОД ЗЕМЈИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ТЕМА „ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА: РЕЗУЛТАТИ И АСПИРАЦИИ“

Обраќајќи се на темата која ја имаме во првата сесија, неизбежно е да го споменеме и споделиме постигнатото, очекувањата, но и потешкотиите, па и разочарувањата на кои наидуваме во настојувањето да станеме дел од европското семејство. Република Македонија, како и државите од нејзиното непосредно соседство, високо на агендата на стратешки определби го има евроинтегративниот процес и тоа од моментот на нејзиното осамостојување во 1991 година. Стратешката определба за основа го има географското, историското, но и цивилизациското припаѓање на нашата државата на Европа, како и силната заложба да ги споделува вредностите на Европската унија за почитување на човековите права, за слободата и достоинството, за еднаквоста, демократијата, владеењето на правото.

Прочитај повеќе
1...789...30                               
Click