СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО КОМЕСАРОТ ЗА ЕВРОПСКА...

Вторник, 17 февруари 2015 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО  КОМЕСАРОТ ЗА ЕВРОПСКА СОСЕДСКА ПОЛИТИКА И ПРЕГОВОРИ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА, Г. ЈОХАНЕС ХАН 

На почетокот на средбата претседателот Вељаноски искажа задоволство од посетата на комесарот, при што нагласи дека ваквите средби се одлична можност за разменување на мислења и ставови што е од големо значење за Република Македонија, особено во насока на остварување на една од приоритетните цели на државата, а тоа е интегрирање на земјата во Европската унија.
Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАД...

Понеделник, 16 февруари 2015 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО  ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА, Г. АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ            

На почетокот претседателот Вељаноски го искажа своето задоволство од средбата при што нагласи дека ваквите средби претставуваат потврда за добрата билатерална комуникација која ја негуваат Република Македонија и Република Србија. Претседателот Вељаноски ја истакна досегашната одлична парламентарна соработка помеѓу девете земји на која постојано се работи со меѓусебна размена на нови идеи и предлози.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со Делегација од Бундеста...

Четврток, 12 февруари 2015 година

Средба на претседателот Вељаноски со Делегација на Парламентарната група за соработка со Југоисточна Европа при Бундестагот

Делегација на парламентарната група за соработка со Југоисточна Европа при Бундестагот, денеска престојува во официјална посета на Република Македонија и во рамки на посетата оствари средба со претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски. 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со г-ѓа Маја Гојковиќ...

Четврток, 12 февруари 2015 година

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Народното собрание на Република Србија, г-ѓа Маја Гојковиќ

Претседателот на Народното собрание на Република Србија, г-ѓа Маја Гојковиќ, од денеска престојува во официјална посета на Република Македонија, на покана на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски. 

Двајцата претседатели остварија средба во рамки на посетата на која се разговараше за актуелните случувања во двете земји, за меѓусебната соработка и нејзиното унапредување, како и за унапредување на односите во сите сфери.

Прочитај повеќе

Учество на претседателот Вељаноски на тркалезната маса за п...

Вторник, 27 јануари 2015 година, Прага

Учество на претседателот Вељаноски на тркалезна маса за претседатели на парламенти

Во рамките на Четвртиот меѓународен форум "Let My People Live!" во Прага, Чешка Република, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, учествуваше на тркалезна маса организирана за претседатели на парламенти, со која претседаваше г. Мартин Шулц, претседател на Европскиот парламент. 

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски на 4. Меѓународен форум „Let My Peo...

Понеделник, 26 јануари 2015 година, Прага

Претседателот Вељаноски на 4. Меѓународен форум „Let My People Live!“

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, присуствуваше на отворањето на Четвртиот меѓународен форум „Let My People Live!“ во Прага, Чешка Република, по повод одбележување на 70-годишнината од победата над фашизмот и ослободувањето од логорите на смртта во Европа.

Прочитај повеќе

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ГО ПРИМИ НОВОИМЕНУВАНИОТ АМБАСАДОР ...

Четврток, 22 јануари 2014 година

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ГО ПРИМИ НОВОИМЕНУВАНИОТ АМБАСАДОР НА КАНАДА ЗА МАКЕДОНИЈА СО СЕДИШТЕ ВО БЕЛГРАД, Н.Е. ФИЛИП ПИНИНГТОН 

На средбата стана збор за одличните односи помеѓу двете држави за што доказ се и официјалните посети на високо ниво, за македонската дијаспора која е многубројна во Канада како и за подршката која ја добива Македонија од страна на Канада во повеќе области. Двете страни изразија желба за продлабочување на соработката и развивање на парламентарната дипломатија.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со г. Илир Мета...

Вторник, 20 јануари 2015 година

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Собранието на Република Албанија, г. Илир Мета

Во рамките на посетата, двајцата претседатели остварија средба на која се разговараше за моменталните состојби во двете земји, за можностите за соработка и унапредување на севкупните односи. 
Прочитај повеќе

Проштална средба на претседателот Вељаноски со американскио...

Четврток, 15 јануари 2015 година

Проштална средба на претседателот Вељаноски со американскиот амбасадор, г. Пол Волерс

На самиот почеток, двајцата соговорници изразија задоволство од денешната средба и благодарност за сите досегашни средби, кои се еден од показателите за успешната соработка меѓу двете земји. Соговорниците посочија дека соработката се одвивала на исклучително високо ниво, со заемно разбирање и пријателство.

Прочитај повеќе

Трета седница на Комисијата за уставни прашања...

Петок, 9 јануари 2015 година

Трета седница на Комисијата за уставни прашања

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, ја водеше денешната Трета седница на Комисијата за уставни прашања, на која на дневен ред беа текстовите на Предлогот на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI, XXXVII, XXXVIII, XXXIX И XL на Уставот на Република Македонија, со Извештај за резултатите од јавните дискусии по Нацртот на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI, XXXVII, XXXVIII и XXXIX на Уставот на Република Македонија и Предлогот на уставен закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XL на Уставот на Република Македонија.
Прочитај повеќе
1...567...10           
Click