„Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата – ...

Понеделник, 1 декември 2014 година

„Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата – сега“

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, денеска  одржа јавна расправа  на тема: „Акцискиот план за спроведување на препораките од Комитетот за правата на жените (КПЖ) во однос на спроведувањето на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените“.

Јавната расправа се одржа во рамките на глобалниот повик за активизам „Направи го твоето соседство портокалово“, кој годинава се одржува преку повикот „Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата – сега“. 

Прочитај повеќе

Единаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарств...

Понеделник, 1 декември 2014 година

Единаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 11. седница, како матично работно тело во скратена постапка го разгледа Предлог на законот за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој.

Прочитај повеќе

ЕУ ќе продолжи да работи на надминување на економската криз...

Понеделник, 1 декември 2014 година, Рим

ЕУ ќе продолжи да работи на надминување на економската криза

На Конференцијата на комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ- КОСАК, што се одржува денеска и утре (1-2 декември 2014 година) во Рим, учествува заменикот на претседателот на Комисијата за европски прашања, г-ѓа Нора Алити.

Прочитај повеќе

Тринаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и еко...

Четврток, 27 ноември 2014 година

Тринаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 13. седница, како матично работно тело во прво читање, ги разгледа:

Прочитај повеќе

Дванаесетти состанок на Мешовитиот парламентарен комитет...

Среда, 26 ноември 2014 година, Стразбур

Дванаесетти состанок на Мешовитиот парламентарен комитет

На 12. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија (МПК - РМ и ЕУ), кој се одржува во Европскиот парламент во Стразбур, учествува делегација на Собранието на Република Македонија предводена од г. Кенан Хасипи,  претседател на Делегацијата  и копретседавач; г. Артан Груби, потпретседател на Делегацијата и заменик копретседавач; потоа г. Антонијо Милошоски, г-ѓа Силвана Бонева и г. Владимир Ѓорчев, членови на  Делегацијата; како и г. Беким Фазлиу, заменик-член. 
Прочитај повеќе

Македонија и Турција - пријателски земји со успешна соработ...

Понеделник, 24 ноември 2014 година

Македонија и Турција - пријателски земји со успешна соработка на сите нивоа

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција, г. Кенан Хасипи, оствари средба со Делегација на Големото национално собрание на Република Турција, предводена од претседателот, г. Џемил Чичек.

На средбата присуствуваа и членовите на Пратеничката група: г-ѓа Силвана Бонева, г. Амди Бајрам, г. Јамин Синани и г. Газменд Алији.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Голем...

Понеделник, 24 ноември 2014 година

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, г. Џемил Чичек

Двајцата претседатели се согласија дека меѓусебните официјални посети помеѓу Република Македонија и Турската Република, само ги потврдуваат високо развиените пријателски односи, а кон нив, исто така, придонесуваат и соработката на парламентарните групи за пријателство, како и соработката на собраниските комисии и администрацијата.
Прочитај повеќе

Република Македонија е подготвена да ги реши сите прашања п...

Понеделник, 24 ноември 2014 година, Хаг, Холандија 

Република Македонија е подготвена да ги реши сите прашања преку дијалог и меѓусебно разбирање

Пратеникот Павле Трајанов, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, од 21 до 24 ноември, учествува во работата на 60. Годишна сесија на ПС на НАТО што се одржува во Хаг, Кралството Холандија.

Прочитај повеќе

Втора седница на Комитетот за односи меѓу заедниците...

Четврток, 20 ноември 2014 година   

Втора седница на Комитетот за односи меѓу заедниците 

Комитетот за односи меѓу заедниците денеска ја одржа својата Втора седница, на која претседателот на Комитетот, г. Ејуп Рустеми, му упати честитки на г. Мите Костов за изборот за член на Комитетот од редот на заедницата на Власите.

Прочитај повеќе

Јавна расправа за предизвиците и можностите на ИПА 2 во рег...

Среда, 19 ноември 2014 година

Јавна расправа за предизвиците и можностите на ИПА 2 во регионални рамки 

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, со која претседаваше заменикот-претседателот на Комисијата, г-ѓа Нора Алити, вчера ја продолжи дводневната Јавна расправа на тема „ИПА 2 (2014-2020) – Предизвици и можности за искористување“.

И на вториот ден од Јавната расправа се дискутираше за предизвиците и можностите на ИПА 2, но во регионални рамки. 

Прочитај повеќе
1...404142...58                                                           
Click