Петок, 5 јули 2019 година
Собраниска делегација во официјална посета на Комисијата за човекови права, родова рамноправност, исчезнати лица и петиции на Косовското собрание
Делегација од Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Северна Македонијa, во состав: Фадил Зендели, Сашко Атанасов, Мирсада Емини-Асани, Трајчо Димков, Панчо Минов, Ирена Стефоска, Слаѓана Митовска и Зеќир Рамчиловиќ, претседател на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, на 8 јули 2019 година ќе оствари официјална посета на Комисијата за човекови права, родова рамноправност, исчезнати лица и петиции на Собранието на Република Косово.