Активности

Среда, 20 февруари 2019 година

Џафери по средбите со Борисов и Захариева: Бугарија дава огромна поддршка за евроатлантските аспирации за Република Северна Македонија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари средба со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.

повеќе...

Среда, 20 февруари 2019 година

Џафери-Карајанчева: Ратификација на Протоколот е значаен чин  за граѓаните на двете држави

Денеска, Собранието на Република Бугарија, едногласно со 139 гласа „за“, го ратификуваше Протоколот на Северноатлантскиот сојуз за членство на Република Северна Македонија.

По ратификацијата, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и неговата колешка Цвета Карајанчева, одржаа прес-конференција на која го искажаа задоволството од свечениот чин на ратификација, кој е значаен  за граѓаните на двете држави.

повеќе...

Среда, 20 февруари 2019 година

Работна средба на Клубот на пратенички

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија вчера одржа работна средба со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Во придружба на министерката беше тим составен од советници во Кабинетот на министерката Царовска, како и од Секторот за социјална заштита.Целта на работната средба беше министерката со својот тим да ги информира пратеничките преку Клубот за новите закони од социјалната сфера:

повеќе...

Вторник, 19 февруари 2019 година, Брисел

Собраниска делегација на заеднички состаноци на Комитетите на ПС НАТО со Северноатлантскиот совет

На покана од ПС на НАТО, на заедничките состаноци на Комитетите на ПС на НАТО со Северноатлантскиот совет (NAC), кои се одржуват од 18 до 20 февруари 2019 г. во Брисел, Кралството Белгија, учествуваат пратениците Илија Димовски, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПС на НАТО и Весел Мемеди, потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија и член на Делегацијата. 

повеќе...

Вторник, 19 февруари 2019 година

Учество на Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во Брисел

Конференцијата се одржува во Европскиот парламент во Брисел, Кралство Белгија од 17 до 20 февруари 2019 година.  На Конференцијата се дискутираше за Повеќегодишната финансиска рамка 2021-2027, која го претставува Буџетот на Европската Унија за следните седум години. Буџетот на ЕУ се планира и реализира така што секогаш постои баланс, односно никогаш нема ниту суфицит, ниту дефицит, практика што е честа во националните економии. Оттука, јавните финансии на ЕУ и управувањето со истите се одликува со многу голема избалансираност, транспарентност и предвидливост. 

повеќе...

Понеделник, 18 февруари 2019 година

Средба на претседателот Џафери со г. Крис Соха, раководител на Службата на Комисијата за односи со странство на Сенатот на САД

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, се сретна со г. Крис Соха, раководител на Службата на Комисијата за односи со странство на Сенатот на САД. Потенцирајќи ги извонредните билатерални односи, стратешкото партнерство меѓу двете држави и успешната соработка, особено на полето на одбраната, претседателот Џафери даде краток осврт на актуелната состојба во државата, со акцент на реформскиот процес.

повеќе...

Четврток, 14 февруари 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери пред пратениците во Собранието на Република Албанија   

Имам чест денес да се обратам од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и да го изразам моето лично задоволство и чувството на гордост што денес сум сведок на еден толку свечен чин за нас, за граѓаните на Република Северна Македонија и за сите што придонесоа за тоа каде сме денес, ни веруваа и ни дадоа поддршка. 

повеќе...

Среда, 13 февруари 2019 година

Јавна расправа со низа предлози за надградување и усовршување на системот за извршување санкции

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на својата 62. седница одржа Јавна расправа по Предлог-законот за извршување на санкциите.

повеќе...

Среда, 13 февруари 2019 година

Презентиран Извештајот за степенот на имплементација на законодавството на Енергетската заедница 

Средбата ја отвори претседателот на Комисијата, Горан Милески, а пред присутните членови и пратеници беше презентиран Извештајот за степенот на имплементација на законодавството на Енергетската заедница во Република Македонија, од страна на директорот Копач.

повеќе...

Среда, 13 февруари 2019 година 

Бејли: Постигнувањата на Клубот на пратенички се постигнувања и на граѓаните

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија вчера одржа работна средба со амбасадорот на САД, г-дин Џес Бејли. Во придружба на амбасадорот беше и новата директорка на канцеларијата на УСАИД, Гречен Биркл како и Слаѓана Србинсока, менаџмент специјалист од УСАИД. 

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 72
  •