Комисијата за еднакви можности на жените и мажите согласна:...

Четврток, 14 ноември 2019 година

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите согласна: Времето за адаптирање е сега

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на денешната 13. седница одржа Јавна расправа на тема: Родовиот аспект на климатските промени.

Прочитај повеќе

Напредокот на сексуалните и репродуктивните права започнува...

Четврток, 14 ноември 2019 година

Напредокот на сексуалните и репродуктивните права започнува со еманципација на жените

Пратеничките Јагода Шахпаска и Лилјана Поповска и генералната секретарка на Собранието и поранешна пратеничка Цветанка Иванова, како претставнички од Собранието на Република Северна Македонија, од 12 до 14 ноември 2019 година учествуваа на Самитот на Фондот за население на Обединетите нации, што се одржува во Најроби, Кенија.

Прочитај повеќе

Дваесет и седма седница на Комисијата за земјоделство, шума...

Четврток, 14 ноември 2019 година

Дваесет и седма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на вчерашната 27. Седница, како матично работно тело во скратена постапка го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, поднесен од пратениците: Татјана Прентовиќ, Панчо Минов, Мира Стојчевска, Далибор Богдановски, Реџаиљ Исмаили, Реџеп Мемеди, Мирослав Јовановиќ и Ристе Ташев.

Прочитај повеќе

Педесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и еколо...

Среда, 13 ноември 2019 година

Педесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на вчерашната 50. седница, како матично работно тело ги разгледа:

Прочитај повеќе

Пратеничката Кузмановска на Конференција за зајакнување на ...

Среда, 13 ноември 2019 година

Пратеничката Кузмановска на Конференција за зајакнување на соработката помеѓу Парламентите и Државните ревизорски институции

Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, г-ѓа Лилјана Кузмановска учествува на Регионална конференција на тема: Стратегии и технички пристапи за зајакнување на соработката помеѓу Парламентот и Државната ревизорска институција. Конференцијата се одржува од 12 до 14 ноември 2019 година во Подгорица, Република Црна Гора, во организација на Светска банка, а поддржана од Швајцарскиот државен секретаријат и Европската Комисија. 

Прочитај повеќе

Тркалезна маса на ИППГ: Јакнење на интер-секторската сорабо...

Понеделник, 11 ноември 2019 година

Тркалезна маса на ИППГ: Јакнење на интер-секторската соработка за унапредување на изборните права на лицата со попреченост

Главна цел на настанот беше да се актуелизира дискусијата за ограниченото учество на лицата со попреченост во изборниот процес, како и за можните предлози за унапредување на интерсекторската соработка во насока на инклузија и остварување на нивните изборни граѓански и политички права.
Прочитај повеќе

Развојот на инфраструктурата - основен предуслов за успешен...

Понеделник, 11 ноември 2019 година

Развојот на инфраструктурата - основен предуслов за успешен економски раст

На редовната сесија на Парламентарното собрание на ПД-ЦЕИ, која се одржа во Рим, Италија, која воедно е и претседавач со ЦЕИ оваа 2019 година, учествуваше и делегацијата на ПД-ЦЕИ на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Делегацијата, Фадил Зендели.

Тема на оваа конференцијата на ПС на ПД-ЦЕИ беше „Развојот на инфраструктурата како предуслов за компетитивен бизнис во земјите членки на ЦЕИ“.

Прочитај повеќе

Состанок на Советодавниот комитет на Програмата за парламен...

Петок, 8 ноември 2019 година

Состанок на Советодавниот комитет на Програмата за парламентарна поддршка

Денеска во Собранието на Република Северна Македонија се одржа Првата работна средба на Советодавниот комитет на Програмата за парламентарна поддршка, на која покрај претседателот Талат Џафери, присуствуваа и потпретседателот Горан Мисовски; генералната секретарка Цветанка Иванова; Н.Е. Сибил Сутер Техада, амбасадорка на Швајцарија во Северна Македонија; Н.Е. Кристин Форгстин Бентсон, амбасадорка на Шведска во Северна Македонија; д-р Кристоф Ланц, поранешен генерален секретар на Федералното собрание на Швајцарија; г. Александар Фузереси, раководител на парламентарната техничка соработка на ФС на Швајцарија; г. Антеро Хабихт, заменик-генерален секретар на естонскиот Риигикогу и претставници на тимот на НДИ предводени од директорот Крис Хеншоу.

Прочитај повеќе

Учество на членови на Комисијата за одбрана и безбедност на...

Четврток, 7 ноември 2019 година

Учество на членови на Комисијата за одбрана и безбедност на Регионална годишна конференција на Парламентарните комисии за одбрана и безбедност на земјите од Југоисточна Европа

На покана на Центарот за безбедносна соработка РАКВИАК (RACVIAC), Комитетот за национална безбедност на Парламентот на Република Албанија и Центарот за управување со безбедносниот сектор, ДЦАФ (Женева), на 5 и 6 ноември 2019 година во Тирана, Република Албанија, членови на Комисијата за одбрана и безбедност учествуваа на Регионална годишна конференција на Парламентарните комисии за одбрана и безбедност на земјите од Југоисточна Европа.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со поранешниот генерален сек...

Четврток, 7 ноември 2019 година

Средба на претседателот Џафери со поранешниот генерален секретар на Сојузното собрание на Швајцарија, д-р Кристоф Ланц

Денеска претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со поранешниот Генерален секретар на Сојузното собрание на Швајцарија д-р Кристоф Ланц и главен технички консултант на СДЦ за Програмата за парламентарна поддршка. На средбата присуствуваа генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Цветанка Иванова, швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Техада и Роберт Скот Хејзлет претставник од НДИ.

Прочитај повеќе
1...131415...117                                                                                                                      
Click