Втор ден од посетата на Делегацијата во ПС на НАТО на Франц...

Четврток, 7 ноември 2019 година

Втор ден од посетата на Делегацијата во ПС на НАТО на Француската Република

Делегацијата имаше можност да размени мислења со г-ѓа Дуња Мијатовиќ, комесар за човекови права на Советот на Европа, која ги информираше пратениците околу загрижувачката состојба со мигрантите на територијата на Република Грција и можноста од ескалација, што ја наметнува потребата од поголема координација меѓу членките и со Европската комисија. На прашањето на пратеникот Илија Димовски за евентуална посета на комесарката на земјата и утврдување на состојбата во делот на слобода на медиумите, таа најави дека планира следната година да ја посети Република Северна Македонија, со цел на утврдување на фактичката состојба на тој план.
Прочитај повеќе

Тркалезна маса на тема „Промена на изборниот модел од шест ...

Вторник, 5 ноември 2019 година

Тркалезна маса на тема „Промена на изборниот модел од шест во една изборна единица и отворени листи“

Парламентарната иницијативата за една изборна единица денеска организираше Тркалезна маса на тема „Промена на изборниот модел од шест во една изборна единица и отворени листи“, на која беа поканети сите парламентарни парттии и нивните претседатели.

Прочитај повеќе

Седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слобо...

Вторник, 5 ноември 2019 година

Седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот 

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Северна Македонија, денеска го одржа второто продолжение на Десеттата седница на која ја разгледуваше содржината на Предлог-заклучоците произлезени од Јавната расправа на тема: Состојбата со човековите права во казнено-поправните установи во Република Северна Македонија и од Извештајот на Работната група на Комисијата за посета на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Елен Конве-Муре, пот...

Вторник, 5 ноември 2019 година

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Елен Конве-Муре, потпретседател на Сенатот на Француската Република

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија денеска оствари средба со Елен Конве-Муре, потпретседателка на Сенатот на Француската Република и член на Комисијата за надворешни работи, одбрана и вооружени сили во францускиот Сенат.

Прочитај повеќе

Студиска посета во Eстонија на тема: „Вклучување на граѓани...

Вторник, 5 ноември 2019 година

Студиска посета во Eстонија на тема: „Вклучување на граѓаните во градење на безбедно е-општество“

Во перидот од 2 до 8 ноември, собраниска делегација составена од пратениците Зоран Илиоски, Татјана Прентовиќ, Ане Лашкоска, Агим Шаќири и Тања Ковачев, учествува на студиска посета во Талин, Естонија, на тема „Вклучување на граѓаните во градење на безбедно е-Општество“. Посетата е организирана од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во рамките на Партнерството за демократија на американскиот конгрес (House Democracy Partnership) и во соработка со естонската е-Управување академија  (E-Governance Academy).

Прочитај повеќе

Сасоли: Недобивањето датум не е историска грешка, туку исто...

Вторник, 5 ноември 2019 година

Сасоли: Недобивањето датум не е историска грешка, туку историски застој

Координаторите на Пратеничките групи и претставници од други политички партии од Собранието, остварија средба со Давид Мариа Сасоли, претседател на Европскиот парламент, која ја водеше претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ НИКОЛА ПОПОСКИ СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ЕВРОПС...

Вторник, 5 ноември 2019 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ НИКОЛА ПОПОСКИ СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ЕВРОПСКИОТ ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛЕН КОМИТЕТ

Пратеникот Никола Попоски во својство на претседател на Националниот совет за евроинтеграции вчера оствари средба со делегација на Европскиот економско социјален комитет (ЕЕСК) предводена од Драгица Мартиновиќ Џамонја претседавач на Комисијата за следење на Западен Балкан, членот Даива Кведараите и Давид Хоиќ од секретаријатот на Одделот за надворешни врски.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРАТЕНИЦИТЕ ПОПОСКИ И МАНАСКОВА СО ПРЕСТАВНИЦИ НА...

Вторник, 5 ноември 2019 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИЦИТЕ ПОПОСКИ И МАНАСКОВА СО ПРЕСТАВНИЦИ НА ЈАПОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА

Пратениците Никола Попоски и Магдалена Манаскова се заблагодарија за поддршката што доаѓа од страна на Јапонија и побараа да се пренесат практиките и методологијата што е употребена во Јапонија, технологијата што е искористена се со цел да се најде долготрајно и одржливо решение за Охридското Езеро.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Европски...

Вторник, 5 ноември 2019 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Европскиот парламент Сасоли

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со претседателот на Европскиот парламент, г. Давид Мариа Сасоли, кој по преземањето на функцијата, првата посета надвор од Европската Унија ја остварува токму во Република Северна Македонија. 

Прочитај повеќе

Донесување значајни одлуки пред Самитот во Загреб...

Вторник, 5 ноември 2019 година

Донесување значајни одлуки пред Самитот во Загреб

Шефот на Делегацијата во Парламентарното собрание на НАТО, Илија Димовски и членот Катерина Кузмановска, како дел од Комитетот за цивилна димензија на одбраната, денес оствари средба во Сенатот на Француската Република со г. Кристијан Камбон, претседател на Комисијата за надворешни работи, одбрана и вооружени сили на Сенатот на Француската Република, г. Филип Ереира, генерален директор за политички и безбедносни прашања во француското МНР, г. Лорен Нунез, државен секретар за внатрешни работи, г. Жан Доминик Џулијани, претседател на Фондацијата Роберт Шуман и г. Жак Рупник, директор на Центарот за истражување на Националната фондација за политички науки.

Прочитај повеќе
1...141516...117                                                                                                                      
Click