Пратениците Димовски и Гаши на 65. Годишна сесија на ПС на ...

Понеделник, 14 октомври 2019 година

Пратениците Димовски и Гаши на 65. Годишна сесија на ПС на НАТО во Лондон

За време на сесијата, Шефот на Делегацијата Илија Димовски оствари поединечни средби со шефови и членови на исландската, италијанската, холандската, француската и американската делегација, при што беа разменети корисни информации околу актуелностите сврзани со нашето пристапување во НАТО. Беа добиени информaции дека исландскиот парламент ќе го ратификува Пристапниот протокол следниот понеделник, италијанскиот и холандскиот парламент ќе го ратификуваат на почетокот на ноември, а американскиот Конгрес и францускиот парламент веќе ја финализираат целата процедура. Во разговорите со грчката, украинската, српската, турската, австриската,  црногорската, латвиската и албанската делегација беа разменети ставови за меѓународната политика, безбедносните и одбранбените предизвици и перспективите на трансатлантската безбедност.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Иранскио...

Понеделник, 14 октомври 2019 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Иранскиот парламент, Али Ардешир Лариџани

Во рамките на 141. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 13 до 17 октомври 2019 година во Белград, Република Србија, беше остварена средба помеѓу Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија и Али Ардешир Лариџани, претседател на Парламентот на Исламската Република Иран, на негово барање.

Прочитај повеќе

Форум на жени парламентарки – „Обезбедување универзалното з...

Понеделник, 14 октомври 2019 година, Белград

Форум на жени парламентарки – „Обезбедување универзалното здравствено покривање да одговара на потребите на жените и девојчињата“

Во рамките на 141. Собрание на ИПУ, вчера се одржа седница на „Форумот на жени парламентарки“, на која, меѓу другото, се одржа и дебата на тема: „Обезбедување универзалното здравствено покривање да одговара на потребите на жените и девојчињата“, која имаше за цел споделување на искуства за добрите практики, стратегии, политики, законодавство и мерки на овој план.
Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА ...

Четврток, 10 октомври 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА, МАРЈАН ШАРЕЦ

Посакувајќи му топло добредојде и изразувајќи задоволство од повторната средба, претседателот Џафери ја искажа благодарноста за континуираната помош и поддршка на Република Словенија во остварувањето на нашите стратешки цели за членство во НАТО и ЕУ. 
Прочитај повеќе

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА НАЦИОНАЛНОТО СОБ...

Четврток, 10 октомври 2019 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА НАЦИОНАЛНОТО СОБРАНИЕ И СЕНАТОТ НА ФРАНЦУСКАТА РЕПУБЛИКА 

По покана од г. Бертран Сор, претседател на Групата за пријателство Франција-Северна Македонија на Националното собрание на Француската Република, Делегација на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република во состав: г. Панче Иванов, претседател, г. Бетиан Китев, г-ѓа Лидија Тасевска, г. Никола Попоски, г-ѓа Весна Дамчевска-Илиевска, г-ѓа Даниела Рангелова и г. Фадил Зендели, членови на оваа Пратеничка Група се на возвратна работна посета на Националното собрание и Сенатот на Француската Република која се реализира  од 8 до 10 октомври 2019 година.

Прочитај повеќе

Jакнењето на регионалната соработка претставува една од кру...

Среда, 9 октомври 2019 година

Jакнењето на регионалната соработка претставува една од круцијалните заложби на земјите од Регионот и клучен фактор

Пратениците Трајчо Димков, Мирсада Емини-Асани, Павлинче Честојнова и Мери Лазарова, како членови на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот и Комисијата за еднакви можности на жените, учествуваа на годишната Регионална парламентарна конференција „Јакнење на регионалната соработка и надзор на човековите права и родовата легислатива во Западен Балкан“, која се одржa на 7 и 8 октомври 2019 година, во Подгорица, Црна Гора.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Тркалезна маса на тема ...

Вторник, 8 октомври 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери на Тркалезна маса на тема „Искуства и предизвици од примената на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси“

Ми преставува чест што сум дел од оваа работилница, во која ве охрабрувам и верувам дека ќе даде резултат во однос на креирањето на Национална стратегија. Се надевам дека со моето воведно обраќање ќе придонесам во вашата работа, особено за ваква значајна тема како што е корупцијата односно борбата против корупција. 
Прочитај повеќе

Работна средба на Комисијата за локална самоуправа со претс...

Вторник, 8 октомври 2019 година

Работна средба на Комисијата за локална самоуправа со претставници на НДИ

Комисијата за локална самоуправа вчера одржа Работна средба со претставниците на Националниот Демократски Институт и членови на Комисијата, во врска за спроведување на Законот за локална самоуправа во однос на работата на Комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво (членови 41 и 55 )

Прочитај повеќе

Пратеничките Прентовиќ и Стојчевска во посета на Комисијата...

Четврток, 3 октомври 2019 година

Пратеничките Прентовиќ и Стојчевска во посета на Комисијата за земјоделство во Парламентот на Република Словенија

Целта на посетата беше согледување на позитивните искуства за создавање поволни услови за развој на постојните и создавање на нови земјоделски задруги, кои ќе придонесат за поголема продуктивност и пазарна конкурентност на земјоделскиот сектор и соработка помеѓу земјоделците во земјата. 
Прочитај повеќе

Усвоена резолуцијата за постмониторинг дијалог ...

Четврток, 3 октомври 2019 година, Стразбур

Усвоена резолуцијата за постмониторинг дијалог

Во текстот, Комисијата им оддаде признание на властите на Северна Македонија за напредокот постигнат од 2013 година, но одлучи да го продолжи постмониторинг дијалогот и во наредниот период да го оцени напредокот во натамошно консолидирање на функционирањето на демократските институции, зајакнувањето на независноста на судството, борбата против корупцијата, зајакнувањето на изборната рамка и спроведување на инклузивни политики за заштита на правата на малцинствата.
Прочитај повеќе
1...181920...117                                                                                                                      
Click