Активно учество на пратениците Китев и Кадри на сесијата на...

Четврток, 3 октомври 2019 година

Активно учество на пратениците Китев и Хадри на сесијата на ПССЕ

Во текот на сесијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, кое оваа недела се одржува во Стразбур, пратениците Китев и Хадри учествуваа во расправите на неколку теми.

Китев зборуваше за подобрувањето на заштитата на укажувачите низ цела Европа и истакна дека укажувачите играат клучна улога во спречувањето на кршењата на законите и заштитата на општеството, но тие честопати се обесхрабрени да ги пријавуваат своите грижи или сомневања поради страв од одмазда. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Црна Гор...

Среда, 2 октомври 2019 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Црна Гора, г. Мило Ѓукановиќ

Во рамките на официјалната посета на г. Мило Ѓукановиќ, претседател на Црна Гора на Република Северна Македонија, во Собранието се одржа средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери. На средбата присуствуваа и пратениците од Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора: г-ѓа Лилјана Кузмановска, претседател на Групата и членовите, г. Благојче Трпевски и г-ѓа Мирсада Емини-Хасани.

Прочитај повеќе

Јавна расправа: Улогата на жените во руралните средини и ни...

Среда, 2 октомври 2019 година

Јавна расправа: Улогата на жените во руралните средини и нивните предизвици

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на денешната Eдинаесетта седница одржа Јавна расправа на тема: Улогата на жените во руралните средини и нивните предизвици, на иницијатива на пратеничките Даниела Рангелова и Татјана Прентовиќ.
Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ВИСОКИОТ КОМЕСАР ЗА НАЦИО...

Среда, 2 октомври 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ВИСОКИОТ КОМЕСАР ЗА НАЦИОНАЛНИ МАЛЦИНСТВА НА ОБСЕ ЛАМБЕРТО ЗАНИЕР

Претседателот Џафери нагласи дека во Република Северна Македонија високо се цени константната соработка и ангажманот на Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ. Тој оцени дека земјата е на добар пат во целост да ги исполни одредбите на ОБСЕ, иако сè уште постојат одделни негативни перцепции, особено на ниво на локалните самоуправи. 
Прочитај повеќе

Работилница за улогата на Собранието во извршувањето на пре...

Среда, 2 октомври 2019 година

Работилница за улогата на Собранието во извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Канцеларијата на НДИ во Скопје и нивните програми и проекти за поддршка на демократските реформи и институционално зајакнување на Собранието, денес организираше  еднодневна работилница на тема „Улогата на Собранието на Република Северна Македонија во извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права“.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Кристин Форсгрен Бен...

Вторник, 1 октомври 2019 година

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Кристин Форсгрен Бенгтсон, амбасадор на Кралството Шведска во Република Северна Македонија

Претседателот Џафери и посака топло добредојде во Република Северна Македонија, со желби за успешен амбасадорски мандат и подвлече дека, со Амбасадата на Кралството Шведска во Скопје, континуирано имаме многу блиска и конструктивна соработка. 

Прочитај повеќе

Прашање до Амели де Моншалан...

Вторник, 1 октомври 2019 година

Прашање до Амели де Моншалан

На првиот ден на сесијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа која се одржува во Стразбур, францускиот државен секретар за европски прашања Амели де Моншалан се обрати во својство на претседавач со Комитетот на министрите. По обраќањето, шефот на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија, г. Бетиан Китев ја искористи можноста да и постави прашање на г-ѓа Монншалан.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕВРОП...

Понеделник, 30 септември 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПАПАДИМУЛИС

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со потпретседателот на Европскиот парламент од Република Грција, г. Димитриос Пападимулис. Претседателот Џафери изрази задоволство од повторната средба со него како потпретседател на Европскиот парламент и му го честиташе реизборот на оваа функција и во овој парламентарен состав. 

Прочитај повеќе

ЈАВНА РАСПРАВА: „ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ ЗА ИДНИНАТА НА ЈУГОИСТО...

Понеделник, 30 септември 2019 година

ЈАВНА РАСПРАВА: „ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ ЗА ИДНИНАТА НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА-МЛАДИНСКИТЕ ПОЛИТИКИ И СОРАБОТКА"

Националниот совет за евроинтеграции денеска организираше јавна расправа на иницијатива на Младинскиот сојуз како завршна активност на 17. Меѓународната Младинска конференција која се одржа од 26-29 септември 2019 година во Крушево. На јавната расправа учествуваа млади мотиватори од 16 земји од регионот и од ЕУ.

Прочитај повеќе

Граѓанските организации креатори на партиципативната демокр...

Петок, 27 септември 2019 година

Граѓанските организации креатори на партиципативната демократија на секое ниво

Клубот на пратенички во Собранието на Република Северна Македонија во соработка со Националниот демократски институт успешно ја одбележа неделата на женските права и родова рамноправност со завршна средба која ја одржа  со граѓанските организации. Темата на средбата се однесуваше на досегашната соработка и идните предизвици.

Прочитај повеќе
1...192021...117                                                                                                                      
Click