УЧЕСТВО НА НЕНАД КОЦИЌ НА СЕДНИЦА НА КОМИТЕТОТ ЗА ПАРЛАМЕНТ...

Вторник, 1 јуни 2021

УЧЕСТВО НА НЕНАД КОЦИЌ НА СЕДНИЦА НА КОМИТЕТОТ ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИ ПРАШАЊА НА ПАРЛАМЕНТАРНОТО СОБРАНИЕ НА ФРАНКОФОНИЈАТА

Во рамките на редовните активности, Комитетот за парламентарни прашања на Парламентарното собрание на Франкофонијата ја одржа својата редовна седница во виртуелен формат. На седницата учествуваше пратеникот Ненад Коциќ, член на Делегацијата од Собранието на Република Северна Македонија и член на Комитетот.

Прочитај повеќе

Учество на Арбер Адеми на КОСАК конференција...

Понеделник, 31 мај 2021

Учество на Арбер Адеми на КОСАК конференција

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Арбер Адеми, учествуваше на виртуелната Конференција на комисиите за европски прашања на земјите ЕУ членки-КОСАК, што се одржува  во Лисабон, во рамките на Португалското претседателство со ЕУ.

Прочитај повеќе

Претседателот Џафери на „Денот на високи гости“ на Криволак...

Понеделник, 31 мај 2021

Претседателот Џафери на „Денот на високи гости“ на Криволак

Денеска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, присуствуваше на Денот на високи гости на армискиот полигон Криволак каде што се одвива воената вежба „Одлучен удар 21", на која што учествуваат припадници на нашата Армија и Армиите на Соединетите Американски Држави, на Грција и Бугарија.

Прочитај повеќе

Без силно младинско движење не може да има енергично граѓан...

Петок, 28 мај 2021

Без силно младинско движење не може да има енергично граѓанско општество

Пратеничката Моника Зајкова, член на Делегацијата во ПС на ОБСЕ, вчера учествуваше на конференција организирана од Парламентарното собрание на ОБСЕ, како дел од Повикот за акција - Процес Хелсинки +50.

Целта на конференцијата беше да се обезбеди подобро присуство на младинските претставници во мултилатералните организации. На настанот учестуваа претставници на младинските крила на политичките партии и лидерите на ПС на ОБСЕ.

Прочитај повеќе

Проштална средба на претседателот Џафери со уставниот судиј...

Четврток, 27 мај 2021

Проштална средба на претседателот Џафери со уставниот судија Мурати

Денеска претседателот на Собранието на Република Северна Македонија оствари проштална средба со претседателот на Уставниот суд, г. Сали Мурати. На средбата заемно беше констатирана добрата соработка на Собранието со институцијата Уставен суд.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со омбудсманите Зибери, Бала...

Четврток, 27 мај 2021

Средба на претседателот Џафери со омбудсманите Зибери, Баланца и Ќелај

Денеска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со омбудсманите на Република Северна Македонија, г. Насер Зибери; на Република Албанија, г-ѓа Еринда Баланца и на Република Косово, г. Наим Ќелај. Тој им посака топло добредојде во законодавниот дом и се осврна на клучната улога на институцијата Народен правобранител, односно заштитата на човековите права.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на онлајн симулација...

Четврток, 27 мај 2021

Обраќање на претседателот Џафери на онлајн симулацијата на тема „Подготовка за идна криза: Развивање поефективен систем за управување со кризи“

Ми претставува задоволство што денеска сме собрани на овој начин и во овој број со цел да разговараме и разработиме тема која е од исклучително големо значење за функционирањето на една држава и нејзиниот систем, притоа, водени од искуствата кои ни ги донесе 2020-та и дел од 2021-ва година.
Прочитај повеќе

Цветанка Иванова на Заседание на Здружението на генерални с...

Четврток, 27 мај 2021

Цветанка Иванова на Заседание на Здружението на генерални секретари на парламенти

Генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Цветанка Иванова, учествува на Заседанието на Здружението на генералните секретари на парламентите (ЗГСП), што се одржува на 26 и 27 мај 2021 во виртуелен формат, во рамките на 142. Собрание на Интерпарламентарната унија.

Прочитај повеќе

Иванова: Со поддршка на ОБСЕ до Собрание како стожерна инст...

Четврток, 27 мај 2021

Иванова: Со поддршка на ОБСЕ до Собрание како стожерна институција во државата

Генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Цветанка Иванова, учествуваше на неформален видео-состанок со Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на кој свое учество зедоа и претставници на државите учеснички во ОБСЕ.

Прочитај повеќе

Учество на собраниска делегација на 142. Собрание на ИПУ...

Четврток, 27 мај 2021 година

Учество на собраниска делегација на 142. Собрание на ИПУ

Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ) во состав: Талат Џафери, претседател на Собранието и шеф на Делегацијата, пратениците: Диме Велковски, Никола Мицевски, Ели Панова и Арбер Адеми, членови на Делегацијата и Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, учествува на 142. Собрание на ИПУ, што се одржува од 24 до 28 мај 2021 година во виртуелен формат. 

Прочитај повеќе
1...272829...57                                                          
Click