Конститутивна седница на Интерпартиската парламентарна груп...

Четврток, 10 декември 2020 година

Конститутивна седница на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето

По повод Меѓународниот ден на човековите права, 10 декември, Собранието на Република Северна Македонија во соработка со Националната мрежа против хомофобија и трансфобија ја одржа конститутивната седница на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето. 
Прочитај повеќе

Разгледан Предлог-законот за попис во Собранието...

Четврток, 10 декември 2020 година

Разгледан Предлог-законот за попис во Собранието

Гoсподин Адеми, истакна дека станува збор за важен закон,со кој ќе се овозможи попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во периодот од 1-21 април 2021 година, имајќи во предвид дека последниот попис  во земјата беше спроведен во 2002 година, а пописот во 2011 година не беше реализиран.За потребата за   спроведувањето на пописот, истакна, дека како држава-членка на ООН сме обврзани да спроведеме Попис, кој ќе биде во согласност со донесените Меѓународни препораки за пописите на населението и домувањето, подготвени од страна на Економската комисија за Европа на Обединетите нации и на Евростат. 
Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО АМБАСАДОРОТ AБДРАШОВ...

Среда, 9 декември 2020 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО АМБАСАДОРОТ AБДРАШОВ

Претседателот Џафери, посакувајќи му топло добредојде на амбасадорот Абдрашов, ја потенцираше како исклучителна досегашната соработка со претходниот амбасадор и со казахстанската Амбасада, и искажа надеж дека истата ќе продолжи со уште поголема динамика.
Прочитај повеќе

Онлајн на средбата на пратеничката Мизрахи со г. Одед Форер...

Среда, 9 декември 2020

Онлајн средба на пратеничката Мизрахи со г. Одед Форер

Соговорниците споделија видувања околу актуелните внатрешно-политички предизвици, можностите за соработка во областа на родовата еднаквост и подобрување на политичкиот, социјалниот и општествен статус на жените, потоа во сферата на образованието, општествениот одговор на кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19, како и натамошно унапредување на парламентарните релации. Израелската страна понуди помош во било која област, од ескпертска до логистичка, за што државните институции во Република Северна Македонија секогаш може да сметаат на своите израелски пријатели. 
Прочитај повеќе

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИСОВСКИ НА НАСТАНОТ ЗА ОДБЕЛ...

Среда, 9 декември 2020 година

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИСОВСКИ  НА НАСТАНОТ ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

Дозволете од име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да го поздравам денешниот настан со кој се одбележува меѓународниот ден за борба против корупцијата, која за жал, се чини постои отсекогаш и континуирано ги разјадува општествата, го поткопува темелот и здравото функционирање на институциите, следствено на тоа, на државниот апарат на една земја.
Прочитај повеќе

Велковски на виртуелен состанок посветен на Зелениот Догово...

Среда, 9 декември 2020 година

Велковски на виртуелен состанок посветен на Зелениот Договор на Енергетската Заедница

Претседателот на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Диме Велковски, денеска учествуваше на виртуелен состанок посветен на Зелениот Договор на Енергетската Заедница и изработка на Националните планови за енергија и клима во организација на Секретаријатот на Енергетската заедница.

Прочитај повеќе

Онлајн состанок на Управувачката група за соработка со швед...

Понеделник, 7 декември 2020 година

Онлајн состанок на Управувачката група за соработка со шведскиот парламент

Основната цел на соработката со Шведскиот парламент е зајакнување на демократските институции и промовирање на  демократските вредности. Фокусот на соработката е размената на искуства помеѓу парламентарците и градењето на односи помеѓу парламентите со цел да се создадат мрежи и на тој начин да се обезбедат можности за поддршка и размена на знаењата. Предвидено е соработката да трае две до три години со можност за продолжување. 
Прочитај повеќе

Конститутивна седница на Клубот за младински прашања и поли...

Петок, 4 декември 2020

Конститутивна седница на Клубот за младински прашања и политики

Клубот за младински прашања и политики на Собранието, денеска ја одржа својата конститутивна седница, на која за координатор на истиот, беше избран пратеникот Јован Јаулески.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на конститутивната седница...

Петок, 4 декември 2020

Обраќање на претседателот Џафери на конститутивната седница на Клубот за младински прашања и политики

Драго ми е што денес, два месеци по Работната средба за пратеници, која всушност беше вовед во улогата и функцијата на Клубот за младински прашања и политики, Вие, мои драги млади колеги, се разбира со безрезервната помош на нашите драги пријатели од Весминстерската Фондација за Демократија и Националниот Демократски Институт, денес ја одржувате конститутивната седница на Клубот на новиот парламентарен состав.
Прочитај повеќе

„16 дена активизам против насилство врз жени и девојки“...

Четврток, 3 декември 2020

„16 дена активизам против насилство врз жени и девојки“

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, вчера, во рамките на глобалната кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојки“, одржа работен состанок со Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, на кој се дискутираше за напредокот во спроведување на Националниот акциски план (НАП) за имплементација на Истанбулската конвенција (2018-2023), со фокус на Предлог- законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство и потребните измени на Кривичниот законик со цел усогласување со Истанбулската конвенција.

Прочитај повеќе
1...474849...57                                                          
Click