Среда, 30 октомври 2013 година

Јавна расправа на тема: „Како до подобра грижа и третман за лицата што живеат со ХИВ во Република Македонијa”

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија, во соработка со групата за поддршка на лицата што живеат со ХИВ – „Заедно посилни“ и Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување - Х.Е.Р.А., на 14 ноември 2013 година, во 11.00 часот, во Салата на Уставна комисија, ќе одржат јавна расправа на тема: „Како до подобра грижа и третман за лицата што живеат со ХИВ во Република Македонијa”



Вторник, 29 октомври 2013 година

Собраниска делегација на регионален состанок во белград

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од Лилјана Поповска, а во чиј состав е и Светлана Мазгалоска Вучетиќ, на 29 и 30 октомври ќе учествува на првиот регионален состанок на парламентарните тела надлежни за човекови права и рамноправност на половите што се одржува во Белград, Република Србија



Среда, 23 октомври 2013 година, 12,00 часот, Свечена сала

Доделување на државната награда „23 Октомври“



Вторник, 22 октомври 2013 година

Положување венец свежо цвеќе

По повод државниот празник 23 Октомври - Ден на Македонската револуционерна борба, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во состав: г-ѓа Силвана Бонева, г-ѓа Вјолца Нуредини Мехмети, г-ѓа Владанка Авировиќ, г-ѓа Лилјана Поповска и г. Авдија Пепиќ ќе положи венец свежо цвеќе



Понеделник, 21 октомври 2013 година

Надзорна расправа на тема: „Користење на фондовите од инструментот за пристапна помош-ИПА во Република Македонија“

Комисијата за европски прашања, ќе го одржи шестото продолжение на Надзорната расправа на тема: „Користење на фондовите од инструментот за пристапна помош-ИПА во Република Македонија“ кое ќе се одржи на 29 октомври (вторник), 2013 година, со почеток од 10.00 часот, во Сала на Уставна комисија, во зградата на Собранието на Република Македонија



Петок, 18 октомври 2013 година

Јавна расправа по Предлог на законот за медијација

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на 29 октомври 2013 година, во 10.00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, во Собрание на Република Македонија ќе одржи јавна расправа по Предлог на законот за медијација



Четврток, 10 октомври 2013 година

Положување свежо цвеќе по повод државниот празник 11 Октомври - Ден на народното востание

По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, делегации на Собранието на Република Македонија на 11.10.2013 година (петок), ќе положат свежо цвеќе



Четврток, 10 октомври 2013 година

Доделување на државната награда „11 Октомври“



Четврток, 10 октомври 2013 година

Учество на Регионална конференција за парламентарен надзор на ИПА фондовите

Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, а во состав: г-ѓа Владанка Авировиќ, претседател на Комисијата за економски прашања, г. Марјанчо Николов претседател на Комисијата за финансирање и буџет и пратениците г. Гордан Георгиев и г-ѓа Христина Рунчева ќе учествува на Регионалната конференција за парламентарен надзор на ИПА фондовите од 11 до 13 октомври 2013 година, во Охрид



Четврток, 10 октомври 2013 година

Собраниска делегација на Годишната сесија на ПС на НАТО

Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, предводена од Ермира Мехмети, а во чиј состав е и Павле Трајанов, од 11 до 14 октомври оваа година ќе учествува на Годишната сесија на ПС на НАТО што се одржува во Дубровник, Република Хрватска



Четврток, 10 октомври 2013 година

Учество на Есенското заседание на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ во состав: г-ѓа Ана Павловска Данева, шеф на делегацијата, г. Владимир Ѓорчев и г. Беким Фазлиу, членови на делегацијата, ќе учествува на Есенското заседание на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), што ќе се одржи од 13 до 15 октомври 2013 година во Будва, Црна Гора



Среда, 9 октомври 2013 година

Пратеникот Александар Николоски набљудувач на претседателските избори во Азербејџан

Пратеникот Александар Николоски, кој е шеф на македонската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа, е дел од Ад-хок комисијата за мониторинг на денешните претседателски избори во Азербејџан



Петок, 4 октомври 2013 година

Учество на 129. Собрание на Интерпарламентарната унија

Делегација на Собранието на Република Македонија ќе учествува на 129. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што ќе се одржи од 6 до 9 октомври 2013 година, во Женева, Швајцарија. Делегацијата ја сочинуваат пратениците: г. Јани Макрадули, шеф на делегацијата, г-ѓа Силвана Бонева, г. Неџати Јакупи, г. Имер Алиу, г. Горан Мисовски и г. Рејхан Дурмиши, членови на делегацијата



Петок, 4 октомври 2013 година

Надзорна расправа на тема: „Користење на фондовите од инструментот за пристапна помош-ИПА во Република Македонија“

Третото продолжение на 42. седница на Комисијата за европски прашања, посветена на Надзорната расправа ќе се одржи на 7 октомври (понеделник) 2013 година, четвртото продолжение на 8 октомври (вторник), а петтото продолжение на 9 октомври (среда). Надзорната расправа на сите три продолженија ќе започне во 11.00 часот, во Сала на Уставна комисија, во зградата на Собранието на Република Македонија

Click