Средба на тема Решавање на меѓунационалните конфликти на ло...



Понеделник, 5 октомври 2009 година, Комитет за односи меѓу заедниците

Средба на тема Решавање на меѓунационалните конфликти на локално ниво во Западен Балкан

Комитетот за односи меѓу заедниците, на 2 октомври 2009 година, во канцеларијата на претседателот на Комитетот, г. Џеват Адеми, на барање на г.Јулиус Голдман, менаџер на проектот CSSproject за Интегративно посредување, одржа средба на тема „Решавање на меѓунационалните конфликти на локално ниво во Западен Балкан“.

Претседателот, г.Џеват Адеми, ги запозна присутните за досегашната работа на Комитетот за односи меѓу заедниците за постигнувањата и целите во работата и воедно напомена дека Комитетот за односи меѓу заедниците за прв пат е целосно комплетиран од аспект на оформување на Стручната служба за потребите на Комитетот.

На средбата беше разговарано за надлежностите на Комитетот и за неговата улога во остварување на правата на националните заедници во Република Македонија.

Еден од проблемите којшто беше споменат во текот на разговорот од страна на претседателот е имплементацијата на законите и нефункционирањето на Комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво.

Господин Јулиус Голдман информираше дека проектот CSSproject за Интегративно посредување, почнал со работа 2006 година во општина Струга, каде се фокусирани на меѓунационалните односи, зајакнувајки го Советот за меѓунационални односи и решавање на проблемите на локално ниво. Споменатиот проект ќе почне да се реализира и во општините Гази Баба и Куманово.

Прочитај повеќе

36 седница Комисија за финансирање и буџет...



Вторник, 6 октомври 2009 година

Триесет и шеста седница на Комисијата за финансирaње и буџет

Комисијата за финансирaње и буџет на Триесет и шестата седница, одржана на 5 октомври 2009 година, како матично работно тело ги разгледа:

Прочитај повеќе

ПСРМ во официјална посета на Република Хрватска...



Четврток, 8 октомври 2009 година

Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот на Собранието г. Трајко Вељаноски во официјална посета на Република Хрватска

Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот на Собранието г. Трајко Вељаноски, а во која се и пратениците Благородна Дулиќ, Вулнет Амети и Томе Чингоски од денеска се во официјална посета на Република Хрватска.

Прочитај повеќе

Да се создаде подобра врска помеѓу Собранието на Република ...



Четврток, 8 октомври 2009 година

Да се создаде подобра врска помеѓу Собранието на Република Македонија и медиумите

Вестминстер фондацијата за демократија и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста организираа тркалезна маса на тема „Создавање подобра врска помеѓу Собранието на Република Македонија и медиумите преку отвореност и пристап до информации“.

Прочитај повеќе

Октомвриска пленарна сесија во Брисел 07.10.09...



Среда, 7 октомври 2009 година

Октомвриска пленарна сесија во Брисел

Исходот од референдумот за Лисабонскиот договор во Ирска ќе биде тема на расправа од страна на политичките групи на Европскиот парламент на 7 и 8 октомври со претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо и на Советот, шведскиот премиер г.Фредерик Рејнфелд.

Слобода на информацијата во Италија ќе биде предмет на дебата помеѓу членовите на Европарламентот и Комисијата. Гласањето по ова прашање е на следната пленарна сесија во Стразбур од 19 до 22 октомври.

Европратениците ќе го разгледаат влијанието на финансиската криза и создавањето на  нов орган за оценување на мерките, преземени од ЕУ и нејзините земји-членки. Одлуката за создавање на нова 45-члена комисија ќе биде ставена на гласање  утре, а Комисијата ќе мора да ја заврши работата во рок од една година.

Евроизбраниците сакаат да им помогнат на најсиромашните земји во текот на глобалната криза, па Парламентот ќе гласа за резолуција која се повикува на реформи на меѓународните финансиски институции и други мерки.

Прочитај повеќе

Работен состанок соопштение, 30.9.2009...



Среда, 30 септември 2009 година

Работен состанок на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска со Заедницата на Хрватите во Република Македонија

Денеска во Собранието на Република Македонија се одржа работен состанок на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска со претставници на Заедницата на Хрватите во Република Македонија.

Прочитај повеќе

Торбјорн Јагланд - нов генерален секретар на Советот на Евр...



Среда, 30 септември 2009 година

Торбјорн Јагланд - нов генерален секретар на Советот на Европа

Парламентарното собрание на Советот на Европа го избра г.Торбјорн Јагланд од Норвешка за нов генерален секретар на Советот на Европа за следниот петгодишен мандат. Во првиот круг на изборите, од вкупно 245 гласови, г.Јагланд освои 165 (апсолутно мнозинство) наспроти г.Владимир Тимошевич од Полска, кој доби 80 гласови.

Прочитај повеќе

Триесет и четврта седница на Комисијата за финансирање и бу...



Вторник, 29 септември 2009 година

Триесет и четврта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Триесет и четвртата седница, одржана на 25 септември 2009 година, како матично работно тело во прво читање ги разгледа:

Прочитај повеќе

Средба на македонски пратеници со шпанскиот пратеник г.Гу...



Понеделник, 28 септември 2009 година

Средба на македонски пратеници со шпанскиот пратеник г.Гутиерез Вегара Антонио

Пратеници од Собранието на Република Македонија остварија средба со г. Гутиерез Вегара Антонио, пратеник од Парламентот на Кралството Шпанија. На средбата присуствуваа и шпански експерти, учесници на Конференцијата „Шпанија - Македонија: компаративен пристап за стратешко партнерство за европска интеграција”.

Во расправата учествуваа Александар Спасеновски, Лилјана Поповска, Васко Шутаров, Панче Дамески и Кристина Рунчева.

Копретседавачот на мешовитиот парламентарен комитет, г.Спасеновски, истакна дека евроинтеграцијата е врвен приоритет на Република Македонија и го потенцираше стремежот за визна либерализација и датум за преговори за членство во Европската унија.

Г. Гутиерез Вегара Антонио изјави дека оваа средба претставува можност да ги запознаат овдешните идеи, придонеси и сомнежи, со цел Република Македонија да ги надмине пречките во процесот кон ЕУ интеграција.

Тој изрази надеж дека Извештајот на Европската комисија за Република Македонија ќе биде позитивен и дека ќе се надминат разликите во спорот со името со Грција. 

Шпанските претставници беа заинтересирани до кој степен е подготвена Република Македонија да направи компромис во врска со прашањето за името, какво е гледиштето на македонскиот парламент за абортусот, за улогата на жената во социјалниот свет и правата на жените, како и за учеството на граѓанскиот сектор во европските прашања.

Општа констатација е дека оваа посета и идното претседавање на Шпанија со Европската унија ќе ги отворат можностите за соработка меѓу Македонија и Шпанија.

Прочитај повеќе

Ирците рекоа „да“ за Лисабонскиот договор...



Понеделник, 5 октомври 2009 година

Ирците рекоа „да“ за Лисабонскиот договор

На вториот референдум за Лисабонскиот договор во Ирска, 67,13% од граѓаните гласаа за негова поддршка, а 32,87% не го поддржаа. Само во две од вкупно 43 изборни места, европскиот реформски договор доби преовладувачко „не“.

Прочитај повеќе

ПСРМ обраќање на Конференција за ОПКАТ...



Петок, 25 септември 2009 година

Претседателот на Собранието Вељаноски се обрати на КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА опционален протокол кон конвенцијата против тортура и востановување на Национален превентивен механизам во република македонија

Сите сме свесни дека процесите на глобализацијата се неминовни и налагаат универзални решенија за многу работи меѓу кои е и превенцијата пред тортурата.  Република Македонија е членка на Обединетите нации, а и како држава  се определивме за евроатлантските интеграции. Затоа мораме од една страна да ги прифатиме тие универзални решенија и стандарди и да работиме на нивно развивање. Само така навистина можеме да бидеме дел од таа глобализација, односно од процесите на интеграција. 

Прочитај повеќе

Пратеникот Александар Спасеновски во Брисел, 1.10.2009...



Четврток, 1 октомври 2009 година

Пратеникот Александар Спасеновски оствари работна посета на Европскиот парламент во Брисел

Ко-претседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија и Европска унија (МПК-Република Македонија и ЕУ), пратеникот г. Александар Спасеновски, кој престојува во работна посета на Брисел, се сретна со дел од своите колеги во Еропскиот парламент и членови на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија и Европската унија, како и со други европратеници

Прочитај повеќе

Г-20 постигна принципиелна согласност за ограничување на бо...



Петок, 25 септември 2009 година, Питсбург

Г-20 постигна принципиелна согласност за ограничување на бонусите во финансиската сфера

На Г-20 Самитот во Питсбург, кој започна вчера со работна вечера, политичките лидери на 19 земји и ЕУ постигнаа принципиелна согласност да се ограничат бонусите во финансиската сфера. Државните и владините раководители од групата препорачуваат овие бонуси да бидат ограничени до определен процент од нето банкарските приходи кога се закануваат на здравата основа на капиталот.

Прочитај повеќе

Остварени средби со повеќе конгресмени 1.10.09...



Четврток, 1 октомври 2009 година

Остварени средби со повеќе конгресмени

Во рамките на студиската посета, од 26 септември до 3 октомври 2009 год., на Американскиот конгрес, на парламентарната делегација на Собранието на Република Македонија во состав: Петар Поп Арсов, Цветанка Иванова, Андреј Петров, Ермира Мехмети и Сафет Незири остварени се средби со конгресмените Дејвид Прајс, Ерл Померол, Лоис Капс, Раш Холт, Чарлс Бустани, Џеф Фортенбери и Џим Макдермор.

Прочитај повеќе

ИКТ, 24.9.2009...



Четврток, 24 септември 2009 година

Новиот модерен информатички систем во парламентот - лидер во регионот

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули особено го нагласи новиот модерен информатички систем во парламентот, кој е лидер во регионот по многу карактеристики и е плод на консензус меѓу сите пратенички групи под цврсти зацртани рамки од страна на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски. 

Прочитај повеќе
1...91011...26                           
Click