Претседателот Вељаноски оствари средба со г. Жељко Комшиќ...



Вторник, 25 октомври 2011 година

Претседателот Вељаноски оствари средба со претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, г. Жељко Комшиќ

На почетокот на средбата, претседателот Вељаноски истакна дека односите меѓу двете земји во последниве години се движат во одлична насока, имајќи ги предвид возвратните посети на сите нивоа. Претседателот Вељаноски потенцираше дека сега е време државите од регионот да гледаат напред и да станат полноправни членки на ЕУ и на НАТО. За жал, Република Македонија од познати причини не е дел од овие институции и покрај реформите, успесите, трите позитивни извештаи од ЕК во шестгодишниот период во кој Република Македонија има статус на кандидат за член во ЕУ. Претседателот Вељаноски истакна дека Република Македонија се радува на успехот на своите соседи на патот кон ЕУ и НАТО, бидејќи зачленувањето на сите земји од регионот во ЕУ ќе биде придобивка и за ЕУ и за сите нејзини членки.

Прочитај повеќе

Јавна расправа на Клуб на пратенички, 25.10.2011...



Вторник, 25 октомври 2011 година

Јавна расправа на тема: Предлог-закон за еднакви можности на жените и мажите

Се спомна дека во член 14 на законот, се спомнуваат само „еднакви можности“, со тоа што се поставува прашањето дали пропустот да се спомнат жените и мажите е случајно направен. Би требало во ниво на закон да се усогласи законот на локално и национално ниво преку разговори со владата и министерство

Прочитај повеќе

Заедничка седница на НСЕИ и Комисијата за европски прашања ...

Четврток, 29 септември 2011 година

Заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија

На седницата на Советот присуствуваа: г. Атила Пинтер, советник и заменик шеф на мисијата на амбасадата на Република Унгарија во Република Македонија, г-ѓа Марина Курте, советник за европски интеграции и правни прашања во Делегацијата на ЕУ во Република Македонија и г. Андреј Калиновски, советник во амбасадата на Република Полска во Република Македонија.

Прочитај повеќе

ПРВА СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ 07.09....

Понеделник, 7 септември 2011 година

ПРВА СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

На првата седница на Националниот совет за евроинтеграции свое обраќање имаше  г-ѓа Теута Арифи, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжена за европски прашања.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод 23 Октомври...



Понеделник, 24 октомври 2011 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба

23 октомври не е само еден обичен ден!
На овој датум, во 1893 година е формирана Организацијата што ќе го промени текот на македонската историја! Денес го прославуваме основањето на славното ВМРО!
Денес се сеќаваме на заложбите на татковците на Организацијата, кои силно верувајќи во достижноста на слободата, решија да ги земат работите во свои раце и преку лична жртва да ја обезбедат македонската независност и достоинство.
Поради тоа, 23 октомври е ден кој заслужува достојно одбележување - ДЕНЕС И ЗАСЕКОГАШ, ОД НАС, НО И ОД СИТЕ ИДНИ ГЕНЕРАЦИИ!

Прочитај повеќе

Десетта седница на Комисија за финансирање и буџет 25,10,11...



Вторник, 25 октомври 2011 година

Десетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Десеттата седница, одржана на 19 октомври 2011 година, како заинтересирано работно тело го разгледа

Прочитај повеќе

Проштална средба на претседателот Вељаноски со г. Алојз Кра...



Петок, 21 октомври 2011 година

Проштална средба на претседателот Вељаноски со амбасадорот на Република Австрија, г. Алојз Краут

Соговорниците се согласија дека односите меѓу двете земји се добри и на билатерален план и во рамките на меѓународните организации. Економската соработка има добра основа, особено поради фактот што една австриска банка е веќе присутна на македонскиот пазар и истата со себе носи импулс за дополнителни инвестиции од австриски компании

Прочитај повеќе

Средба на г-ѓа Светлана Јакимовска, 21.10.2011...



Петок, 21 октомври 2011 година

Средба на г-ѓа Светлана Јакимовска со Н.Е. Јуха Отман

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска денеска оствари протоколарна средба со Н.Е. Јуха Отман, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Финска за Република Македонија, со седиште во Загреб

Прочитај повеќе

Четврта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и ...



Петок, 21 октомври 2011 година

Четврта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на Четвртата седница, одржана на 19 октомври 2011 година, како заинтересирано работно тело го разгледа:

Прочитај повеќе

Парламентите се главни механизми за движење на сите демокра...



Петок, 21 октомври 2011 година

Парламентите се главни механизми за движење на сите демократски процеси

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Сузана Салиу, денеска оствари протоколарна средба со Н.Е. Алијар Лебе Абдул Азеез, вонреден и ополномоштен амбасадор на Демократска Социјалистичка Република Шри Ланка за Република Македонија, со седиште во Виена.

Прочитај повеќе
1...8910...17                  
Click