38. седница на Комисијата за европски прашања 9.5.13...



Четврток, 9 мај 2013 година

Триесет и осма седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на Триесет и осмата седница, одржана денеска, во прво читање, ги разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за надзор на пазарот и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита

Прочитај повеќе

35. седница на Комисијата за труд и социјална политика 9.5....



Четврток, 9 мај 2013 година

Триесет и петта седница на Комисијата за труд и социјална политика

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, на денешната Триесет и петта седница, како матично работно тело, во прво читање, го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита

Прочитај повеќе

25. седница на Комисијата за економски прашања 9.5.13...



Четврток, 9 мај 2013 година

Дваесет и петта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Дваесет и петтата седница, одржана на 7 мај 2013 година, како матично работно тело, ги разгледа:

Прочитај повеќе

29. седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водо...



Четврток, 9 мај 2013 година

Дваесет и деветта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 29. седница, одржана денеска, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумите.

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски во официјална посета на Ирска...



Четврток, 9 мај 2013 година, Даблин

Собраниска делегација, предводена од претседателот Вељаноски, во официјална посета на Ирска

Парламентарната делегација предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во рамките на официјалната дводневна посета на Ирска, која во моментов претседава со Европската унија, покрај средбата со домаќинот, претседавачот на Претставничкиот дом на Ирска г. Шон Берет, оствари средби и со претседателот на Ирска г. Мајкл Д. Хигинс, министерот за европски прашања г-ѓа Лусинда Креитон, со Заедничката комисија за европски прашања и со Ирско-македонската група за пријателство.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со г. Шон Берет...



Среда, 8 мај 2013 година, Даблин, Ирска

Средба на претседателот Вељаноски со претседавачот на Претставничкиот дом на Ирска, г. Шон Берет

На средбата, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го искажа задоволството од гостопримството и средбата која овозможи искрена размена на информации и мислења за европските интеграциони прашања, за билатералните и другите прашања во функција на натамошно унапредување на вкупните пријателски односи меѓу двете земји

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски го прими г. Алдо Бумчи...



Вторник, 30 април 2013 година

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ГО ПРИМИ МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА, Г. АЛДО БУМЧИ

На денешната средба, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, ги истакна пријателските односи меѓу двете држави и заемната поддршка на билатерален и мултилатерален план. Претседателот Вељаноски искажа благодарност за позицијата на Република Албанија во однос на Република Македонија, која е јасна, константна и принципиелна поддршка за зачленување на Република Македонија во НАТО, иако двете држави заедно започнаа да одат кон оваа цел

Прочитај повеќе

Учество на пратениците Бонева и Ѓорчев на Високиот политичк...



Вторник, 30 април 2013 година

Учество на пратениците Бонева и Ѓорчев на Високиот политички форум Кина-Европа

На покана на раководството на Народна Република Кина, делегација предводена од претседателот на Пратеничката група за соработка помеѓу Собранието на Република Македонија и Народна Република Кина, г-ѓа Силвана Бонева, заедно со претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, г. Владимир Ѓорчев, од 22 до 26 април 2013 година, беа во посета на Н.Р. Кина. Пратениците Бонева и Ѓорчев учествуваа на Високиот политички форум Кина-Европа, а исто така, остварија повеќе важни средби со високи функционери, во интерес на продлабочувањето на пријателските односи помеѓу двете земји.

Прочитај повеќе

Исмаили - Црна Гора 29,4,13...



Понеделник, 29 април 2013 година

Одржувањето надзорни расправи - сигурен чекор кон парламентарна демократија

Претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили, даде краток осврт за годишното планирање на надзорни активности, како и надзорните активности во годишните работни планови на комисиите. Тој нагласи дека за да се постигне вистинска парламентарна демократија не е возможно без силен парламент кој во целост би ја остварил својата законодавна и контролна функција над работата на извршната власт. Одржувањето на надзорните расправи во Собранието на Република Македонија е еден, но сигурен чекор во таа насока.

Прочитај повеќе

Германија, 26.4.2013...



Петок, 26 април 2013 година, Гармиш-Партенкирхен, Германија

Учество на делегација на Собранието на семинар за национална безбедносна политика

Пратениците Марија Рашковска, Димитар Стевананџија, Тони Трајановски, Косана Мазнева-Николиќ, Тања Томиќ, Цветанка Иванова, Сафет Бишевац, Сузана Салиу, Вјолца Мехмеди-Нуредини, Марјанчо Николов и Ивон Величковски од 23 до 26 април 2013 година учествуваат на семинар за национално безбедносни политики, кој се одржува во Гармиш-Партенкирхен, Германија

Прочитај повеќе
1...202122...30                               
Click