Триесет и шеста седница на Комисијата за транспорт, врски и...

Петок, 10 јули 2015 година

Триесет и шеста седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 36. седница, како матично работно тело, ја разгледа Листата на итни реформски приоритети за Република Македонија од Европската Комисија како и препораките од групата на високи експерти за системските прашања за владеење на правото кои се однесуваат на следењето на комуникациите објавени пролетта 2015, во делот В. независни регулаторни, контролни и надзорни тела.

Прочитај повеќе

Ѓорчев во ПС на ОБСЕ: Ние не сме ФИРОМ, туку Република Маке...

Четврток, 9 јули 2015 година

Ѓорчев во ПС на ОБСЕ: Ние не сме ФИРОМ, туку Република Македонија!

Со усвојување на „Декларацијата од Хелсинки”, денеска во главниот град на Република Финска, заврши 24. Годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), на која учествуваше Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Владимир Ѓорчев и г. Беким Фазлиу. 

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на 24. Годишна сесија на ОБСЕ...

Среда, 8 јули 2015 година

Собраниска делегација на 24. Годишна сесија на ОБСЕ

На свеченото отворање на Годишната сесија пред пратениците се обратија: Саули Нинисто, претседател на Финска, Тимо Соини, министер за надворешни работи на Финска и Илка Канерва, претседател на ПС на ОБСЕ. Тие се осврнаа на 40-годишнината од потпишувањето на основачкиот документ на ОБСЕ, Хелсинскиот финален акт и значењето на принципите содржани во него, но изразија и загриженост за развојот на настаните во регионот на ОБСЕ и кршењето на овие принципи. 
Прочитај повеќе

Јавна расправа на тема: Новите развојни стратешки цели и ро...

Вторник, 7 јули 2015 година

Јавна расправа на тема: Новите развојни стратешки цели и родовата еднаквост - еднаквите можности на агендата во Република Македонија

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, на 6 јули 2015 година, одржа јавна расправа на тема: Новите развојни стратешки цели и родовата еднаквост - еднаквите можности на агендата во Република Македонија.

Јавната расправа со пригодно обраќање ја отвори претседателката на Комисијата, г-ѓа Даниела Рангелова. 

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски го отвори 54. Балкански фестивал на...

Понеделник, 6 јули 2015 година

Претседателот Вељаноски го отвори 54. Балкански фестивал на народни песни и игри

Оваа наша фолклорна манифестација како најстара на Балканот, многу успешно ги претставува и афирмира културното наследство и достигнувањата на земјите и народите од каде што доаѓаат учесници во изминатите 54 години. Навистина звучи импозантно тоа што на овој фестивал досега учествувале над педесет илјади пејачи, играорци и инстументалисти и тоа од сите континенти.
Прочитај повеќе

Триесет и петта седница на Комисијата за транспорт, врски и...

Петок, 3 јули 2015 година

Триесет и петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 35. седница го разгледа Извештајот на Законодавно-правната комисија по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта (второ читање).

Прочитај повеќе

Триесет и четврта седница на Комисијата за транспорт, врски...

Петок, 3 јули 2015 година

Триесет и четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 34. седница, одржана на 1 јули 2015 година, како матично работно тело ги разгледа:

Прочитај повеќе

Педесет и втора седница на Комисијата за финансирање и буџе...

Четврток, 2 јули 2015 година

Педесет и втора седница на Комисијата за финансирање и буџет 

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Педесет и втората седница, одржана на 30 јуни 2015 година, како матично работно тело ги разгледа:

Прочитај повеќе

Средба на Комисијата за финансирање и буџет со постојаната ...

Четврток, 2 јули 2015 година

Средба на Комисијата за финансирање и буџет со постојаната мисија на ММФ

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија во состав: г. Крсто Мукоски, г-ѓа Владанка Авировиќ и г. Драган Цуклев вчера одржаа состанок со постојаната мисија на Меѓународниот монетарен фонд во Република Македонија во состав: г-ѓа Јасмин Раман, шеф на мисијата, г. Патрик Гитон, резидентен претставник на Меѓународниот монетарен фонд во Рпублика Македонија, г. Марк Гард, член на мисијата, г-ѓа Пијапорн Содривибун, член на мисијата и г. Жерон Клик, претставник на Канцеларијата на холандската конституенца задолжен за Република Македонија.

Прочитај повеќе

Дваесет и осма седница на Комисијата за земјоделство, шумар...

Среда, 1 јули 2015 година

Дваесет и осма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 28. седница, како матично работно тело во второ читање го разгледа:

Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи.

Прочитај повеќе
1...252627...58                                                           
Click