Собраниска делегација на регионална средба за родова еднакв...

Среда, 16 мај 2018 година, Сараево

Собраниска делегација на регионална средба за родова еднаквост и корупција

Делегација на Собранието на Република Македонија, престaвена од пратеничките Ѓулумсер Касапи, Лилјана Кузмановска и Катерина Кузмановска, вчера учествуваше на регионална средба во Сараево, организирана од Мисијата на OБCE во Босна и Херцеговина, во соработка со канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права и ОБСЕ  организацијата за безбедност и соработка во операциите на Европа во регионот , на тема „Родова еднаквост и корупција“. 

Прочитај повеќе

Шеснаесетта седница на Комисијата за европски прашања...

Вторник, 15 мај 2018 година

Шеснаесетта седница на Комисијата за европски прашања

Денеска, во рамките на 16-та седница на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, посветена на тема „Француската перспектива врз иднината на ЕУ", воведни обраќања имаа претседателот на Комисијата г. Артан Груби, амбасадорот на Франција во Македонија, Н.Е. г. Кристиан Тимоние и г. Ив Бертончини, претседател на Европското движење на Франција и потпретседател на меѓународното Европско движење.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на работилница во Љубљана...

Вторник, 15 мај 2018 година

Собраниска делегација на работилница во Љубљана

Во рамките на Проектот за развој на парламентарен и независен надзор на 14-16 мај 2018 година во Љубљана, Словенија, Делегација од Собранието на Република Македонија, претставена од членовите на Комисијата за надзор над работата на управата за безбедност и контраразузнавање и на агенцијата за разузнавање, Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана и Комисијата за одбрана и безбедност, учествува на дводневна работилница на тема „Употреба и злоупотреба на современи технички можности како поддршка на процесот за прибирање на разузнавачки информации“. 

Прочитај повеќе

Културниот туризам предност за Македонија...

Вторник, 15 мај 2018 година

Културниот туризам предност за Македонија

На редовната Пролетна сесија на Парламентарниот комитет на ПД-ЦЕИ, која се одржа во Загреб, Република Хрватска, која воедно е и претседавач со ЦЕИ  оваа 2018 година, учествуваше и делегацијата на ПД-ЦЕИ на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот Фадил Зендели и членот на Делегацијата, пратеничката Мирсада Емини-Асани. 

Прочитај повеќе

Пратеничката Славица Шуманска-Митева воведничар во панелот ...

Понеделник, 14 мај 2018 година

Пратеничката Славица Шуманска-Митева воведничар во панелот за проширување на ЕУ

Во рамките на вториот ден на Конференцијата на тема „Преку идејата за ЕУ до мир и развој“, што се одржа на 11-12 мај во Белград, пратеничката Славица Шуманска-Митева беше воведничар во панелот посветен на „Проширувањето на ЕУ“.

Прочитај повеќе

Излагање на пратеничката Славица Шуманска-Митева за ЕУ како...

Петок, 11 мај 2018 година, Белград

Излагање на пратеничката Славица Шуманска-Митева за ЕУ како мировен проект 

Пратеничката од Собранието  на Република Македонија, г-ѓа Славица Шуманска-Митева, во рамките на дводневната Конференцијата на тема „Преку идејата за ЕУ до мир и развој“, што се одржува денеска во Парламентот на Република Србија, имаше излагање на панелот посветен на „ЕУ како мировен проект“.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Панел-дискусија...

Четврток, 10 мај 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на Панел-дискусијата на тема: Улогата на парламентарниот етичар во спроведувањето и почитувањето на Етичкиот кодекс во Парламентите - пракса од Националното собрание на Француската Република

Дозволете на самиот почеток да изразам задоволство и благодарност до амбасадорот на Република Франција во Македонија, г. Кристијан Тимоние, за досегашната соработка и, пред сè, стручната помош која како Собрание ја добиваме од нашите француски колеги и воопшто Француската држава. 
Прочитај повеќе

Јавна расправа на Комисијата за еднакви можности на жените ...

Среда, 9 мај 2018 година

Јавна расправа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите за Законот за работни односи

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, на денешната Шеста седница,  одржа Јавна расправа на тема: Изменување и дополнување на Законот за работните односи. Јавната расправа се одржа на иницијатива на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.   

Прочитај повеќе

Oсумнаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и ек...

Среда, 9 мај 2018 година

Oсумнаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија на 18. седница, одржана на 4 мај 2018 година, како заинтересирано работно тело, го разгледа Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2018 година, во делот на транспортот, врските и екологијата.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Делегација од Грузиското ...

Вторник, 8 мај 2018 година

Средба на претседателот Џафери со Делегација од Грузискиот парламент

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со Делегација од Парламентот на Грузија, предводена од заменик-претседателката на Парламентот на Грузија, г-ѓа Тамар Чугошвили.

Прочитај повеќе
1...767778...117                                                                                                                      
Click