Средба на координаторите на пратеничките групи со Росана Ду...

Среда, 7 април 2021 година

Средба на координаторите на пратеничките групи со Росана Дуџак

Координаторите на пратеничките групи: Јован Митрески (СДСМ), Никола Мицевски (ВМРО-ДПМНЕ), Арбер Адеми (ДУИ) и заменик-координаторот Сурија Рашиди (Алијанса за Албанците и Алтернатива), денеска, остварија средба со Росана Дуџак, постојана претставничка на Обединети Нации(ОН). 

Прочитај повеќе

Презентација на извештаите за пост-законодавен надзор...

Среда, 7 април 2021 година

Презентација на извештаите за пост-законодавен надзор на мрежата на Комисиите за човекови права и родова еднаквост во Западен Балкан (HUGEN)

Гордана Силјановска Давкова, претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, како и членовите на Комисијата, вчера, учествуваа на регионална онлајн презентација на извештаите за постзаконодавниот надзор (ПЗН). Во координација со парламентарните комисии за човекови права и родова рамноправност на Западниот Балкан, проектот HUGEN, на Фондацијата за демократија на Вестминстер (WFD) работеше во текот на 2020 година на обезбедување доследна имплементација на законите за жени, лица со попреченост и други потенцијално маргинализирани групи. Заедно со истражувачитe, WFD ги презентираше извештаите за ПЗН и разговараше за можните следни чекори во секоја од земјите. 

Прочитај повеќе

Прва надзорна посета на Комисијата за надзор на работењето ...

Понеделник, 5 април 2021

Прва надзорна посета на Комисијата за надзор на работењето на АНБ и АР

Денеска беше остварена првата надзорна посета на Комисијата за надзор на работењето на АНБ и АР во просториите на Агенцијата за национална безбедност.  На почетокот, директорот на АНБ, Виктор Димовски, даде осврт за работењето на Агенцијата, законската поставеност и актуелните состојби на планот на националната безбедност.

Прочитај повеќе

Учество на собраниска делегација во Мисијата на ПС на ОБСЕ ...

Недела, 4 април 2021 година

Учество на собраниска делегација во Мисијата на ПС на ОБСЕ за набљудување на парламентарните избори во Бугарија

Пратениците Игор Јанушев, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), Моника Зајкова и Халил Снопче, членови на Делегацијата, учествуваат во Мисијата на ПС на ОБСЕ за набљудување на парламентарните избори во Република Бугарија, што се одржуваат на 4 април 2021 година.

Прочитај повеќе

Шеста седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и во...

Вторник, 30 март 2021 година

Шеста седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, на денешната 6. седница, како матично работно тело, во прво читање ги разгледа:

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со полковникот Јанкович...

Понеделник, 29 март 2021 година

Средба на претседателот Џафери со полковникот Јанкович

Претседателот Џафери во оваа пригода се заблагодари на досегашниот ангажман на оваа Канцеларија, особено на г. Јанкович како современик на нашата тридецениска НАТО интеграција, со желби за натамошни успеси на личен и професионален план.
Прочитај повеќе

Честитка од претседателот Џафери за една година од нашето п...

Понеделник, 29 март 2021 година

Честитка од претседателот Џафери за една година од нашето полноправното членство во НАТО

Почитувани граѓани,
Дoзволете денес, кога одбележуваме една година од нашето полноправно членство во Северно - атлантската договорна организација - НАТО, да изразам искрени честитки до Вас, до институциите на Република Северна Македонија, до сите минати влади и политички чинители, и секако, до актуелните политички гарнитури, без оглед дали се од власта или опозицијата, бидејќи секој од нив, во својот домен, ја даде својата поддршка и имаше удел во статусот што го имаме и уживаме денес, односно 30-та земја членка на најмоќниот воено-политички сојуз, безбеден чадор и чувар на безбедноста на нашите граѓани и на територијалниот интегритет на Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИ Е ВРВЕН ПРИОРИТЕТ ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈ...

Петок, 26 март 2021 година

ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИ Е ВРВЕН ПРИОРИТЕТ ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА 

18. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Северна Македонија и ЕУ, кој се одржа во виртуелен формат, го отвори ко-претседавачот и европратеник Андреас Шидер, повикувајќи ги земјите членки да го исполнат ветувањето и во најскоро време да биде организирана првата меѓувладина конференција која ќе го означи почетокот на прегoворите за членство.

Прочитај повеќе

Видео-средба на македонско-австриските парламентарни групи ...

Среда, 24 март 2021

Видео-средба на македонско-австриските парламентарни групи за соработка

Претседателот на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Австрија, Арбер Адеми и членовите остварија видео-средба со претседателката на Групата за соработка меѓу Австрија и Северна Македонија во Националниот совет на Република Австрија, Стефани Криспер и членовите.

Прочитај повеќе

ВИРТУЕЛНА СРЕДБА НА МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНЕЧКИТЕ ГРУПИ ЗА ПРИЈАТ...

Вторник, 23 март 2021 година

ВИРТУЕЛНА СРЕДБА НА МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНЕЧКИТЕ ГРУПИ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО И СОРАБОТКА

Главен акцент на дискусијата беше ставен на работата на парламентите во услови на пандемија, работата на комисиите за заштита на човековите права и за словенечките приоритети при преземањето на Претседателството со Советот на ЕУ во јули оваа година. Господин Александар Велјановски ги поздрави одличните односи со Република Словенија и динамичната билатерална соработка без отворени прашања и изрази благодарност за нивната континуирана поддршка на нашите евроатлантски интеграции. 
Прочитај повеќе
1...343536...57                                                          
Click