Средба Радмила Шекеринска - Ричард Ховит, 7.11.2012...



Среда, 7 ноември 2012 година

Средба на пратеникот г-ѓа Радмила Шекеринска и г. Ричард Ховит

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска ќе оствари средба со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, г. Ричард Ховит. Во придружба на г. Ховит ќе биде Роберт Лидел, министер, советник и шеф на политичкиот сектор во Делегацијата на Европската унија во Скопје

Прочитај повеќе

Регионална работилница 29,10,12...



Понеделник, 29 октомври 2012 година

Регионална работилница на Парламентарните комисии за економија и финансии на земјите од Западен Балкан

„Зајакнување на улогата на парламентите и владите во промовирање на компететивноста и економскиот раст во земјите од Западен Балкан“ – беше темата на Регионалната работилница на Парламентарните комисии за економија и финансии на земјите од Западен Балкан, која се одржа од 26 до 28 октомври 2012 година, во Милочер, Република Црна Гора, а во организација на Вестминстер фондацијата за демократија

Прочитај повеќе

Родовата рамноправност е значаен сегмент во процесот на евр...

Петок, 2 ноември 2012 година

Родовата рамноправност е значаен сегмент во процесот на евроинтеграција

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија одржа средба со амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, Н.Е. Аиво Орав.

Амбасадорот Орав беше информиран за активностите на Комисијата, посебно за големиот број јавни расправи на специфични теми поврзани со родовата перспектива.

Истакната беше конструктивноста и инклузивноста во работењето, со вклучување широк круг актери од институциите и невладиниот сектор, со што се влијае за намалување на стереотипите во општеството. 

На средбата беше заклучено дека родовата рамноправност е значаен сегмент во процесот на евроинтеграција на Република Македонија и дека ќе се продолжи соработката помеѓу националните, локалните и меѓународните институции на овој план.

 
Прочитај повеќе

Јавна расправа на тема: „Како до подобар пристап на контрац...



Понеделник, 29 октомври 2012 година

Јавна расправа на тема: „Како до подобар пристап на контрацепцијата во Република Македонија"

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Република Македонија, во соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А., на 26 октомври 2012 година, одржа јавна расправа на тема: „Како до подобар пристап на контрацепцијата во Република Македонија"

Прочитај повеќе

18. седница на Комисијата за економски прашања 29.10.12...



Понеделник, 29 октомври 2012 година

Осумнаесеттата седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на Осумнаесеттата седница одржана на 22 октомври 2012 година како матично работно тело ги разгледа

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски оствари средба со г. Томислав Никол...



Петок, 26 октомври 2012 година

Претседателот Вељаноски оствари средба со претседателот на Република Србија, г. Томислав Николиќ

Оценувајќи ги односите меѓу двете држави како многу добри, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, истакна дека тие се во постојан подем и постои зaемен интерес за нивно развивање и надградување во духот на добрососедски односи на сите нивоа и на сите полиња. Тоа не само што е во интерес на двете држави и на нашите граѓани, туку дава голем придонес во стабилноста на регионот и неговата евроатлантска перспектива

Прочитај повеќе

42. седница на Комисијата за финансирање и буџет 29.10.12...



Понеделник, 29 октомври 2012 година

Четириесет и втора седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и втората седница, одржана на 22 октомври 2012 година, како заинтересирано работно тело ги разгледа

Прочитај повеќе

21. седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водо...



Петок, 26 октомври 2012 година

Дваесет и прва седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 21. Седница, одржана на 16 октомври 2012 година, како заинтересирано работно тело го разгледа Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2012 година

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 22.10.12...



Понеделник, 22 октомври 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Денеска и утре, Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница во Стразбур, за време на која ќе се гласа за предлогот 2013 година да биде прогласена за европска година на граѓаните. По тој повод би се организирале низа настани за едуцирање на јавноста за правата на европските граѓани, посебно оние кои се однесуваат на студирање, работа, отворање сопствен бизнис и сл.

На денешната агенда ќе се најде буџетот за 2013 година и за периодот 2014-2020 година, додека утре ќе стане збор за банкарската унија, плановите на Економската и монетарна унија и за правата на авиопатниците.

Исто така, во текот на утрешниот ден ќе се одржи дебата со претседателите на Европската комисија и Европскиот совет, г. Жозе Мануел Баросо и г. Херман ван Ромпуј, во врска со минатонеделниот самит на Советот.

За време на седницата, европратениците ќе гласаат и за давање финансиска помош од 40 милиони евра во седум земји зафатени од криза, како и за фармацевската трговија меѓу ЕУ и Израел. Меѓу другото, ќе се дебатира и за поморската безбедност и за трговскиот договор меѓу САД и Јапонија.

Европскиот парламент ќе продолжи со работа и на 25 и 26 октомври, кога ќе се разговара за цената на прехранбените производи и фреквенцијата на финансиските пазари. В петок ќе биде прогласен добитникот на наградата „Сахаров“ за слобода на мислата.

Прочитај повеќе

Средба на КМЗМ со Н.Е. Аиво Орав...



Четврток, 1 ноември 2012 година

Средба на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите со Н.Е. Аиво Орав

Тема на разговорот ќе биде „Родовата рамноправност како значаен сегмент во процесот на евроинтеграцијата на Република Македонија“.

Прочитај повеќе
1...678...33                                  
Click