Средба на Комитетот за односи меѓу заедниците со д-р Ласло ...



Четврток, 18 октомври 2012 година

Средба на Комитетот за односи меѓу заедниците со д-р Ласло Ковер, претседател на Парламентот на Унгарија

Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети и членовите: г-ѓа Силвана Бонева, г. Ѓорѓи Коџабашиев, г. Васко Мицевски, г-ѓа Цветанка Иванова, г. Оливер Спасовски, г. Орхан Ибраими, г. Амди Бајрам и г. Сафет Бишевац, вчера, на барање на д-р Ласло Ковер, претседател на Парламентот на Унгарија, одржаа средба во врска со надлежностите на Комитетот и неговата улога во остварување на правата на заедниците во Република Македонија. На средбата присуствуваше и Н.Е. Дарко Ангелов, амбасадор на Република Македонија во Унгарија

Прочитај повеќе

Средба Салиу - Кипар делегација 19,10,12...



Петок, 19 октомври 2012 година

Развојот на демократијата на локално ниво е основа за демократијата на централно ниво за секоја држава

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Сузана Салиу, денеска прими делегација од општината Татлису од Северен Кипар, во чиј состав беа градоначалникот на општината, г. Хајри Орчан и претседателот на Советот, г. Музафер Ајдин.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со г. Ласло Ковер...



Среда, 17 октомври 2012 година

Претседателот Вељаноски оствари средба со претседателот на парламентот на Унгарија, д-р Ласло Ковер

Пред почетокот на официјалните разговори, претседателот на Унгарскиот парламент, д-р Ласло Ковер, придружуван од претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски, положи венец на Споменикот на паднатите херои за Македонија

Прочитај повеќе

Излезе дваесет и петтото Издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ ...

Среда, 17 октомври 2012 година

Излезе дваесет и петтото Издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ

Дваесет и петтото издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската унија (МПК – РМ и ЕУ) ги опфаќа активностите на Собранието на Република Македонија во месецсептември 2012 година. Клучен настан е средбата на евро-комесарот за проширување и политика на соседство, г. Штефан Фуле во Собранието на Република Македонија пред одржувањето на состанокот од Претпристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) во Владата на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Решението за името може да биде услов за влез во ЕУ, но не ...



Среда, 17 октомври 2012 година

Решението за името може да биде услов за влез во ЕУ, но не и предуслов за започнување на преговори

Евроинтегративниот пат на Република Македонија и проблемите со кои се соочува притоа, беа во фокусот на разговорите на средбата меѓу г-ѓа Силвана Бонева, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и д-р Ласло Ковер, претседател на Парламентот на Унгарија

Прочитај повеќе

14. седница на Комисијата за економски прашања 17.10.12...



Среда, 17 октомври 2012 година

Четиринаесетта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на првото, второто, третото и четвртото продолжение на 14. Седница, одржани на 8, 10, 15 и 16 октомври 2012 година, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлогот на закон за туристички развојни

Прочитај повеќе

Јубилејна конференција на парламентарната димензија на ПСЈИ...



Вторник, 16 октомври 2012 година

Јубилејна конференција на парламентарната димензија на ПСЈИЕ

Собранието на Република Македонија, во рамки на парламентарната димензија на Македонското претседателство со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, вчера и денеска (15-16 октомври 2012 година), е домаќин на Меѓународната конференција „15 години од парламентарната димензија на ПСЈИЕ - минатото, сегашноста и европската иднина на Регионот“ и 7. состанок на Работната група за Парламентарната димензија на ПСЈИЕ.

Прочитај повеќе

Хајрула Мисини на Конференција на КОСАК, 16.10.2012...



Вторник, 16 октомври 2012 година, Никозија, Кипар

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини на Конференција на КОСАК

Мисини се осврна на делот од приоритетите, посветен на политиката на проширувањето на Европската унија, која е една од најуспешните политики на Унијата, при што ја потенцира важноста Република Македонија на претстојниот декемвриски самит на Советот на ЕУ да добие датум за отпочнување на преговори за ЕУ членство

Прочитај повеќе

Република Македонија треба да е дел од НАТО, 19.10.2012...



Петок, 19 октомври 2012 година, Велес

Република Македонија треба да е дел од НАТО

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот Влатко Ѓорчев, во соработка со Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (DCAF), со седиште во Женева, одржаа дводневна тркалезна маса, во Велес

Прочитај повеќе

Обраќање на Вељаноски на ПСЈЕИ...



Понеделник, 15 октомври 2012 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на Меѓународната конференција посветена на 15-годишнината на парламентарната димензија на ПСЈИЕ

Од име на Собранието на Република Македонија и од свое име, Ви посакувам добрeдојде, пријатен претстој и успешна и плодна работа. Навистина е големо задоволство да се биде домаќин и организатор на значаен настан, каков што е одбележувањето на годишнината на Првата конференција на претседателите на парламентите на државите-членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, иницирана од Парламентот на Република Грција и одржана во Атина, на денешниот датум пред 15 години

Прочитај повеќе
1...789...33                                  
Click