Самит ЕУ-Кина 14.2.12...



Вторник, 14 февруари 2012 година

Самит ЕУ-Кина

Европската унија и Кина денеска во Пекинг ќе го одржат својот 14. Самит, со цел зајакнување на меѓусебното партнерство

Прочитај повеќе

Самит ЕУ-Индија 10.2.12...

Петок, 10 февруари 2012 година

Самит ЕУ-Индија

Дванаесеттиот самит на Европската унија и Индија ќе се одржи денеска во Њу Делхи, на кој, меѓу останатото, ќе стане збор за глобалното економско управување.

ЕУ ќе ја застапуваат претседателот на Европскиот совет, г. Херман ван Ромпуј и претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, додека индиската страна ќе ја застапува премиерот, д-р Манмохан Синг.

На Самитот ќе се дискутира за економската и енергетската соработка, за интензивирање на соработката во областа на истражувањето и иновациите, како и за борбата против тероризмот и пиратеријата. Ќе се потпише и меморандум за олеснета размена на статистичките податоци и методи.

Челниците, исто така, ќе дебатираат и за случувањата во Авганистан, Пакистан, Северна Африка и Блискиот Исток, како и за иранската нуклеарна програма.
Прочитај повеќе

Поддршка од европратениците за датум за почеток на преговор...



Среда, 25 јануари 2012 година

Поддршка од европратениците за датум за почеток на преговори на Македонија со ЕУ

Да се определи датум за почеток на пристапни преговори со Република Македонија за членство во Европската унија, се бара во Резолуцијата која вчера ја усвои Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. Во неа се нагласува потребата да се продолжи напред со интегрирањето во Европа и усогласувањето со ЕУ законодавството

Прочитај повеќе

Марибор и Гимараеш - европски градови на културата 6.2.12...



Понеделник, 6 февруари 2012 година

Марибор и Гимараеш - европски градови на културата

Словенечкиот град Марибор и португалскиот Гимараеш се избрани за европски градови на културата за 2012 година. Тие ќе бидат домаќини на мноштво културни настани во текот на годинава, како: опера, модерен танц, класична и забавна музика, филм, театар, ликовна уметност, литература и архитектура

Прочитај повеќе

Избрани 14 нови потпретседатели на Европарламентот 18.1.12...



Среда, 18 јануари 2012 година

Избрани 14 нови потпретседатели на Европарламентот

На пленарната седница во Стразбур, во третиот круг од гласањето, европратениците ги избраа 14-те потпретседатели на Европскиот парламент, кои ќе му бидат заменици на новиот претседател, г. Мартин Шулц

Прочитај повеќе

Мартин Шулц – нов претседател на Европарламентот 17.01.12...



Вторник, 17 јануари 2012 година

Мартин Шулц – нов претседател на Европарламентот

Германецот Мартин Шулц е новиот претседател на Европскиот парламент, откако утринава беше изгласан со 387 гласови во првиот круг на гласањето. Наследникот на г. Јержи Бузек ќе се задржи на оваа позиција до јуни 2014 година.

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 16.1.12...



Понеделник, 16 јануари 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент, од 16 до 19 јануари 2012 година, ќе одржи пленарна седница во Стразбур, на која, на дневен ред, меѓу останато, ќе се најде и изборот на нов претседател, 14 потпретседатели и пет квестори.

Прочитај повеќе

Данска го презеде претседателството со ЕУ 4.1.12...



Среда, 4 јануари 2012 година

Данска - нов претседавач со ЕУ

Од почетокот на новата година, Данска ја презеде од Полска улогата на претседавач со Европската унија. Како свои приоритети за наредните шест месеци Данското претседателство ги издвои: економијата, развојот, екологијата и безбедноста, поделени во четири столбови: одговорна, динамична, зелена и безбедна Европа

Прочитај повеќе
1...345      
Click